Па овде станува збор за социјалното време и нашето гледање од филозовска гледна точка.
bucio - ти темата си ја отвори во подфорум филозофија и твоите пишувања си се ок, односно се ОН ТОПИК. А кој како и дали ги разбира е друго прашање.
Јас повеќе се обраќав кон тие што времето го поистоветиа со предмет и не им се допаѓало (не го сакале) па се јавија некои што со примена на ФИЗИЧКА сила (бокс

) го докажуваа ФИЗИЧКОТО време. :smir:
Сеа малку ОН ТОПИК.
Во физикаta нели брзината е изминат пат во единица време [ V=s/t] математички следи [t=s/V ]
Е сега ако s (патот) го замениме со [O] (обврска, работа, задолжение...) а [Vо] ни претставува брзината со која ги извршуваме (обврските, задачите...) можеме да ја напишеме следнава формула за социјалното време [Ts] [Ts = O/Vo]
Во нормални услови обврските би биле мали а брзината наша соодветна и за нас времето тече нормално.
Но денес за да обезбедиме се што ни е потребно за така да кажам нормално функционираме ние сами (односно поради современиот начин на живот) си намтнуваме се повеќе оврски [ O1, O2, O3 ...]
Ts = (O1 + O2 + O3 ...)/Vo (времево расте) и затоа ни се јавува потреба од повеќе време. Па за некои малку се и 24 часа за постигнат се што си рекле дека мора да направат во денот.
За да постигнеме се ние си кратиме од времето предвидено за релаксација и уживање (па дури и за спиење) и стално сме во “трка“ со времето кое што лета. Дур се свртиш ти пролетале десет години од животот.
Е сега има луѓе кои што немаат никакви обврски и единствено што треба да направат е да се најадат и да се наспијат. Откако ќе се најаде (набрзинка) му останува многу неисполнето време и за него ден=година, умира од досада.
Ако некој ги избалансира овие две крајности можеме да кажаме дека тој е среќен човек и животот му тече со “нормално“ време.
ПС. Ова е само мое филозофирање на тема, не е закон од физика. :smir: