Комуникативни или повлечени?

Јас во суштина сум многу комуникативна, кога ќе ја надминам првата бариера на срамежливост. :) Сериозно, срамежлива сум, ама тоа некако знам и да го поттиснам и да не влијае врз мојата комуникативност. Не знам, зависи, во некои случаи уста не отворам, премногу се стегам и цела се блокирам, па единствено нешто што ќе ми излезе од уста е глупост некоја, а некогаш треба да ми стаиш фластер на уста за да заќутам. Некогаш од прва сум стварно опуштена со луѓето, некогаш навистина ми треба време да се опуштам. Зависи од денот, месецот, периодот. Значи срамежлива сум, ама и комуникативна. Можеби во некои случаи нема јас да преземам иницијатива за започнување муабет, ама ако мене ми почнат муабет си правам муабет најнормално. :)
 
Повлечен и молчалив. Понекогаш и во екстреми.
 
Зависи до човекот со кого комуницирам :) Ако ми се допаѓа, па и не баш лесно се впуштам во разговор. Односно разговарам, но темите за разговор ми се испреплеткуваат во глава и не знам што попрво да прашам/кажам. Или пак ако е досаден, или можеби сум нерасположена што ретко се случува, тешко ми оди муабетот.
Но, општо гледано не `мелам` премногу, но знам да си направам убав муабет. Секако е подобро кога повеќе знаеш за соговорникот, па се опушташ :)
 
Првите 5-10 минути сум не толку комуникативен, колку да проценам другиот каков е. Ако видам дека е он комуникативен трга разговорот како да сме се знаеле со години наназад. А ако е он молчалив пробувам со зезање ово оно да го расположа, е сеа ако не бива таа е шо да се прави.
А фала богу сакам кога ме опкружуваат комуникативни луѓе:)
 
Дали во реалниот живот, надвор од форумов, сте комуникативни?Влегувате ли лесно во конверзација, сакате ли да "мелете"?Се впуштате ли лесно во разговор со луѓе кои штотуку сте ги запознале или па спротивно:се срамите, молчите, повлечени сте, тешко се опуштате пред луѓе кои не ги познавате многу или штотуку сте ги запознале, не сакате многу да зборувате?
Какви луѓе повеќе сакате да ве опкружуваат-комуникативни или повлечени?
Имав период во животот кадешто бев ултра срамежлив. Тоа беше до негде прва втора средно. Бев срамежлив и према цури и шмекот беше нешто неостварливо за мене :)
Но и ултра се отстрамив. Комуникативен сум да. Лесно се спријателувам. Муабетчија сум со скоро секој. Така да немам проблем со тоа. Инаку...ја како комуникативен не би ми пашал да седам на кафе со повчелена личност. Мрзам да вадам зборови од луѓето со клешта. Така да комуникативни за друштво обавезно!...
потенцирам...иако знам како е да се биде срамежлив и повлечен. Ама таа карактеристика одамна е отфрлена во мојот живот :)
 
И сега сум срамежлива, не викам не, ама ако се земе во предвид колку се срамев да зборам порано, сега е супер. И зависи до соговорникот, со некој ми иде муабетот, со некој не. Гледам да се адаптирам колку што е можно подобро во средината, и друштвото ми влијаеше врз тоа да станам покомуникативна. Додека со оние со кои сум секој ден заедно и со кои се знам многу долго, плус ако ми е погоден денот, уста не затворам од зборење... :)
 
Комуникативна. Уште од мала не бев воопшто срамежлива и се чудев на некои деца-тивки, мирни, повлечени.. Јас отсекогаш бев палава :icon_bigg и отворена (:
 
Во никој случај не можам да се класифицирам во комуникативни. При секое ново познанство со секој нов чоек шо се запознавам, обично на почетокот ќутам и немтурам, не знам шо тема да отворам за муабет итн.
А ако се зближам со некој , пак колку толку поарен сум , поотворен сум, појќе тресам глупости, али сепак, соговорникот пак појќе ќе збора
 
Комуникативна сум и отворена личност ..лесно стапувам ви конверзација на пример да побарам весник и да кажам фала нема шанси одма се распитувам шо има интересно пишува ли за ова за она после почнам да си брборам нешто и лесно го зазборувам човек ..понекогаш и грешка ме сваќаат ..you know what I mean (: ..а овде многу не комуницирам пошо ме мрзи да куцам највише затоа ..инаку јас секогаш имам нешто да кажам:smir:
 
комуникативен сум, неам мака. можеби и премногу комуникативен :kesa:
 
Комуникативна сум и не ми е проблем да сврзам муабет со некој кој штотуку го запознавам (тема на муабет може да биде и убавото или лошо време :) ), а не па со оние кои ги знам.За комуникација секогаш се наоѓа тема.Многу пати знам сама на себе пред друштво да си забележам дека многу "мелам" :icon_redf ама тоа е.Затоа кога ќе си отидат дома после мојата "сеанса" сигурно не им се праи муабет :pos: Инаку сакам да ме опкружуваат комуникативни луѓе, а на оние кои се повлечени се трудам да им направам некој општ муабет за да не би се чувствувале запоставени и да се опуштат малку.:jajce:
 
На почеток сум повлечен, убаво ги анализирам работите и на крај давам заклучок дали вреди да се биде отворен или не со личноста со која сум комуницирал на некоја средба.Зошто не вреди да бидеш отворен со секој, и комуникативен со секој многу има од оние луѓе кои и не ти мислат добро.Сега се случувале киксови ама ок, луѓе сме сите грешиме, ќе се изгориш еднаш и веќе нема да се изгориш.
:)
 
Зависи со кого.Инаку комуникативна ..бар сега.Имаше период од животот(како што забележав и ај повеќето, период во пубертет) кога бев екстремно срамежлива ама во крајност.Сега за среќа на сум веќе таква.
Секогаш расположена за муабет, а посебно со познати ај пробај да ме сопреш, а со некои непознати ...па ми треба време додека ја вклучам мелницата да меле и се опуштам.Но во секој случај далеку од срамежлива :pipi:
 
Дали во реалниот живот сте комуникативни? Сум многу комуникативна, но после еден инцидент во кој мојата пријателка ја изневери мојата интима и доверба ... ќе внимавам на кого што и колку кажувам

Влегувате ли лесно во конверзација, сакате ли да "мелете"? Мелам, мелам, нон-стоп ама ми викаат интересна сум била

Се впуштате ли лесно во разговор со луѓе кои штотуку сте ги запознале или па спротивно:се срамите, молчите, повлечени сте, тешко се опуштате пред луѓе кои не ги познавате многу или штотуку сте ги запознале, не сакате многу да зборувате? Доколку некој ми е интересен немам проблем да правам муабет со него на секоја тема. Еве вчера се запознав со еден дечко кој ми даде таков комплимент ... демек оставам простор човек лесно да се опушти во мое присуство и да си каже што му е на душа

Какви луѓе повеќе сакате да ве опкружуваат-комуникативни или повлечени? Несакам самобендисани сезнајковци кои сакаат да се истакнат - со такви не би можела да се дружам. Истовремено несакам повлечени и ќутливи луѓе - тие ми се досадни.

Action baby тоа ми треба

:back:

Повлечен и молчалив. Понекогаш и во екстреми.
По форумов не личиш на таков - сигурен си?
 
зависи.
иако сум срамежлива по пририда ако ми е ок личноста која ја запознавам си зборам онака сега не кој знае колку ама пак не ќутам цело време - иако ми се случува со личности кои ги знам, а немам муабет ( слични интереси ) , пак да си ќутам и тоа.
се на се некоја средина сум ама повеке накај повлечена :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom