Колумбо ја открил Америка?

-Piri_reis_world_map_01.jpg
Во Националниот музеј на Турција има две карти направени во XVI век од турскиот адмирал Пири Реис.
Извадени се од Бахрие (Книга на морињата), стар атлас на географски
поморски карти.
Пириовите карти датираат од 1513 и од
1528 година и на нив се претставени дел од морските
брегови на Јужна Америка, Западна Африка, Шпанија, Франција,
дел од Северна Америка, Гренланд, Нова Земја и дел од
Канада.
На картата од 1513 година фигурираат Мексико и
Перу, кои биле пронајдени подоцна од спомнатиот датум. На
картата од 1528 година фигурира Антартикот, кој бил проучуван од експедиции околу триста години подоцна (во XIX
век).
Еден шпански морнар, заробен од Пири Реис, изјавил
дека со тие карти се служел Кристофор Колумбо при
откривањето на Америка, кои биле копирани од книга од времето
на Александар Македонски!
Од своерачните запишани белешки на турскиот адмирал се дознава дека картите ги подготвил со помош на документи кои на арабиски биле
наречени "џаферие" и биле нацртани во времето на Александар
Македонски.
Овој цар, како што е познато, сакал да го заземе
цел свет за да создаде општо светско братство на народите,
па секако спомнатите карти му биле познати или, пак, биле
направени по негова заповед.
Најмистериозно во случајов е тоа што според мислењето
на денешните специјалисти-експерти, кои ги разгледувале
картите од Пири Реис, нивната точност и прецизност се такви така што можеле да бидат направени само со опсервации
на земјата од сателит или барем од авион!



Даниел Мелвил
 
Това не е верно,човек'т којто открил Америка е бил б'лгарин от Охрид.
 
Америка ја открил Америго Веспучи кој бил Италијанец (мислам) неколку години по патувањата на Колумбо.
Колумбо мислел дека пронашол морски пат до Индија.
 
Това не е верно,човек'т којто открил Америка е бил б'лгарин от Охрид.

Не тој бил македонец од Брисел...
Поидиотско нешто досега немам прочитано... Бугарин од Охрид?!? Во Охрид никогаш немало Бугари, ниту пак стапнале Бугарските орди. А фабрикувани Бугари имате низ цел свет.

Картите од Пири Реис се општо познати, но не се само тие (тие се работени, според многу, многу постари извори - на нив е прикажан и брегот на Антарктик но - без мраз!). На тлото на Америка пред Колумбо стапнале Викинзите, Феничаните, а можеби и Египќаните...
 
Amerika ja otkril lajf Ericson ili Erik Crveni kao bese neli oni posle grenland stgnale u Kanada ama malku sedele tamo ne ostaile naselbi poso vikinzite samo pljackale i terale dalje taka neso bese oni prvi pa imase neso kao Crncite prvi ja otkrile Amerika, a imase i verzija deka Indijancite ja otkrile Evropa prvi he he...
 
Inaku za nas Makedoncite najinteresno e vsushnost pateshestvieto na Kolumbo pa ke prenesam nekoi tekstovi od mojata arhiva objaveni vo dnevnite vesnici
ОХРИЃАНЕЦ - АСИСТЕНТ НА КРИСТИФОР КОЛУМБО

Уште еден???:)

Ѓорѓи од Лихнидос, топчијата на Колумбо

Ѓорѓи е првиот Македонец што стапнал на тлото на Америка во 1492 година заедно со Кристифор Колумбо, но тој податок нашата од скоро пишувана историја сé уште не го детектира и го држи настрана

aljosa-simjanovski-NOVA!!![7].jpg

transparent.gif


Млад докторанд на престижниот универзитет „Принстон“, по трагата на пештерски цртеж во Средна Америка, на кој е претставен долгокос маж што излегува од морето со топ што фрла пламен под рака, го открива идентитетот од преписката на шпанска принцеза со нејзината братучетка во австроунгарскиот двор.

Во едно од своите писма и пишува како и фатил око висок личен морнар со долга руса коса. Пред насобраниот народ во пристаништето во Севилја, тој е претставен како главен оружар на бродовите на Кристифор Колумбо. На испраќањето на бродовите присуствува и кралското семејство, меѓу нив и младата шпанска принцеза, која го бендисала топчијата и го запомнила како Ѓорги од Лихнидос.

Значи Ѓорѓи од Лихнидос, а не Драган како што милуваат да го нарекуваат (и присвојуваат) извесни креатори на историско-митолошки конструкти во соседството. А Охрид отсекогаш, фала богу и денес, е македонски и само македонски град. Ѓорѓи е првиот Македонец што стапнал на тлото на Америка во 1492 година заедно со Кристифор Колумбо, но тој податок нашата од скоро пишувана историја сé уште не го детектира и го држи настрана. Но во ерата на информатичката експанзија, многу приказни пловат низ етерот, се вкрстуваат и допираат на лабавите струни во нашите кревки информациски тела. Тоа ни овозможува да изромантизираме, истражуваме и да конституираме сопствен историско-митолошки дискурс.

Од каде и како Ѓорѓи во Шпанија. Според американски истражувања, постојат две толкувања. Според едното, Ѓорги бил религиозен еретик од Македонија што прогонет бега во Шпанија. Таму е пронајден и осуден на смрт. Од клада го спасува Колумбо и подоцна го регрутира на својот брод. Стандарден филмски стереотип. Според втората можна варијанта, уште како мал, откако Охрид паднал во рацете на Турците, неговото семејство се сели во Шпанија. Таму тој изградил брилијантна кариера во армијата и станал омилен и во шпанската круна. Така стигнал и во посадата на Колумбо. Според трета романтична варијанта на мојот пријател Кире Тренчески, во времето многу охриѓани гурбетувале и учествувале во пиратски авантури во водите во зоната околу Отранскиот Теснец. Ѓорги станал легенда на Медитеранот, па што поради храброста, што поради морнарското искуство, бил добредојден и во посадата на Кристифор Колумбо. Подоцна, по освојувањето со Колумбо, тој формирал и своја експедиција и пловел до денешна Панама, до Венецуела - која ја нарекол според нему омилената Венеција итн., итн.

И сега еве сме на почетокот - кој и чиј е Ѓорѓи. Повторно во зоната на пресметка со фактите, митологемите, стварноста, фактите како став, сé во рамките на раѓањето на уште еден сладок парадокс. Дали е Ѓорѓи навистина тој самиот или е Драган од некогашен нечиј Охрид?

Предлог до Обединетата македонска дијаспора: иницијатива, проект за изградба на споменик на Ѓорѓи во родниот Охрид, за да не ризикуваме во Европа да биде окарактеризирано како проширување на антиквизцијата, а од домашната јавност како трошење средства за споменици. Покрај Охридско Езеро, покрај светите Климент и Наум, нека никне и споменик на храбриот морепловец, на кого предците и потомците на македонските Американци би биле горди и што ќе означува мост меѓу старата и новата татковина. А ние овде на Балканот ќе се поклонуваме и ќе го водиме, славиме и претставуваме како човек на светот. Ѓорѓи од Лихнидос го заслужува тоа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72311923473&id=13&prilog=0&setIzdanie=22338
 
во контекст е, ама, малку појужно.
тоа со официјалните истории и старите знаења.
Дали знаете дека Данте Алигиери пишувал за the Southern Cross , кој е првпат нацртан / спомнат во 1603 г. а Данте бил умрен 3 векови пред тоа.?
инаку , the Southern Cross е видлив само од Јужната Хемисфера, а Данте никогаш не пловел со брод, и тогаш немало хелихоптери,ги нацртал Леонардо подоцна.

накратко, целата т.н. средновековна историја, Ренесансата, големите пронајдоци се фалсификати , ....

можеби ова требаше да оди во темата фалсификати во светската историја, ама не ја најдов таа тема.
 
Коло (Колумбо) добил карта од Шпанската курвица, пардон, кралица, ..
јебо вас колумбо радознали...
класика
Between 1492 and 1503, Columbus completed four round-trip voyages between Spain and the Americas
чудно...шпанската курвица од 1492 and 1503 НЕ МОЖЕЛА ДА БИДЕ ШПАНСКА КУРВИЦА, БИДЕЈЌИ ШПАНИЈА ЗА ПРВПАТ СЕ СПОМЕНУВА ВО 1525 ГОД.
Португалија, за првпат е спомната во 1500 год.

интересно е, што навистина добил Колумбо од курвица / кралица?

п.с.
не постои ниеден оригинален документ каде денешна Шпанија се нарекувала така и во времето на Колумбо, ниеден автор и потоа, не се повикува на некаков израз за да ја дефинира Шпанија и Шпанците.

тоа станало откога "Колумбо ја открил Америка"....
http://www.faculty.ucr.edu/~legneref/ethnic/mummy.htm

http://books.google.com/books?id=Lsf6RFGLUTIC&pg=PA213&lpg=PA213&dq=cocaine in egyptian mummies&source=bl&ots=1sNDguiE1I&sig=fSbeBjCKpiI-z5S_Oujv4QVqXfw&hl=en&ei=v9NJTpTWN8SusQKytLS8CA&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=1&ved=0CBgQ6AEwADge#v=onepage&q=cocaine in egyptian mummies&f=false
--- надополнето: Aug 16, 2011 2:42 AM ---
p.s.
проблем со пловењето преку Атлантикот во Колумбово време е и фактот што пред него, во него, и по него, низ Европа се граделе брани и насипи за одбрана од Атлантикот.Брани правела дури и Москва.
Ако е така, тогаш е чудно на ибериските брегови да било "мирна босна".

науката кажува дека имало големи катаклизми пред Колумбо, а одбраната од водата е последица од тие настани.

дека мноогу работи од историските настани се измислени, еден факт.

Шпанија и Франција се тепале со Арапи, на нивните територии, французите дури беа и крстоносци, отидоа до Арабија, Ерусалим, но до 16 век, во франција не е запишан ниеден податок за зборот / градбите џамија и минарет, а комшиска шпанија вриела од нив.
 
6696596,tid=i.jpg


Една античка карта,која потврдува на откривање на Америка од кинезот Zheng He мореплавец,е во понеделникот во Пекинг презентирана.Поседувачот на картата е собирач на карти и познат кинезки економски адвокат Liu Gang kој тврди дека е повеке од 70 години пред Колумбос Америка одкриена.Картата е презентирана на тогашниот кинески цар 1763 и картата е направена многу порано од 1418.
Се покаже ли картата дека е оригинална тогаш ке мора многу нешта во историјата да се променат.

ЕЈ интересно е ова! И јас сум читнал податок за ова, али не толку детално, ако некој знае повеќе, ај нека пише повеќе (можда и веќе пишал, ме мрзи да читам! :-)))) ). Она што иам прочитано е дека типов Zheng He дошол на брегот на денешна Калифорнија.

А иначе коа збориме за откривањето на Америка, Викинзите имале населба во Њу Фаундленд и тоа од десети или единаести век. За тоа пишувале во своите Винланд-Саги каде што се опишани патувањата на Ерик Црвениот.

И уште малце, имаше негде 1996 или 97 година во Нова Македонија, во фељтон, за Феничаните и нивните откритија, Египет и сл. и во тој Фељтон имаше податок дека наводно Феничаните имала мапа од сите континенти, а таа мапа подоцна ја ставиле како гравура на пара - монета. Ја имаше и монетата на фотографија. Помина многу време од тогаш али до сега не сум сретнал некој податок за ова, некако сево ова ми изглеа како добра зафрканција, али ако некој знае нешто повеќе за ова нека надополни, баш ме интересира овој податок.
 
Најмногу ме нервира она од современиве “научници“ што мислат дека светот од нив потекнува и дека луѓето во минатото биле глупави, живееле во пештери и се тепале со коски од животни...
Луѓето во далечното минато биле многу, многу попаметни од денешниве “научници“.
На тие луѓе “имот“, сопственост, им била целата планета и целата планета ја преуредувале по свој терк. На пример, во Англија со помош на тераформирање се оформени во круг тродимензионално 12-те Зодијачки знаци. Кога велам тераформирање, тоа значи дека се правени вештачки ридови, преместувани се реки, правени се вештачки долини и езерца - како некое дете да си играло со пластелин, само што ова дело се гледа само од авион или сателит. Како најеклатантен пример е платото на Гиза каде трите пирамиди верно (во размер и поставеност) ги отсликуваат трите ѕвезди од соѕвездието Орион поставени во однос на Млечниот Пат како пирамидите што се поставени во однос на р. Нил, но најважното е тоа што Големата Пирамида (погрешно наречена Кеопсова) е поставена на средишната точка на допир на најголемата земјена маса и во древноста таа пирамида го означувала Нултиот Меридијан исто како Гринич што го одбележува Гриничкиот Нулти меридијан. Дека е тоа така (а така е) сведочи тоа што сите важни историски градби, градови и места (Стоунхенџ, Мохенџо Даро, Копан, Паленке, црквата во Розвел која е изградена врз древен храм, градот Ур и т.н. и т.н.) се наоѓаат на ЦЕЛ број на степени во однос на Пирамидата, било исток-запад, било север-југ (што не е случај со Гриничкиот меридијан и денешните градови и градби). Тоа говори за ПЛАНСКА градба на сите тие светилишта и градови, а градежното тло за сето тоа била целокупната планета Земја. (Главниот геометар според Египетската религија бил Богот Тот кој е претставуван со мерилата в раце и кој подоцна е нарекуван Хермес Трисмегистос). И самите страни на пирамидата се благо заоблени (не се оштри и прави) за истиот лачен степен за кој што е заоблена планетата Земја, а нејзиниот волумен претставува точен пропорционален одраз на Северната Полутопка претставен во размер 1: 46 000(не сум сигурен за точната бројка ама повторно е цел број).
 
старите народи биле умни, ама, ај да не претеруваме.....
како може размер 1:46000 кога Египет не познавал број 0?
или цел степен (пак 0)?

како тоа да градежната (и не само таа) технологија биде заборавена , а правењето сирење да остане непроменето со милениуми?
градежниците умреле, сточарите преостанале?

по што е важен Стоунхенџ?
по ништо. сеуште не се знае што бил, јавно вц, гробишта или опсерваторија.

сите наводи кои си ги навел се правени од езотерични научници, псевдо научници, и немаат никаква потврда од официјалната наука, никој не ги зема за референци, не ги спомнува..

денес, може да се следи подигањето на монолитите низ Европа.....
тоа се базира на генетската миграција на населението.

познат е феноменот на , да речеме, неолити и пирамиди низ светот, но луѓето се доста генетски различни, па е исклучена секаква можност за нивна комуникација, отпаѓа тоа, дошол египјанец во полинезија и обратно, луѓето, во различни временски периоди доаѓале до некој стадиум на технолошко ниво....

за ЕУ, денешните британци, немаат врска со Стоунхенџ, нивните генетски линии одвај одат до 2-3.000 г. старост.
ова посебно се однесува на Велс и Ирска, Велс е изворот на камењата....

има студии дека неолитската популација во ЕУ била околу 1.000 луѓе, пола од нив мажи, дете, татко, дедо, дедото брат, многу малку генетски линии....
тоа е потврдено во франција, неодамна од 22-ца неолитци, само 2 У хг....

тие 2 У хг се некомпатибилни со Натуфијците, кои имале "афрички афинитети"....
Натуфијците и не дошле понасевер, не пошле никаде.....

Мегалитите низ ЕУ и околината се градени од луѓето кои имаат У хг Ф, Г, и И2б, ние сме > 35% од нив.....
 
Некогаш си толку смешен што е тоа жално... Не вреди да ти реплицирам.
 
хммм...како нојот, а?
а, што се нафатив јас да ти реплицирам, кога знам дека си неимформиран за многу работи?
твојот стоунхенџ е гробишта..гуглај малку.....
каменот неможе Ц14 и друго да се анализира (има нешто, како може,но..)
но, може тоа под каменот, од времето кога е тој поставен над тоа, трева....

тие што го изградиле, се мртви, денешните жители таму се дојденци по нив....гуглај малку....
да ти помогнам, ги замениле скандинавци и иберијци..од каде знаеме?
од нивните останки (коските)...изотопските анализи....не се езотерични.....

останало правењето сирење?
тоа не е напразно, знаеш ли зошто немаш пролив од млеко? или имаш?
научи прво што е lactase persistence, после јави се да ти објаснам, што, како.....

п.с.
дај ни ги пресметките за меридијаните, сателитски снимки со координатите, вака личиш на празна воденица....

Саат Кула е висока волку....тоа е 1:54327 од земјиниот меридијан....
ајфелова кула е 1:47320 од земјиниот меридијан..
kakvi se tie gluposti so Keops?
i malo dete znae deka neboto (polozbata na zemjata, kako gi gledame zvezdite) denes i togash ne e isto.....
 
Во првиот пост во однос на Кристофер Колумбо пишуваше Кристофер Колумбус. Тоа е американска верзија на неговото презиме или прекар. “Коломбо“ на италијански значи голуб т.е галаб. Проследете ја сличноста на “колумбо“ со “г(к)олу(м)б“.

Некои работи поврзани со темава што се доста интересни...историјата не “учи“ дека Колумбо трагал скратен пат до Индија за да тргува со зачини. Некои луѓе се сомневаат дека уште тогаш се тргувало со опиум а не со зачини. Можеби тоа објаснува зошто 90 отсто од населението на Кина било зависно од опиум за време на боксеровата револуција.

Друга интересна работа е човекот Америго Веспучи. Јужна и Северна Америка се наречени според него. Сличноста во презимето е очигледна. Прашање е зошто во Америка (САД) никој ниту слушнал за Америго Веспучи ниту пак го спомнуваат на часовите по историја во средно школо и на факултет. Тоа треба да се рошка малку да се дознае зошто се форсира тој Колумбо.

А дека Америка била откриена пред Колумбо откриена е. Низ светот се форсира евроцентрични погледи на светската историја и многу работи се искривуваат. Викинзите патувале до америка (но не се населиле). Самоанците често пловеле со чунови до брегот на тоа што е денес Чиле. Монголите го преминувале беринговиот леден мост. А и на самите континенти на западната хемисфера живееле многу различни домородни народи. Тие народи заедно со оние во Југоисточна азија, Австралија, Океанија и Африка го сочинувале оној дел на светот кој западните европејци го нарејувале “дивјачки“ а и народите ги нарекувале “дивјаци“. Всушност тие народи постоеле толку мирно и без штети на околината, не војувале (само симболично и имале обични расправии со соседни племиња) и што е најважно тие народи не биле земјоделци туку берачи. Шетале по земјата и ја береле нивната храна. Дошол Колумбо и ги сотрел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom