Да, ама овдека збориме за што би било доколку стварно е така. Дека стварно времето е константна вредност најверојатно најдобро претставена со бројот еден, а она што ние го мериме не е време, туку само промената на работите. Викаш дека е прифатлива и логичка дефиниција доколку корените се точни. Јас викам дека се грешни корените, со што, логички, и прифатливата дефиниција е грешна. Мислам дека бев доволно јасен со неколкуте примери што ги кажав, дополнително напоменав и дека е теориски недокажана и постои како таква само како идеја пошто многу често се губиме во него (Зборам за луѓе кои го набљудуваат објективно, не за оние кои живеат рутински во него). И за крај едно прашање до тебе:
Објективно гледано, што е времето? Не по дефиниција, објективно објаснување дај ми. Мене искрено многу ми се допадна како го кажа типот што ја отворил темава... Тоа со годината и патот на земјата околу сонцето.