Tемата отиде у курац како и уште една од овој подфорум али нема везе...
Значи , да ја оставиме историјата настрана, фокусирајте се на денешницата ако е можно...
За Република Српска да се осамостали се водат некои тајни интернет, медиумски акции во кои се пропагира тој дел од Федерацијата (по урнекот на КиМ) да прогласи независност или пак да се припои кон Србија....Сигурно е само дека населението таму сака тоа да се случи па си го поставуваат логичното прашање , Зашто ако некој таму доле може, ние па да не можеме ??? И тука како по обичај одговор имаат надлежните и дежурни еуро-синоптичари со нивните више излапели објаснувања...Више преку глава ми е од Мирослав Лајчак и неговите изјави како и зашто тоа не доаѓа во предвид...Сите се плашат од цртање нови граници на Балканот, не знам само зашто ?
Од друга страна географската положба и територијалниот изглед на Република Српска...Што би се рекло доста е кабаст,нерамномерен, и неприроден за оцртување на граници што може и е проблем со кој се уште се соочуваат...
Политичката состојба е таква што Додик е на власт, прикриен националист според мене, кој сепак има добри врски и со двете главни партии во Србија што од друга страна е и чудно, но сепак е квалитет на неговите политички игри...Ужива поддршка од тамошното население и добро се држи на секое поле...Во рамките на Федерацијата нив не ги фермаат баш претерано...Бошњаците и Хрватите демек се сакаат многу па на некој начин здружено настапуваат против Србите...Тоа е уште една неприродност на целиот тој склоп наречен БиХ...
Тешко дека у блиска иднина ќе се случи Република Српска да се припои кон Србија, исто онака тешко како што у блиска иднина КиМ ќе биде признаено од Обединетите Нации...Некој пред 20 години ја започна играта на етнички чисти држави а сега се плаши да ја заврши...Балканот отсекогаш бил спој на различни култури,религии,обичаи и народот живеел заеднички а сеа тука од ЕУ сакаат балканците да се понашаат како скандинавци...
Епа тоа браќа, не иде така...