Johnny B
Misogynist, racist, anti woke
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 12.148
- Поени од реакции
- 13.178
Ова е реалноста на некој начин. Сакате плачете, сакате смејте се
Пишува: Костадин Стојаноски
Откако на последниот ’маченички’ меч со Словачка на Националната арена Филип Втори присуствуваа само 1000 гледачи, многу ’фудбалски работници’ се обидуваат да најдат чаре за излез од кризата. Имаме и ние неколку предлози!
1. Таман ја изградија арената Филип Втори да собира 35.000 гледачи, кога на трибините гужва како среде африканска пустина. Кога веќе фудбалските фанови не сакаат да ги гледаат нашите ’великомаченици’, првиот предлог што ми текна е да им се дадат бесплатни билети на роднините на фудбалерите, до трети братучеди. Со оглед на рамковниот сооднос кој го стекнавме благодарение на договорот од 2001, можеме да очекуваме присутност од неколку стотици гледачи.
Е, сега ако и тоа не е доволно, предлагам владата да доделува субвенции за секој што ќе се кандиса да појде на стадион кога игра македонската репрезентација. Барем по сто евра од натпревар. Би требало и со овој благороден чекор, да добиеме уште неколку илјади навивачи.
Кога сме кај владата, може таа да изгради и по некој споменик на стадионот со голема фонтана на средината. На незнаен фудбалер. Ем ќе навалат туристи од цел свет да се сликаат, ем гледачите дојдени на стадион барем ќе има што да видат додека дремат 90 минути.
И ако и тоа не биде доволно, тогаш предлагам шефот на опозицијата да ги активира припадниците на својот подмладок во акција да ги исчистат седиштата на стадионот. Барем на северната трибина, име кое немаат проблем да го прифатат, ако не биде загрозен идентитетот (името на стадионот од антиквизаторски причини нема да се споменува) Кога тоа ќе го чуе Груевски веднаш ќе го активира подмладокот на владејачката партија да дојде со уште повеќе членови да ги исчисти седиштата на јужната трибина…. Ете уште по некоја илјада и ќе се полни цел стадион, и колкави трупци да бидат нашите репрезентативци.
Или пак наместо чистење седишта, нека организираат протести. СДСМ ќе протестира со неколку илјади затоа што „ова е уште еден доказ дека сме го допреле дното“, а ВМРО ќе организира контра протести „затоа што во времето на СДСМ беше полошо и затоа што Бранко е крив што никој не знае како се шутира топка“. Ете полн стадион!
2. Злите чаршиски јазици веќе долго време зборуваат дека има бизниси во репрезентацијата и дека за настап потенцијалните репрезентативци плаќале и по неколку илјади евра. Се прашувам само како плаќале, во кеш или со уплатница. И ако е со уплатница што пишувало во цел на дознака – „за настап во репрезентација“?
Шегата настрана, со оглед на несомнениот квалитет што го покажуваат нашите репрезентативци, можеме слободно да очекуваме конкурс објавен во печатените медиуми потпишан од новиот селектор Џон Тошак. „Се бараат осумнаесет момци на возраст од 18 до 33 години – потребни квалификации, да знаат барем малку да шутираат со фудбалска топка. П.С. Ќе ве гледаат и на телевизија, во моментите кога нема да има реклами“
3. Го знаете вицот со Мујо кога со чекан си ги мавал прстите (јајцата)? Поентата отприлика беше дека задоволство му било кога ќе се промашел? Е, па така и мене, гледајќи го мечот меѓу Македонија и Словачка, задоволство ми беше кога МТВ ќе пуштеше реклами. И тоа со се најава ’МТВ Маркетинг’ од десет секунди. Си ги пуштаа стандардно како во 96-та низ цел екран. Нема прозорци, мозорци, модерни формати. Ќе си гледаш реклами и тоа е тоа. Барем ќе ти биде поинтересно….
4. Во врска со последниот меч со Словачка и изјавата на Тошак дека има проблеми со нападот и ефикасноста, еве убав предлог: Да го стави Ванче Шиков како напаѓач. Па човекот за два меча даде еден гол и една асистенција. Во тој случај, ако биде напаѓач, барем нема да му асистира на противнички фудбалер.
5. Кога сме кај Тошак, што после овие натпревари ќе кажете за неговата изјава кога ја презеде селекторската палка дека ќе се обиде да се пласира на СП во Бразил 2014г? А да се обиде пешки да се качи на Месечина?
6. Во основно кога учев, во далечните рани 90-ти, на часовите по физичко носевме дрва за огрев за училиштето. И така постојано, секој час по физичко. И сега кој ни е крив, што носењето дрва не е ’најважната споредна работа’ во светот? А, замислете да имаше Светско првенство во носење дрва. Со толкави трупци, сигурно ќе бевме повеќекратни освојувачи!
7. Кошаркарите по големите успеси ја пееја ’Излези момче’ и ’Едно име имаме’, ракометарките ја пееја ’Македонско девојче’, а што би можеле да пејат нашите фудбалери? ’Зошто си ме мајко родила?’ Или има и други предлози?
8. Се прашувате зошто ништо не спомнав за нашиот капитен Величе Шумоликоски? Па има повеќе причини, а искрено меѓу најголемите е стравот да не ми дојде и мене како што му појде на новинарот на А1 Тони Стојановски па да ми се закани со ќотек. Кога може на судија да му се заканува или на познат новинар од ТВ, тогаш поарно е да си молчам. Може само да кажам – тешко на таа репрезентација што капитен и е Величе....
Извор