Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јасно ми е сето тоа. Нормално дека има граница на пристојност на разговор. Еве одговори ми само на ова прашање чисто да видам дали барем малку од малку сме на иста линија. Сметаш ли дека е сооветен начинот на кој Венко се изразил за ситуацијата? Нели е она израз на надменост? Со оглед на фактот дека е добар писател, можел многу посоодветено да го изрази своето незадоволство наместо да напише исфрустрирана колумна на многу ниско ниво.
што се запнавте за месарот. крива е таа пуфлата пред венко што бара преку леб погача.
каде пиши и од кога е правило дека саламата која се сече треба да биде наредена под конец. ај да пиши па да се буни, ама дека и прднало неа неебана од сабајле и сите и се криви.
месарот и со тоа ниво на култура кое го имал правилно постапил, му ја препуштил препотентната муштеривка на колешката оти во спротивно тие саламите во газот ке му ги напикаше. и то со смеење пошто така шефот барал. секогаш насмеан со муштериите. тие нека се ѕверат ти смејму се. ке испадниш ненормален.
И молам да се престане со лепењето етикети на глупи и паметни на образовани повеќе и помалку. Никој нема право да биде прост и да омаловажува без разлика дали учел 2, 12, или 22 години.
пост
Тоа не е никакво опрвадување. Работата си носи одговорност, и услови кои мора да ги прифатиш. Јас сосема го разбирам типов, ама тоа што е негов проблем, е само негов проблем. Немој да ми зборуваш ко ја да не сум работела на празници и слични говнарии. Ајде да се самоцитирамЗа некој што ќе окапе на работа до 20/21/22.00 за нова година (вметни рандом празници и неработни денови), сето тоа неплатено и потплатено, кој со гордост ќе си замине дома со платата со која.......
Со која може да брои овци навечер и да тренира “пронајди го најефтиното од најефтиното“ не знам како би очекувала нешто поразлично. Ако добиеш ок услуга можеш да си задоволна, ако не добиеш немаш право да осудуваш.
Бидете среќни што во овие 21 година изразот “going postal„ немало потреба да биде преведуван и објаснуван во РМ.
И јас имам работено како келнерка, газдата ми бил градски сељак (кој имал искуство знае за оваа категорија), па сум менувала кафиња иако тоа било на моја сметка и сум се правдала во име на сељакот и сум се однесувала културно со луѓе со кои не сакам да седам во иста просторија. И сум си ја мразела работата, уз пат.
Зошто?
Мило ми е што те насмеав.Е да си ми жива и здрава ме изнасмеа. Работава кој е понекултурен. Пристоен е човек кој користи термин истетовираш лигуш, некултурна раја е човек што озборува. Нерешено.
Јас вакви примери не користам. Ама слобода на изразување, пеки, може кој сака да си ги користи.
--- надополнето: 5 април 2012 во 23:12 ---
Тоа не е никакво опрвадување. Работата си носи одговорност, и услови кои мора да ги прифатиш. Јас сосема го разбирам типов, ама тоа што е негов проблем, е само негов проблем. Немој да ми зборуваш ко ја да не сум работела на празници и слични говнарии. Ајде да се самоцитирам
Јас сосема се согласувам со ова што го пишуваш и знам каква слобода им е дадена на газдите.Не е поентата дали е за оправдување. Ако одиме по таа логика, работата треба да носи и соодветен надомест, почитување на слободните денови, годишен одмор и многу друго...
Тоа е реакција која не може да биде поинаква и не знам како може да се очекува да биде поинаква.
Има и други ситуации кои иритираат или се комични, на пример газдите обично ги “дрилаат“ нововработените по маркети да се однесуваат како heat seeking missile, цело време на lock on на потенцијалниот муштерија, со што продавач/ката виси постојано зад тебе или те следи во чекор...да не ти притреба нешто (толкување на цената можеби, иако јасно ставена на увид).
И што сега, треба шокирање и нервирање околу тоа?
Не зборувам како да не си работела, туку дека не верувам дека во 100% од случаите си била фина,културна,насмеана,бидејќи нели...тоа спаѓало во очекувањата на работодавателот.
Проблемот на Венко е истиот, дали тоа значи дека нема да го читаш повеќе, бидејќи во многу колумни кука за ниските примања, лошите услови и организација и што уште не...бидејќи е тоа негова работа...или е до формата, името и начинот.
И Венко и продавачот удираат по самарот, стара традиција е тоа која ги надминува образовните или возрасните разлики на овие територии.
Јас сосема се согласувам со ова што го пишуваш и знам каква слобода им е дадена на газдите.
Се случувало да бидам ко мртва на работа, да се приметува дека сум нервозна, но никогаш не се случило да одам од една маса на друга и да кажам ,,Овие малолетнициве ме викаат на секои 5 минути за глупости, а ај што нема ни бакшиш да ми остават, туку и во 5 денарки ќе ми платат“.
Како и да е, не ми е проблемот реакцијата на месарот. Проблемот ми е во тоа што не се дава за некултурните да се каже дека се некултурни. Сите ги разбираме глупавите (ова не се однесува конкретно на месарот), ама не може да не смееш да кажеш за глупавиот дека е глупав, така и плукаш на вистината во лице.
Проблемот ми е во тоа што не се дава за некултурните да се каже дека се некултурни. Сите ги разбираме глупавите (ова не се однесува конкретно на месарот), ама не може да не смееш да кажеш за глупавиот дека е глупав, така и плукаш на вистината во лице.