Колумната на Венко Андоновски

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Просто е нема да купуваш Салам од продавници во кој Месарите се истетовирани како Мајк Тајсон а, мислат дека се Шопенхаур или да се возиш во такси компании во кои таксистите не се замислуваат дека се Рон Џереми има такси компании каде фино се дотерани и се културни. Пазарот сам си го решава проблемот. Тој што плаќа тој бира пројде времето кога мораше да се купува само од кај дебелите накурчени тетки од Славија или Центро.

Точно така, но за жал кај нас пазарот сеуште ја нема одиграно улогата која треба да одигра. Кога тоа ќе се случи, ќе немаме тетовирани месари, и таксисти ебачи. Таквите ќе ги викаат невработени лица...
 
Контрадикторен е овој пат, можеби и намерно провокаторски му е насочена колумната, токму за да се дигне ваква фама.

Пред некое време имаше колумна за тоа зошто голем број млади луѓе ја напуштаат Македонија поради неможноста да најдат работа, зошто одат во Америка и работат во исти такви маркети за двојно поголеми пари. Ако кај нас не е нормално обичен продавач на салама да зема 20.000 плата во други земји е дури и понижувачки да зема толку. Зарем не е виновно општеството што тоа момче не можело да најде поинаков тип на работа? Зошто тогаш оправдуваме луѓе што заминуваат во други земји, а не ги оправдуваме луѓето што работат тука за никаква плата? Делот со тетоважата не можам ни да го коментирам, исто и со проценувањето на карактерот на дечкото само од два реда муабет. Нормално дека ќе му се родат фрустрации и ќе им се жали на муштериите од кои ќе очекува разбирање. Не можам да сфатам зошто толку надменост во колумнава. Воопшто не очекував такви ставови.
 
Ја пропуштате поентата дечки, Венко учел 22 години, а тетовираниот месар 12 (по венково "размислување"). Тоа е поентата.
Ајде сега сите пагајте на газ од воодушевување.
:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Aма го тупите и му судите на човек според негова колумна - ко да сте изразнале заедно. Исти ко него сте моментално.
 
Еве вака. Влегувам во такси, се возиме и наеднаш таксистот гледа некоја жена, и почнува да ломоти нешто во стилот што и направил сношти и како си поминал со неа.

Не знам како да ти кажам, ама мене НАВИСТИНА не ме интересира неговиот сексуален живот. Немам никаква желба да го слушам како ломоти, ниту да му одобрам дека е јак ебач, или било што. Прост ми е, и гаден. Го плаќам да ме однесе дома, и толку...

Јасно ми е сето тоа. Нормално дека има граница на пристојност на разговор. Еве одговори ми само на ова прашање чисто да видам дали барем малку од малку сме на иста линија. Сметаш ли дека е сооветен начинот на кој Венко се изразил за ситуацијата? Нели е она израз на надменост? Со оглед на фактот дека е добар писател, можел многу посоодветено да го изрази своето незадоволство наместо да напише исфрустрирана колумна на многу ниско ниво.
 
Човеков ептен се напнал кога ја пишувал колумната, да можев јас од секојдневни нервози да си пишувам колумна и да се испразнам така, добро ќе беше. Не дека нешто, и мене сосема ми одат на нерви слични ситуации и луѓе кои пробуваат да склопат неврзан муабет колку онака да се тепа време без никаква причина, особено па ако сум напичен ко он што бил, ама па последно ми е да се замарам со тоа колку години имал образование, или каква тетоважа имал тој што работел во месара. А што демек со тоа дека тој имал 22 години образование, во главном дрвење курац, автоматски го прави поспособен и статус погоре од некој во лимарофарбачка работилница? Нека размисли прво како тој станал професор и како денес се станува асистент. Покрај потребниот просек, потребно е и некој да е роден за да влезе во академски води :) , затоа што татко му веќе бил професор, па титулата си оди од колено на колено. Нека размисли колку пати го пцуеле студенти зошто не можеле да го најдат за потпис или за оцена, или морале да плаќаат мито или да нудат други услуги за да поминат испит, па после нека се дуе ко трудно пиле.
 
:eek:
Што е Венко за раскази???
Солиден писател во локални рамки и тоа е тоа.
А којзнае, сега инспириран од случката со продавачот можеби Венко го крчка Павиљонот број.......69....

Дали си соодветно квалификуван да мразиш луѓе што се жалат? Си дипломирал мизантропија?!
Многу релевантно е што ти мразиш и што не мразиш...

Писателот лечи фрустрации во колумна која има литерарна вредност на писанија во ВЦ на железничка, но таквиот производ не требало да се критикува поради тоа што бил академски образуван...
Мразам Истетовирани Мрчатори...јебига не ти треба диплома за тоа само доволно пари да купиш салама од друга продавница или да го истастеришеш кај шефот на смена. Инаку пишав очигледно на Акадамскиот граѓанин Венко му снемало идеи или поверојатно проста раја несака да чита за метафизика и Хегел поинтересни ми се текстови за Дрвената сперма на Пинокио и Саламата на Истетовираниот месар.
Да и мразам луѓе кој се жалат да сакав ќе станев психијатар и земав пари од тоа ама не сум.
 
А мене ми се мистериозни очекувањата на хипер орбазовани лица да добијат соодветна услуга и осмех како Џокер од некој зема плата доволна за биолошки опстанок и ништо повеќе...
Пазарот нема да реши ништо, како што не решава 21 година веќе. Далеку е РМ од нормални пазарни услови.
 
Просто е нема да купуваш Салам од продавници во кој Месарите се истетовирани како Мајк Тајсон а, мислат дека се Шопенхаур или да се возиш во такси компании во кои таксистите не се замислуваат дека се Рон Џереми има такси компании каде фино се дотерани и се културни. Пазарот сам си го решава проблемот. Тој што плаќа тој бира пројде времето кога мораше да се купува само од кај дебелите накурчени тетки од Славија или Центро.
Како го напиша ова ,како да откри топла вода ,јас па мислев ако некој продавач ми се курчи тогаш и по често ќе купвам од кај него... или па што не му кажите лице в лице на таксистот кој ти кажвит сексуална сторија ,дека не ве интересират .Или немате/ме храброст па некои секојдневни фрустрации кои Венко си ги кажвит во колумната си ги кажвите/ме на форумов . Можеби Венко ќе завршел многу подобра работа ако му кажел на месарот дека може да ја загуби работата ако продолжи со таквото (не)понашање и дека ќе се пожали кај надлежниот дека ради нивниот вработен губат потрошувачи, отколку со пишење на колумна преполна со стереотипи и поврзаноста на годините образование со карактерот на личноста.
 
Која црна човечност. Сакавте капитализам, еве ви капитализам. Капитализмот по дифолт е кастински систем. Парите служат да се одвојат групите една од друга.

На крајот на краевите, мене навистина ми е гадно тоа што секој си зема за право да биде фамилијарен со секого. Што кој кур имам да слушам некој месар за тоа дека не му чини платата? Ако не му чини, нека даде отказ, нема потреба да труе наоколу...
Капитализмот, и тоа зачудо оној најтвдиот либерален вид е во многу категории најегалитарен систем кој десега воопшто постоел. Прашај го Чомски на пример што мисли околу ова (прегу гугл, дапаче). Додека во Британија со целата таа социјал-демократија имаш класична аристократија како во среден век, која го контролира горниот дом и ни под разно не се меша со обичните смртници, во америка луѓе како Лари Пејџ, Бил Гејтс или Ворен Бафет си одат во истиот старбакс кајшто одиш ти, се дружат со студенти по кампуси, одат на места кои се пристапни за скоро секој што има работа и, уште подобро, огромен дел од времето посветуваат на бесплатно едуцирање млади луѓе, регрутирање на студенти со нула работно искуство, па дури и делење инвестициски совети кои се бесценети. Систем во кој толку лесно можеш да пливаш нагоре и надолу во општествениот поредок е се само не кастински.
 
Ајде по оваа аналогија. Која слика е потрагична? Невоспитан месар кој решил да потрачари некој збор или професор на факултет кој патем е и писател и кој јавно користи изрази како тетовиран лигуш? Мене не ми се верува дека на име реномето на Андоновски, оставате да ви се пролизга простачки напишаниот текст. Да го напишел ова Латас имаше сите јавна узбуна да кренат, ама не, Венко е ценет човек него не смееме да му се фатиме за зборот, сигурно е во право!
Зборот лигуш е проблемот? Во право си, денес постојат многу подипломатски начини да напишеш опис за некој, а случајно да не го навредиш, иако тоа ја опишува фактичката ситуација.
Еве јас ќе го поправам Венко и ќе кажам дека не бил лигуш, туку Особа со пониска интелигенција од просечната, која ги нема целосно усвоено културните норми во земјата каде што живее и не ги почитува правилата во местото каде работи.
Дали сега е подобро? Сега е достојно за професор и писател?
 
Нели сфаќаш Вештица дека ова е грешка која не може да се корегира. Ова е став, кој конечно си го нашол патот до јавноста. Твојов одговор е полн со противречности. Како знаеш дека дечкото е личност со пониска интелегенција од просечната? Како се детектира тоа од колумна? Ако тој ги нема усвоено културните норми, што да кажам за Венко и неговиве изрази зашто тие со сигурност не се репер за нив?
 
А мене ми се мистериозни очекувањата на хипер орбазовани лица да добијат соодветна услуга и осмех како Џокер од некој зема плата доволна за биолошки опстанок и ништо повеќе...
Пазарот нема да реши ништо, како што не решава 21 година веќе. Далеку е РМ од нормални пазарни услови.
Може, може само истастериши го кај шефот и ќе видиш како ќе се смее после :sneaky: Се се учи има стап и морков. Само треба уште малце време да се натренираат 45 години комунизам ги размази.
 
Може, може само истастериши го кај шефот и ќе видиш како ќе се смее после :sneaky:

Ако почне на тој начин, ќе треба професионално да се ангажира како деминутивен штрајкбрехер и доброволен удбаш, кожен мантил веројатно ќе му донираат читателите на колумните опиени од изливите на ситнобуржоаски идеализам и секојдневно да бие битка како Дон Кихот со работниците во услужните дејности, незадоволни од мизерните примања.
Од келнери,таксисти,месари,кондураџии,бербери....ќе изгради нова кариера за брзо време во борба против едноставните економски закони кои најкратко можат да се формулираат - if you pay them with peanuts, you`ll get monkeys...
 
Може, може само истастериши го кај шефот и ќе видиш како ќе се смее после :sneaky: Се се учи има стап и морков. Само треба уште малце време да се натренираат 45 години комунизам ги размази.
Жити све, за што ке го истастериш? Бидејќи не ти се смешка? :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom