Комерцијалист - што се обврските и што всушност претставува еден комерцијалист?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.845
Поени од реакции
1.638
Добив понуда од една фирма да работам како комерцијалист. Не добив соодветно објаснување што всушност претставува работата, па доколку некој е повеке запознат со работата би го замолил за кратко објаснување.

Или што всушност би било работа во "оперативниот сектор".

Фирмата се бави со набавка и испорака на колонијална стока.

Благодарам однапред
 
да ја продаваш колонијалната стока
 
Ќе работиш се, претпоставувам за приватњак се работи. Под комерцијалист се подразбира, да бараш клиенти, да трчаш, да продаваш, да носиш нови и да ги задржиш постоечките, да не се жалиш дека ти е мала платата, да очекуваш покачување од максимум 20 евра после одлично завршена работа и намалување после секоја наредна згрешена ситница, да им одиш по газот на тие над тебе, да немаше определено работно време, да добиеш службен мобилен и низ нос да ти го извадат со тоа што ќе мораш да им бидеш достапен во секое време, да трчаш кога некој друг нема да може. Задоволен? :)
 
Добил понуда да работи како комерцијалист а поима нема шо е комерцијалист ... хмм ... :)
 
комерцијалист за продажба или по наши кажано обичен продавач.
али во сушата и градот помага така да ако не си моментално никаде, прифати.
ке добиеш уште една животна школа, ке го прошириш кругот на познанства. од каде знаеш кај ти е среќата.
 
За затвор лежење те бараат, и ги исполнуваш условите со тоа што не знаеш што е комерцијалист :icon_lol:.
 
Па имам некоја груба претстава што би било, претпоставувам обиколување на градовите низ Македонија со службеното возило и продавање стока, но секогаш е подруго кога некој што искусил ке ти даде некоја претстава.
 
Зависти каква е компанијата и кои услови ти ги бараат. Твојот случај ме асоцира на ''комерциалист''- дистрибутер на прозиводите со средна плата и некој минимален процент доколку ја зголемиш продажбата. Најдобрите комерцијалисти во светот имаат своја канцеларија, нов службен автомобил секоја година, телефон со неограничен разговор,лична секретарка, компјутер (кој и ти задолжително ке го имаш)- Но за да го постигнеш тоа треба да се покажиш во мала фирмичка па да се искачиш до некои врвни позиции и од тука да те превземат во некоја друга голема каде сами ќе те побараат и ќе ти понудат дупло поголема плата од моменталната само да работиш за нив.
Основни критериуми што треба да ги исполнуваш се :
-Да си добар лажго-преговарач.
-Полн со позитивна енергија.
-Убедлив на прв поглед.
-Секогаш добро облечен.
-Да ги преувеличуваш ситниците на прозиводот како да тие се најбитни.
-Измислиш твоја тактика за продажба( за секој муштерија посебно), и ред други поврзани со горенаведениве.

Маркетингот и рекламата зависат од самата компанија колку е расположен газдата да финансира во тоа, и доколку производите се шитовина и скапи, тешко е да се убеде овој народ да ги користи(не сме американци).
Оваа позиција е многу битна во секоја компанија, продажбата зависи од тебе а менаџирањето е тешко и напорно. Мора да ги замолуваш да ти ги префрлат парите од издадените фактури на сите клиенти(македонска работа), кои непрекинато ќе те контактираат за секоја рекламација во врска со прозиводите. Обврските спрема купувачите и твојот управител секогаш ќе се зголемуваат(пирамидално секој ден се повеќе), но за возврат ќе бараш покачување на платата.
Голем предизвик е оваа функција.

Ти посакувам успех во работата.
 
Продаваш на големо иако може се работи за три конзерви или некоја кеса прашак за перење. Да имаш совршено добра меморија, добро организиран телефонски именик, достапност од 00.00 до 24.00, јбг македонска работа е ова џабе ќе објаснуваш дека уредот за порачка може да се користи само во работно време некој ќе ти рече а бе дај ми сега а утре прати ја ти порачката... И да, внимавај ама навистина внимавај каде даваш на фактура, знам бивш реонски комерцијалист кој заради зафрканата доверба од стрна ана негов купувач кој не платил фактури од +2000Е чоеков си ги плаќаше од свој џеб кон фирмата во која работи со напомена да си го тужи приватно неплаќачот а со самата продажба на одложено плаќање комерцијалистот по договор се јавува како непотпишан жирант на купувачот. Сума сумарум ако имаш многу муштерии и огромни бруто приливи добиваш само фала а ако некој зезни работ и не плати според договор даваш од џеб...
 
Искрено ви благодарам на сите за вашите мислења.

Целата работа е тоа што му се допаднав на газдата на фирмава, па ми даде неколку дена да сум одлучел дали сакам да работам како комерцијалист или во "оперативниот сектор". Добив сугестија да се информирам што претставуваат двете работи и да одберам на некој начин.

Благодарение на вашите мислења сосема добра слика добив околу тоа што е комерцијалист - е сега ми останува да разберам што би било "работа во оперативен сектор" (некаква канцелариска работа) , па отворив и друга тема за тоа:

http://forum.kajgana.com/threads/Канцелариска-работа-во-оперативен-сектор-во-фирма-што-претставува.58051/

Доколку имате некаква претстава што би претставувала таа работа би ми било од голема корист да го чуам вашето мислење.

Поздрав
 
За разлика од оперативец кој се учи, комерцијалистот се „РАЃА“. Е за ова ти треба талент, најтешко е да работиш со луѓе. Претставителен, комуникативен, убедителен, цврст став и харизма, искуство пред се, подготвен за компромиси. Комерцијата се работи во кафана. Но за да стасаш до кафана, треба да поминеш низ сито и решето за да го научиш занаетот. Најтешко е да продаваш роба која на никој не му треба или услуги кој не се потребни. Конкретно колонијалната стока има голема конкуренција и ако не си застапник на стока која редовно се користи и сами те бараат, тогаш ќе си плачеш некаде во некое ќоше :)
Иди оперативец, ќе немаш главоболки.
 
Добар комерцијалист злато вреди. Инаку е и најплатена работа во дистрибутивен процес.
 
Добар комерцијалист злато вреди. Инаку е и најплатена работа во дистрибутивен процес.

Лесно е да си комерцијалист во Алкалоид, тешко е во некоја новокомпонирана фирма која пласира производ. Е таму да направиш пари си станал комерцијалист :)
 
Брат не треба воопшто да се плашиш.Ако е фирмата добра т.е има пласман и имаш барем среднопознавање од економијата 90% би требало да си успешен.Сепак јасно е едно.А тоа е Мораш во фирмата да донесеш капитал или да договориш луѓе поголеми од твојата плата.Или со еден збор:Tреба да си ја заработиш платата,но да има и за фирмата,како и за газдата
 
Добил понуда да работи како комерцијалист а поима нема шо е комерцијалист ... хмм ... :)
Можеби има појма ама сака да дознае повеќе детали околу секојдневните работни обврски, претпоставувам се работи за млад човек скоро дипломиран со нула часови пракса што е голема грешка на нашиот високо образовен систем (ако воопшто и може да го наречеме систем пошто во голем број случаи се работи за штанцање кадри со дипломи кои потоа немаат појма како и што се работи)
Автоматски споено мислење:

Добар комерцијалист злато вреди. Инаку е и најплатена работа во дистрибутивен процес.
Продаваш на големо иако може се работи за три конзерви или некоја кеса прашак за перење. Да имаш совршено добра меморија, добро организиран телефонски именик, достапност од 00.00 до 24.00, јбг македонска работа е ова џабе ќе објаснуваш дека уредот за порачка може да се користи само во работно време некој ќе ти рече а бе дај ми сега а утре прати ја ти порачката... И да, внимавај ама навистина внимавај каде даваш на фактура, знам бивш реонски комерцијалист кој заради зафрканата доверба од стрна ана негов купувач кој не платил фактури од +2000Е чоеков си ги плаќаше од свој џеб кон фирмата во која работи со напомена да си го тужи приватно неплаќачот а со самата продажба на одложено плаќање комерцијалистот по договор се јавува како непотпишан жирант на купувачот. Сума сумарум ако имаш многу муштерии и огромни бруто приливи добиваш само фала а ако некој зезни работ и не плати според договор даваш од џеб...
Автоматски споено мислење:

Добар комерцијалист злато вреди. Инаку е и најплатена работа во дистрибутивен процес.
Продаваш на големо иако може се работи за три конзерви или некоја кеса прашак за перење. Да имаш совршено добра меморија, добро организиран телефонски именик, достапност од 00.00 до 24.00, јбг македонска работа е ова џабе ќе објаснуваш дека уредот за порачка може да се користи само во работно време некој ќе ти рече а бе дај ми сега а утре прати ја ти порачката... И да, внимавај ама навистина внимавај каде даваш на фактура, знам бивш реонски комерцијалист кој заради зафрканата доверба од стрна ана негов купувач кој не платил фактури од +2000Е чоеков си ги плаќаше од свој џеб кон фирмата во која работи со напомена да си го тужи приватно неплаќачот а со самата продажба на одложено плаќање комерцијалистот по договор се јавува како непотпишан жирант на купувачот. Сума сумарум ако имаш многу муштерии и огромни бруто приливи добиваш само фала а ако некој зезни работ и не плати според договор даваш од џеб...
Еве јас добив понуда за работа во сектор Комерција во еден наш голем рудник, се работи за работно место во управната зграда на рудникот (нема комбиња со роба и шетање по градови, презентации и слично), ме интересира какви би биле моите секојдневни работни задачи како комерцијалист во офисот, претпоставувам набавка на делови за дампери и слично, се заблагодарувам за секој добронамерен совет
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom