Колумната на Венко Андоновски

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Која црна човечност. Сакавте капитализам, еве ви капитализам. Капитализмот по дифолт е кастински систем. Парите служат да се одвојат групите една од друга.

На крајот на краевите, мене навистина ми е гадно тоа што секој си зема за право да биде фамилијарен со секого. Што кој кур имам да слушам некој месар за тоа дека не му чини платата? Ако не му чини, нека даде отказ, нема потреба да труе наоколу...

Баравме, баравме...:icon_mrgr:

А чекај, капитализмот не овозможува да можеш да ги слушаш само припадниците на својата каста, оние со 22 години студии? А?
 
Среќа не сретнал и двајца цигани на семафор, па да почнат да му ја чистат шофершајбната ќе напишеше новела "Секојдневните маки на професорот В."
 
Која црна човечност. Сакавте капитализам, еве ви капитализам. Капитализмот по дифолт е кастински систем. Парите служат да се одвојат групите една од друга.

На крајот на краевите, мене навистина ми е гадно тоа што секој си зема за право да биде фамилијарен со секого. Што кој кур имам да слушам некој месар за тоа дека не му чини платата? Ако не му чини, нека даде отказ, нема потреба да труе наоколу...

И? Тоа е доволна причина за некој јавно да го нарече дечкото истетовиран лигуш? Лигуш еј? Латас ли ја пишувал колумнава. Срамота.

Аман со овие девалвирачки муабети против таксисти, возачи на јсп, келнери, обезбедување, продавачи. Јаката македонска образована каста, па фати да мава со дрвја и камења по нив. Ако одиме така, јас досега сум вложила 17 години труд и пари во моето образование. Зар треба на женине во маркет да им се понашам ако ми заправат муабет. А со таксистиве муабетиве се најголемиот фејл. Срам ми е што народ живее во оваа земја, толку се мали, а толку малку им фали за да се направат надмени и големи.
 
Баравме, баравме...:icon_mrgr:

А чекај, капитализмот не овозможува да можеш да ги слушаш само припадниците на својата каста, оние со 22 години студии? А?

Овозможува, ако имаш доволно пари, и ако сакаш така да живееш. Исто како што јас сега можам да ги игнорирам твоите припрости коментари...

;)
 
Се изборил...:icon_mrgr:

Него среќа што твојава логика не е убиствена до толку.
Па еве, ќе прифатиме дек си во право и ке се стремиме да го ибиеме секој што ке ни каже „добар ден“ утре на улица. А тек замисли да е тетовиран, и да мети улици.

Да, кон тоа се оди, да не се чудиме после.

А за оваа рафиниранава коза, ич не ми е чудно, и онака е капиталист, не се бара чоечност во него.
Брат за Брат, Салама за пари. Кога влегувам во месара очекувам да добијам салама а не да му изигравам психијатар на месарот. Да и по можност(не е морално) месарот да нема тетоважи. Од тетовирање може да се закачи хепатитис Ц. Едноставно не ми изгледа хигиенски некој ишаран да ми чепка храна. Мој пари мој услови кој е најдобар тој ќе ги добие.
 
Овозможува, ако имаш доволно пари, и ако сакаш така да живееш. Исто како што јас сега можам да ги игнорирам твоите припрости коментари...

;)

Венко, ти си бе?!
 
„Не знам зошто се индентификувате со него па го браните овде: Седиш у Тедико сечеш пршут и си викаш зошо ја немам 500 евра плата сеа ќе ги местам парчињава у форма на желка. Вреди цела колумна да се пише за овие луѓе, просто пошто имаат право да гласаат.“
На фб го пишав ова, овде ќе го образложам.

Навистина мислам дека најголем проблем не е типов кој најпаметно нешто што направил во животот е што се истетовирал, туку тоа што сите го сметаат типот за поблизок до себе од колку образован човек кој убаво си го образложи и оправда своето мислење. Зарем сите денес се индентификуваме со невоспитани месари кои немаат допирна точка со реалноста?

Ако дечкото има диплома од факултет, не дај боже, тоа го прави случајов уште потрагичен, зошто денес очигледно нема никаква граница за академско образование.

И јас имам работено како келнерка, газдата ми бил градски сељак (кој имал искуство знае за оваа категорија), па сум менувала кафиња иако тоа било на моја сметка и сум се правдала во име на сељакот и сум се однесувала културно со луѓе со кои не сакам да седам во иста просторија. И сум си ја мразела работата, уз пат.

Не постои валиден аргумент на планетава кој го оправдува месаров, и ве молам, немојте да го ставате во ваша категорија на луѓе и да го браните. Нешто страшно се случува со сликата за себе на македонските граѓани.
 
Аман со овие девалвирачки муабети против таксисти, возачи на јсп, келнери, обезбедување, продавачи. Јаката македонска образована каста, па фати да мава со дрвја и камења по нив. Ако одиме така, јас досега сум вложила 17 години труд и пари во моето образование. Зар треба на женине во маркет да им се понашам ако ми заправат муабет. А со таксистиве муабетиве се најголемиот фејл. Срам ми е што народ живее во оваа земја, толку се мали, а толку малку им фали за да се направат надмени и големи.
Еве вака. Влегувам во такси, се возиме и наеднаш таксистот гледа некоја жена, и почнува да ломоти нешто во стилот што и направил сношти и како си поминал со неа.

Не знам како да ти кажам, ама мене НАВИСТИНА не ме интересира неговиот сексуален живот. Немам никаква желба да го слушам како ломоти, ниту да му одобрам дека е јак ебач, или било што. Прост ми е, и гаден. Го плаќам да ме однесе дома, и толку...
 
Остај кое литарарно дело на Венко небаре Чехов е за раскази. Две тотално банални случки... Понекогаш и мене ми прават муабет таксисти или продавачи. Но, ако не ми се прави муабет (а често не ми се) само ќе молчам или направам некоја кисела фаца и престануваат.
Понатаму сосема е во право за месарот не е културно да се озборуваат муштери. И стварно ташакот ме боли дали му е ОК платата на месарот или не ако не му е ОК нека се жали кај шефот а нека не лечи фрустрации кај муштерии зошто може да се жалат кај шефот на продавницата и нашиот месар да лета од работа.

:eek:
Што е Венко за раскази???
Солиден писател во локални рамки и тоа е тоа.
А којзнае, сега инспириран од случката со продавачот можеби Венко го крчка Павиљонот број.......69....

Многу мразам луѓе што се жалат. Колку и да ми е тапа не се жалам посебно не кај некој кој не го знам или неможе да ми помогне. Зар на секоја будала треба да му изиграваш психијатар и да му лечиш фрустрации?

Дали си соодветно квалификуван да мразиш луѓе што се жалат? Си дипломирал мизантропија?!
Многу релевантно е што ти мразиш и што не мразиш...

Писателот лечи фрустрации во колумна која има литерарна вредност на писанија во ВЦ на железничка, но таквиот производ не требало да се критикува поради тоа што бил академски образуван...
 
ауууууууууу ЌОФТА:mad:
пазете ова: почна да бара од мене, на оној добро познат итарпејовски начин, да застанам на негова страна. Типичен менталитет на Балканот кај сите продавачи, таксисти, службеници – .......

со пишувањето на колумнава - нели е дотичниов на уште подолно ниво од месарот?
не бара ли на “итарпејовски начин „поддршка од секој кој ќе ја прочита- та да застане на негова страна и да го осудува однесувањето на “невоспитаниот лигуш, истетовиран на целата подлактица, некој што сигурно едвај завршил средно трговско училиште, што со сигурност преку врска дошол на тој штанд да реже салами, што не сфаќа дека тоа работно место е климакс во кариерата за неговиот пилешки мозок, што треба на тоа работно место да гледа како да е вработен во лабораторија на НАСА, е тој – ни пет ни шест, бара плата повисока од мојата!!!

е Венко, Венко, сега мене навистина ми се превтруваат цревата :sick:
одам да бљувам:sick:


;):P Ima IQ veći od Einsteina, a radi kao perač prozora
http://www.034portal.hr/clanak.php?id=4291&naslov=ima-iq-veci-od-einsteina--a-radi-kao-perac-prozora
 
„Не знам зошто се индентификувате со него па го браните овде: Седиш у Тедико сечеш пршут и си викаш зошо ја немам 500 евра плата сеа ќе ги местам парчињава у форма на желка. Вреди цела колумна да се пише за овие луѓе, просто пошто имаат право да гласаат.“
На фб го пишав ова, овде ќе го образложам.

Навистина мислам дека најголем проблем не е типов кој најпаметно нешто што направил во животот е што се истетовирал, туку тоа што сите го сметаат типот за поблизок до себе од колку образован човек кој убаво си го образложи и оправда своето мислење. Зарем сите денес се индентификуваме со невоспитани месари кои немаат допирна точка со реалноста?

Ако дечкото има диплома од факултет, не дај боже, тоа го прави случајов уште потрагичен, зошто денес очигледно нема никаква граница за академско образование.

И јас имам работено како келнерка, газдата ми бил градски сељак (кој имал искуство знае за оваа категорија), па сум менувала кафиња иако тоа било на моја сметка и сум се правдала во име на сељакот и сум се однесувала културно со луѓе со кои не сакам да седам во иста просторија. И сум си ја мразела работата, уз пат.

Не постои валиден аргумент на планетава кој го оправдува месаров, и ве молам, немојте да го ставате во ваша категорија на луѓе и да го браните. Нешто страшно се случува со сликата за себе на македонските граѓани.

Ајде по оваа аналогија. Која слика е потрагична? Невоспитан месар кој решил да потрачари некој збор или професор на факултет кој патем е и писател и кој јавно користи изрази како тетовиран лигуш? Мене не ми се верува дека на име реномето на Андоновски, оставате да ви се пролизга простачки напишаниот текст. Да го напишел ова Латас имаше сите јавна узбуна да кренат, ама не, Венко е ценет човек него не смееме да му се фатиме за зборот, сигурно е во право!

Мене ме израснале факултетски необразовани луѓе, јас со нивно водство стигнав и до диплома и до култура.Токму тоа е причина што на ниедно човечко суштество не гледам како на лигуш, ниту пак некогаш сум го употребила тој збор. А и уште една работа, се прашувам дали Венко ќе се осмели истово да го рече за некој лекар кој несоодветно си ја работи работата? Ќе го нарече ли некогаш лигуш? Секако дека не. А тоа ви кажува многу за еден човек. Венко не знае ништо за тетовираниот лигуш. Вие него го правдате дека може станал на лева нога, па му се испуштило она што го напишал. А кој го знае денот на детево и неговиот живот? Може е пекол, ама што има Венко да му ја мисли за тоа. Пишуј друже, пари даваат за тоа.

На запад колумнист не смее да помисли да искористи ваков израз во колумна. Прво уредниците ќе го решат уште пред објавување. Овде кај нас реномето ви е доволно за да се извадите за секоја напишана глупост.
 
Еве вака. Влегувам во такси, се возиме и наеднаш таксистот гледа некоја жена, и почнува да ломоти нешто во стилот што и направил сношти и како си поминал со неа.

Не знам како да ти кажам, ама мене НАВИСТИНА не ме интересира неговиот сексуален живот. Немам никаква желба да го слушам како ломоти, ниту да му одобрам дека е јак ебач, или било што. Прост ми е, и гаден. Го плаќам да ме однесе дома, и толку...
Просто е нема да купуваш Салам од продавници во кој Месарите се истетовирани како Мајк Тајсон а, мислат дека се Шопенхаур или да се возиш во такси компании во кои таксистите не се замислуваат дека се Рон Џереми има такси компании каде фино се дотерани и се културни. Пазарот сам си го решава проблемот. Тој што плаќа тој бира пројде времето кога мораше да се купува само од кај дебелите накурчени тетки од Славија или Центро.
 
Се изборил...:icon_mrgr:

Него среќа што твојава логика не е убиствена до толку.
Па еве, ќе прифатиме дек си во право и ке се стремиме да го ибиеме секој што ке ни каже „добар ден“ утре на улица. А тек замисли да е тетовиран, и да мети улици.

Да, кон тоа се оди, да не се чудиме после.

А за оваа рафиниранава коза, ич не ми е чудно, и онака е капиталист, не се бара чоечност во него.

Се изборил, затоа мрчи во секоја колумна како не можел да си обезбеди пристоен живот...
Ама кога други мрчат поради истата причина, тоа е грев и треба да се исмее on the nationwide press...

А по логиката на капитализмот, секој што заработува макар 10 евра повеќе од Венко треба да му удира чврги :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom