Колумните на Бранко Геровски

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Груевски и тачи и - се е можно!
Бранко ГЕРОСКИ

Гледате ли како и Груевски умее да преговара, да биде конструктивен, да прифаќа компромиси, кога тоа е во интерес на неговиот опстанок на власт?
Без око да му трепне седна да преговара со човекот за кого пред два дена тврдеше дека одработува туѓи сценарија. Ко попче седна и пишман аџијата Мендух Тачи, кој, пак, тврдеше дека владата е несериозна. Настрада само младион и симпатичен министер, кој им поверува на двајцата и наивно изјави дека никогаш повеќе нема да работи со Никола Груевски.
Ако се во право партиските брифери, Груевски и Тачи веќе се договориле владата експресно да го препознае „државниот интерес“ и да го признае независно Косово, а во име на владеењето на правото и на правдата да се откаже од хашките случаи.
Во политиката, мили мои запаленковци, само интересите се трајни, се друго се менува. Затоа, не продавајте поезија и научете нешто од оваа епизода


Што мислите за колумните на Бранко Ѓеровски што ги пишува во Шпиц во врска со името на Македонија ? (прочитајте ги и останатите негови колумни)
 
А особено прочитајте го ова:

Кој навистина работи против интересите на Македонија?
Бранко ГЕРОСКИ

„Ако можеш да сочуваш прибрана глава кога сите околу тебе ја губат својата, а тебе те обвинуваат за тоа; ако можеш да веруваш во себе кога сите се сомневаат во тебе и кога самиот ги поттикнуваш нивните сомнежи; ако можеш да чекаш и да не ти здодее чекањето; или пак ако те лажат да не лажеш, ако те мразат да не мразиш, а при тоа да не изгледаш предобар и премудар; ако можеш да ги присилиш своето срце, своите нерви и тетиви да те служат долго иако нештедејќи си ги арчел и да издржиш кога во тебе веќе ништо нема освен волјата која ти довикува - истрај; ако ни пријателот ни непријателот не можат да те навредат; ако сите те ценат, ама не премногу; ако можеш една минута да исполниш со содржина што трае шеесет секунди; твоја ќе биде земјата и се што е на неа и над се, ќе бидеш човек, сине мој“.
Ова се неколку стиха од познатата поема „Ако“ на нобеловецот Радјард Киплинг (1865-1936). Киплинг е интересна личност. Во детството го научил јазикот хинду, посетувал воено училиште, во Индија работел како новинар и жестоко се ангажирал во политичкиот живот на Британија. Како заговорник на британскиот колонијализам бил немилосрдно карикиран и пародиран. Стиховите од оваа поема им ги посветувам на сите оние безобразни некадарници кои деновиве ме навредуваат и мене и моето семејство, ме пцујат и ми се закануваат, на дело потврдувајќи ја тажната вистина дека патриотизмот умее да биде возвишено чувство, но и последно уточиште на ништожниците.
За среќа, наспроти таа националистичка хистерија, што ја поттикнува неодговорната политика на државниот врв на чело со премиерот Никола Груевски, вистината полека, но сигурно победува. Последниот, виенски предлог на посредникот во преговорите за името ги отстрани сите сомневања дека преговарачкиот процес и предложените компромисни решенија го загрозуваат македонскиот национален идентитет. Метју Нимиц, кој дејствува со силна и отворена поддршка на Американците, нашите најверни западни сојузници, на македонскиот преговарач му понудил јасни и недвосмислени гаранции дека националната припадност на граѓаните на Македонија ќе се именува како македонска и јазикот што се зборува како македонски. Ако, пак, се точни шпекулациите дека преговарачот Никола Димитров енергично ја одбил целината на предлогот на Нимиц (во кој се спомнуваат имињата Горна, Нова и Република Македонија - Скопје), тоа би значело дека македонската страна ја отфрлила и ексклузивната шанса со меѓународен формалноправен акт да се дефинира идентитетот на нашата нација така како што ние сакаме. Ако тоа го сторил Димитров - а јас не се осмелувам ни да помислам дека се осмелил да направи таква грандиозна глупост! - тогаш преговарачот и неговиот непосреден налогодавец би требало да бидат обвинети (политички и морално, се разбира, не кривично) за национално велепредавство. Оти, еден таков акт, каков што предложил Нимиц, би имал огромно значење за определувањето на нашиот идентитет во релациите со сите наши соседи, без оглед на фактот што, да бидеме сосема искрени, националниот идентитет на еден народ не е феномен што се определува формалноправно, со документи, на хартија - тој така само се декларира при приемот во Светската организација.
Сега, би сакал сите оние на кои им ги посветив прекрасните стихови на Киплинг, да ги потсетам дека уште печатарската боја не е исушена од новинската хартија на која пред неколку дена го „драфтирав“ можниот договор за окончување на спорот за името. Многумина се потсмеваа, а некој саркастично ми рече дека сакам да им го земам лебот на нашите велеучени експерти. Ни едното ни другото не е точно, но нејсе. Факт е дека точката 2 од мојот предлог на договорот гласеше вака: „Република Грција го разбира и нема да го оспорува правото на граѓаните на Бившата југословенска република Македонија кои себеси се чувствуваат како Македонци да се нарекуваат Македонци и од тоа име да ги изведуваат сите атрибути кои го определуваат нивниот национален идентитет (македонски јазик, македонско писмо, македонска култура, македонска традиција итн)“. Во образложението, пак, го напишав следното: „Оваа одредба претставува експлицитна гаранција дека договорот меѓу двете страни не го засега прашањето на нашиот национален идентитет. Во одбрана на оваа значајна, круцијална одредба на договорот, македонските преговарачи треба да изложат јасен став дека ние преговараме за меѓународното име на државата, а не за името на македонскиот народ и за нашиот национален идентитет“.
Многу неранимајковци тогаш ги празнеа своите плунчани жлезди, велејќи дека јас сум тресел штогоде и дека ниту Грците ниту Американците нема да се согласат со една ваква гаранција. И еве, мили мои лажни патриоти, Американците сега ни го нудат токму она што го предложив, а што вие го сметавте за невозможно! Американците уште еднаш на дело го потврдија своето големо пријателство кон Македонија. И сега, што правиме сега? Ви фаќаат ли тоа црпките или не? Уште ли има ебиветровци што сакаат Викторија Њуланд да ја прогласиме за персона нон грата?
Прексиноќа, кога го чув предлогот на Нимиц, непосредно пред дебатата на Канал 5, си реков: Само Грците да не го одбијат, само тоа да не се случи! Ама после се ми стана јасно - лесно им е на Грците кога имаа работа со некадарници! Мораше ли уште истата вечер премиерот Никола Груевски да одговори на повикот на своите парадржавни медиуми и енергично да го отфрли и најновиот предлог на Нимиц? Знае ли овој човек да изброи до пет пред каже нешто? Со многу, многу добра волја и невозвратена „љубов“ кон премиерот, за која ризикувам да бидам предмет на потсмев (како тогаш кога му пишував отворени писма), би можел дури и да видам некаква мала, охрабрувачка нијанса во неговите последни изјави. Но, сепак не, тоа од мене би било премногу несериозно - та самиот „формат“ на кампањата на Груевски за „одбрана на името“, која се сведува на селски трибини, на кои премиерот се воодушевува од поддршката од „патриотите“ и „патриотките“, сведочи дека човекот спрема хаварија за Букурешт. Па зарем е можно Груевски да не знае дека и Гебелс, кога пред крајот на војната на јавен митинг, пред милионска маса луѓе повикал на тотална војна, добил поддршка и мандат неговиот фирер на дело да ја спроведе најголемата трагедија на германскиот народ? Зарем е можно еден сериозен политичар да се „пали“ на трибини? Затоа велам, на Грците им е полесно - тие веќе знаат дека нивното вето ќе го сработи лично Никола Груевски. Затоа можат да си дозволат да бидат дури и галантни.
Инаку, грчкиот весник „Та неа“ тврди дека „најголем дел од дебатата меѓу преговарачите и Метју Нимиц била фокусирана на можноста за именување со Нова Република Македонија или Република Нова Македонија“. Грчки дипломатски извори, според весникот, велат дека најсериозно прашање е тоа што двете страни имаат целосно различен пристап - Скопје сака новото име да го применува само во билатерални односи со Грција, а Атина да се користи во сите случаи. „Та неа“, повикувајќи се на истите извори, тврди дека Нимиц и Американците се на становиште компромисното име да се употребува во меѓународните организации, на пасошите и во меѓународните документи, што ќе поттикне прифаќање на името и од страна на трети држави.
Сите овие нијанси за кои зборува грчкиот весник и кои веројатно се новите идеи во преговарачкиот процес се многу значајни и битно ја подобруваат нашата преговарачка позиција. Нова Република Македонија наместо Република Нова Македонија, како и предлогот Република Македонија - Скопје се одлични компромисни решенија. Освен тоа, обидот на кој било начин потесно да се дефинира меѓународната употреба на новото име, исто така, оди во прилог на македонската страна. Работат Американците, мили мои лажни патриоти, работат чесно и напорно! А што работат нашиве тутумаци? Ништо! Македонска страна во овие преговори како да не постои! Преговараат добронамерните Американци со Грците. Македонскиот државен врв го нема никаде. Заглавил на трибини. Се залажува со „двојната формула“ и главно со „математиките“ кој ќе победи, а кој ќе загуби на следните избори. Како, бре, не им е срам?! Зарем тоа е државнички пристап, зарем е тоа одговорност и патриотизам, на која не повика Груевски?
Не оди така таа работа, мили мои „големи“ Македонци. Платен сум (не потплатен, ами платен!) премиерот Никола Груевски отворено да го прашам зошто не сака да влеземе во НАТО. Кому му одговара тоа, господине Груевски? Дали можеби на оној твој најверен медиумски поддржувач и советник, на тој човек кој одработува туѓа агенда и чија главна цел е да не спречи да го признаеме Косово и ако може да се степаме со Албанците? Дали е баш случајно тоа што со некои последни брзоплети потези (намерата да се гради споменик на Цар Самуил во центарот на Скопје, на пример) ризикувате да ја скарате Македонија и со Бугарија, која, исто така, е наш голем сојузник? Дали го разбирате предупредувањето во последната изјава на бугарскиот претседател Георги Парванов, кој вели: „Ние сакаме да имаме една стабилна држава во лицето на Македонија, но тоа не значи дека ние ќе се помириме со кражбата на историјата. Треба да разберат нашите браќа во Скопје дека историјата е општа, една и неделива и таа не означува никакви претензии. Претензиите се нивни и колку побрзо осознаат и ги снема тие претензии, толку подобро за нив и за нашите заеднички односи“.
Господине Груевски, кажете ни, мене, на „предавникот“, но и на народот свој, кому му одговара тоа што Македонија се кара со сите свои соседи, освен со српските радикали? Не е ли тоа малку чудно? Одговорете, макар и на селска трибина: Кому му одговара Македонија да ја отфрли подадената рака на своите најголеми и моќни западни пријатели и по 2 април да остане осамена, изолирана и соочена со длабока политичка, но и меѓуетничка криза?
Да се разбереме уште еднаш, по којзнае кој пат. Сакал некој да верува или не, вистина е ова: јас не се сомневам дека Никола Груевски не е инспиратор на ваквите мрачни сценарија и сигурен сум дека Македонија му лежи на срце. Ама, Македонија им лежи на срце и на сите оние безобразници што мислат дека „најмакедонската“ работа на светот е да ме пцујат мене, да ми се закануваат и да ме напаѓаат на улица. А Груевски не е кој било, тој не е некој мочко блогер, анонимен јадач на бурек или обичен партиски апаратчик што се подмочува од радост кога му аплаудираат на трибини. Малцински или не, тој е премиер на оваа држава, човек кој одлучува за нашата судбина, за судбината на нашите деца. Ако на 2 април во Букурешт доживееме хаварија, тој ќе биде директно и лично одговорен за нашата голема национална трагедија, рамна на онаа од Букурешт 1913 година! Никакви избори, никаква сенародна поддршка, со која сега си ја храни душичката, тогаш нема да го спаси од политичка пропаст. Што се однесува до мене, може Грујо сто пати да победи на избори, но ќе биде премиер на една осакатена држава, во која националистичката хистерија ќе биде доминантната идеологија, а политичкото насилство и деспотизмот клучен метод на владеење.
Тоа е вистината, мили мои лажни патриоти и вреваџии. А за вистината не се гласа, ќе рече поетот Киплинг.
 
зарем вреди ваков тип да се коментира....ќе го изеде мракот и него многу бргу....
 
Кога ке земам весник во рака го правам тоа за да прочитам што има ново,значи,новости кои се десиле а не да читам лични мислења на болесници.Кога некој ме известува за случки ме интересира новоста,не неговото мислење околу таа тема.Има блогови,форуми...таму нека се лечат а не да ми застанува утринското кафе у грло од нив.
 
Според мене, он штом толку запнал да влеземе во НАТО и по цена за името, сигурно има некаква корист од тоа. Сигурно некој му плаќа на него да ги пишува овие работи. ПА ЧОВЕЧЕ, УПОРЕН И УПОРЕН, САМО КОЛКАВ РЕФЕРАТ НАПИШАЛ ЗА ТОА.
 
Ај за брзо време ќе го најдат во некој контејнер за ѓубре со неговиот бесплатен,платен шпиунски “шпиц“ во газот напикан.Племе да е..м негово предавничко.
 
Лошо,многу лошо,поготово што надвор има многу кои го читаат весникот а немаат оформено свое мислење.
Мислам не е Шпиц Кајгана,па да мораме да ги трпиме неговите патетични обиди да збори со премиерот,и лошо е да се води една таква политика од самиот уредник.
На крај и десетина души да маѓепса со своите колумни,пак е штета,секој треба сам да избира што мисли.

Ама кога ќе го пише она,Ви честитам премиере,на гз паѓам...
 
kako ne se najde nekoe musko da mu ja dokrsi vilicata, barem na tv da ne go gledame.. kako blue po nas narod
 
gledajte go vecer na EVROZUM koj debil e
 
Писмо со закани до уредникот на „Шпиц“ пријавено во МВР
Под наслов „Смрт за шпиони“ на редакцискиот имејл, вчера во 15 часот и 38 минути, стаса писмо со смртни закани упатени до главниот и одговорен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Героски. Писмото е потпишано од извесен Андреј Минчевски и испратено од имејл-адресата ************ Авторот на писмото на главниот уредник му се заканува со егзекуција и вели дека ќе го застрела.
Поради сериозноста на заканата спроведовме истражување со кое ја утврдивме ИП-адресата од која е примен мејлот: *************. Со овие и со податоци добиени со дополнително истражување, главниот уредник случајот веднаш лично го пријави во полициската станица „Бит-пазар“. Писмената поплака љубезно ја примија инспекторите Драган Мицовски и Сашо Стоевски и ветија дека ќе ја проследат до соодветните служби.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, на чело со министерката Гордана Јанкуловска, да ги спроведе потребните мерки за откривање на идентитетот на лицето што ги упатува овие закани и за тоа да ги извести редакцијата и јавноста.
Истовремено, ги известуваме читателите дека веб-коментарите на написите на уредникот Героски, како и на сите други написи и натаму нема да бидат цензурирани, со надеж дека тие ќе придонесат за збогатување за јавната дебата во врска со приемот на Македонија во НАТО и спорот за името. Смртните закани нема да го спречат главниот и одговорен уредник слободно да го искажува својот личен став во врска со овие прашања, токму како што тоа им е дозволено на сите колумнисти во весникот „Шпиц“.
 
Му натепавте публицитет на чоеков.....
На мал прст можете да му се фатите....Кога сите толку многу лаете за него....
 
Му натепавте публицитет на чоеков.....
На мал прст можете да му се фатите....Кога сите толку многу лаете за него....
Комуњарче,иди шири пропаганди на друго место,не замарај тука.Од такви ко тебе не ни ја бива земјава.
 
Гудман, а тебе што ти е филмот? Поданик си му на Сранко?

Тоа треба да се бојкотира...а не да се пастира кај ќе се стигне!

Инаку, неговите колумни:

W4474-LRG.jpg
 
а зошто толку остро го напагате човекот???факт е дека се неможе да добиеме...и НАТО и името...нели го сфаќате тоа???грешкате е направена многу одамна пред 17 години...и тоа не е единствената...цело време додека сите наши политичари го туркаа овој проблем под тепих грците работеа на случајот...и тоа навистина работеа...и што очекуваме сега???извесни последици мора да сносиме...белки ке научиме нешто..дека проблемите не се решаваат со нивно игнорирање.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom