Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Комунизам немаше никад..они самите се викаа Социјалистички земји: СФРЈ,СССР...
имаше Социјализам или реален социјализам, но човекот не може да се смени, а тоа е грешка од Хегел која ја усвоил Маркс дека човекот се менува кон подобро, а уствари не се менува, секогаш во секоја генерација повеќето луѓе се лоши (зли, егоисти, морално покварени и интелектуално тупи...), така да она Светот ТРЕБА да се смени е ок како став, само не може да се смени на подобро тоа е факат!
 
Малку офтопик.

Не се сложувам со затемнетиот дел. Човекот има тенденција да се однесува како разгалено детиште се додека некој не го удри силно по глава. Кога се случуваат земјотреси, поплави наеднаш сите луѓе стануваат комунистички настроени и не гледаат да му помогнат само на оној кој е богат.

Човекот во себе ја носи добрината како основа, а не злото. Општеството и преголемата удобност го натерала да биде тоа што е, кога нешто доволно силно би го испровоцирало да се врати на основата тој би го имплементирал комунизмот многу лесно.
Затоа сите религии имаат свој армагедон по кој се претпоставува дека ќе преживеат само оние кои се благословени.

Всушност, доколку би се случило такво нешто, би било работа на случајност кој ќе преживее, а оние кои ќе успеат, сите ќе бидат благословени бидејќи преживеале а по таков удар од виша сила, никој не трча на берза да види дали акциите скокнале. Неа берза, нема фирми, сирова егзистенција која нема да успее без меѓусебна помош. Вистинска благосостојба.
Затоа сите со душа ја чекаат 2012.
 
bez silen kapitalizam nema komunizam...a vo sekoj slucaj bi go odbrala komunizmot...ako moze da se odbira.
 
Капитализмот,кога се ќе се собери и одземе е болест...баг во софтверот...слепо црево во еволуцијата...
Комунизмот исто...

Со нивните прави имиња - Фашизам (лајт) и Бољшевизам...
 
Моја теорија е дека поверојатно е да се воспостави Анархо-Социјализам одколку Комунизам, бидејќи тој Комунизам што "постоеше" е воена хунта.
Пак ќе кажам Капитализмот е мртов!
 
Кога се случуваат земјотреси, поплави наеднаш сите луѓе стануваат комунистички настроени и не гледаат да му помогнат само на оној кој е богат.

Човекот во себе ја носи добрината како основа, а не злото.
Природните непогоди немаат никаква врска со комунизам. Кога комшијата изнесува мебел од дома и јас му помогнам, не значи дека сум комунист.
Можеме да збориме и за војни, каде се пљачка, враќаат стари долгови и се продава комшијата за 5 пари. Поентата ми е дека човекот во основа е и лош и добар ама има луѓе што се подобри(не значи дека нема да направат лоша работа) и има луѓе што се лоши(ама не значи дека нема да направат добра работа).
Општеството и преголемата удобност го натерала да биде тоа што е, кога нешто доволно силно би го испровоцирало да се врати на основата тој би го имплементирал комунизмот многу лесно.
Сакаш да кажеш сите ќе бидеме добри и ќе има комунизам ако се вратиме со илјадници години наназад во племенска заедница со ловци-собирачи систем ?
 
Природните непогоди немаат никаква врска со комунизам. Кога комшијата изнесува мебел од дома и јас му помогнам, не значи дека сум комунист.
Можеме да збориме и за војни, каде се пљачка, враќаат стари долгови и се продава комшијата за 5 пари. Поентата ми е дека човекот во основа е и лош и добар ама има луѓе што се подобри(не значи дека нема да направат лоша работа) и има луѓе што се лоши(ама не значи дека нема да направат добра работа).

Сакаш да кажеш сите ќе бидеме добри и ќе има комунизам ако се вратиме со илјадници години наназад во племенска заедница со ловци-собирачи систем?

Таман работа природните непогоди да имаат врска со комунизам. Природните непогоди го вадат вистинскиот лик на човекот кој е сочуствителен и пријателски настроен без разлика на боја, висина или изглед, што е практично основа на комунизмот - Братство и Единство.

Сакам да кажам дека првобитното општество е многу поблизу до концептот на комунизмот како општествено уредување отколку до ова нашево. Секако дека племенската заедница не е комунизам, но тешкиот живот ги терал луѓето заеднички да работат за општо, заедничко добро.
 
Социјализмот и нацизмот по мое мислење имаат многу заеднички работи. И во нацистичка Германија може да се каже дека важело братство и единство(сите се еднакви и сите Германци се браќа од ариевска раса) а ако не си Германец тешко тебе. И во социјализмот со диктатурата на прилетеријатот биле убивани богаташи, благородници, попови, не-комунисти. Пак, ако не си комунист(социјалист) тешко тебе. А социјализмот е стадиум што води кон комунизам. Барем во теорија.

Тешкиот живот некои луѓе ги натерал да крадат, лажат, убиваат, манипулираат... секој за што го бива :P
 
Немој вакви детски постови, знам дека си капацитет за повеќе. Некогашните социјалисти се стремеле кон еднаквост во секој поглед. Исто така сметале дека нивниот начин на размислување е исправен. Како што мислам и јас, како што мислат сите припадници на едно размислување, како во политиката така и во уметноста и секаде каде можеш да заземеш став. Но, ниту еден комунист по убедување нема за друг да каже дека треба да биде убиен, а она кое ти ми го посочуваш како пример е повторно дел од она уредување кое не беше комунизам, туку беше нешто со кое народот многу умешно беше излажан, и секој непријател на тоа уредување беше погубен.

Вториот цитат, тешкиот живот не треба да те натера да крадеш, треба да те натера да работиш повредно. А во евентуалното комунистичко уредување не треба да има тежок живот, треба да има максимално залагање од твоја страна, бидејќи ти сметаш дека со тоа придонесуваш за свој и за развој на заедницата.
 
Од сметам до е има голема разлика.
Од кај знаеш па што ќе каже еден комунист ? Тито, Сталин, Ленин, Мао Це Тунг...сите убивале. Комунизам немало никаде на планетава, а тоа тие земји што биле водени од "комунисти" немали ништо заедничко со изворниот марксистички комунизам, туку биле обични диктатури во кои случајно исчезнувале луѓе, се искривувале статистики, на сила биле одземани имоти и биле раселувани луѓе, лошите работи биле прикривани, мафиите шверцувале во соработка со власта. Во кратки црти идентично со нацистичка Германија и фашистичка Италија само со друга политичка програма. Иронично, најубаво за живеење било во СФРЈ која била сметана за предавник на социјализмот и комунизмот затоа што добивала кредити од Америка, клетиот капиталист. А другите што биле под Москва им се ебало мамата.

Види, за да збориме за комунизам треба да го земем во предвид Маркс. А јас или ти да анализираме генијалец ко Маркс е во најмала рака смешно.
Иако бил генијалец Маркс згрешил у доста работи. Неговата теорија е дека социјализмот(комунизмот) требал да земе најголема замав во најразвиените земји како Германија, Франција, Америка... ама обратно испадна. Комунизмот(социјализмот) успеа во најзатуцаните можни краеви од планетата како Русија, Виетнам, Кина, Македонија :pos:

Човечкиот фактор е многу нестабилен. Максимално залагање за развој на заедницата. Секогаш ќе има луѓе што кур ги боли за заедницата. Работи колку можеш, земај колку ти треба. Тоа ниту имало, а најверојатно нема ни да има. Секогаш ќе постојат мрзливи луѓе, криминалци, забушанти :pos: Комунизмот нема да се оствари во догледно време. Јас викам никогаш.

Едит: Да не испадне дека сум контрадикторен, не го анализирам Маркс само се курчам со нешто што сум го прочитал ко валидна критика :)
 
Види, во Социјализмот имаше многу повеќе погодности, поединецот не беше препуштен сам на себе, имаше добар стандард за тоа време, сите денес кои се нешто кај нас и кои стекнале углед стекнале поради среќните околности од тоа време. сега е ептен гадно особено за нас кои растевме во Социјализмот, не учеа да завршиме факултети и сега од толку кадар нема више работа според струка, а тешко е човек на 40 години да се мења. Најстрашно е што уште се оди со таа демагогија да се учи школо, кога нема потреба на нашиот пазар на трудот.
Грешката е во државата која создава кадри за кои нема работа според тој кадар, него обичен таксист или пекар неговата услуга повеќе се бара, него да си професор по филозофија на пример.
За нас ќе бееше подобро да останевме СФРЈ но ете Словенија и Хрватска немаа интерес од тоа и за да не останеме дел од србија моравме и ние да се отцепиме и сега ни се еба мамето, нашите сопствени лидери извршија приватизација, ја приватизираа општествената сопственост и сега се многу способни. Способност е синоним за крадење!
 
Кога кучето ќе се научи пред месарата да чека тоа е многу заебано, така некои наши сограѓани беа научени на крадење и затоа до крај седеа во државните фирми како кучиња пред месара надевајќи се дека тоа што било ќе се врати ама јас не сум видел некоја река да тече назад...
Сигурен си дека нашава река не тече наназад?
А проблемот со висењето пред месарниците е се уште во мода....главен тренд е, за жал и меѓу помладите.
 
Од сметам до е има голема разлика.
Од кај знаеш па што ќе каже еден комунист ? Тито, Сталин, Ленин, Мао Це Тунг...сите убивале. Комунизам немало никаде на планетава, а тоа тие земји што биле водени од "комунисти" немали ништо заедничко со изворниот марксистички комунизам, туку биле обични диктатури во кои случајно исчезнувале луѓе, се искривувале статистики, на сила биле одземани имоти и биле раселувани луѓе, лошите работи биле прикривани, мафиите шверцувале во соработка со власта. Во кратки црти идентично со нацистичка Германија и фашистичка Италија само со друга политичка програма. Иронично, најубаво за живеење било во СФРЈ која била сметана за предавник на социјализмот и комунизмот затоа што добивала кредити од Америка, клетиот капиталист. А другите што биле под Москва им се ебало мамата.

Види, за да збориме за комунизам треба да го земем во предвид Маркс. А јас или ти да анализираме генијалец ко Маркс е во најмала рака смешно.
Иако бил генијалец Маркс згрешил у доста работи. Неговата теорија е дека социјализмот(комунизмот) требал да земе најголема замав во најразвиените земји како Германија, Франција, Америка... ама обратно испадна. Комунизмот(социјализмот) успеа во најзатуцаните можни краеви од планетата како Русија, Виетнам, Кина, Македонија :pos:

Човечкиот фактор е многу нестабилен. Максимално залагање за развој на заедницата. Секогаш ќе има луѓе што кур ги боли за заедницата. Работи колку можеш, земај колку ти треба. Тоа ниту имало, а најверојатно нема ни да има. Секогаш ќе постојат мрзливи луѓе, криминалци, забушанти :pos: Комунизмот нема да се оствари во догледно време. Јас викам никогаш.

Едит: Да не испадне дека сум контрадикторен, не го анализирам Маркс само се курчам со нешто што сум го прочитал ко валидна критика :)

Првиот цитат е муабет кој веќе е правен на оваа тема само една страна наназад. Комунизмот никогаш не го видовме на дело.
Се` што јас пишувам и го мислам е став за идеологиите комунизам vs капитализам.

Всушност моменталните уредувања ширум Европа со економската криза во голема мера почнаа да наликуваат на чист комунизам. Државата им помага на претпријатијата да излезат од кризата, замисли, истите оние кои никогаш не би дале пари за некој свој вработен да прави операција на срце. Нордиските земји, Канада, имаат здравствен систем ископиран од оној во СФРЈ, земја кандидат за комунистичко уредување.
Комунизмот ни е неизбежен, прашање на време е само.
 
ПВсушност моменталните уредувања ширум Европа со економската криза во голема мера почнаа да наликуваат на чист комунизам. Државата им помага на претпријатијата да излезат од кризата, замисли, истите оние кои никогаш не би дале пари за некој свој вработен да прави операција на срце. Нордиските земји, Канада, имаат здравствен систем ископиран од оној во СФРЈ, земја кандидат за комунистичко уредување.
Комунизмот ни е неизбежен, прашање на време е само.
Па не баш. Обама го прави тоа а тој е далеку од комунист. Меркел е тотално спротивно од комунист. Исто и случајот е во Франција. Тоа што го прават капиталистичките земји е државен интервенционизам и го прават тоа не заради идеолошки побуди, туку за да не им се распадне земјата.

Канада не знам , а Скандинавските земји ти се добар пример само што тие не се социјалистички ниту комунистички, туку социјал-демократски. Ниту бидна пролетерска револуција нит бутур таму ама се движат кон социјализам. Што ќе се случи ќе видиме.

Хахах со ова последново ме изнасмеа. Ко пропаганден материјал од земјите на Варшавскиот пакт кога повторуваа "Секој момент се очекува да пропадне клетиот капитализам" Ги видовме резултатите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom