Колку сте традиционални?

Не знам кога тепањето на жена стана традиција зашто јас се си мислев дека тоа е насилство.
Еве да речеме дека половина од македонско население е традиционално што според некоја груба пресметка би било околу еден милион од вкупното население. Не мислиш дека тоа е енормно голем процент на истепани жени?

Мешаш поими девојко, насилство е различно од традиција, суеверие не е исто што и традиција, а ако уште не ти е јасно, земи информирај се, прочитај на интернет па дојди и пиши пак.
 
Суеверието е тесно поврзано со обичаите кај нас..Сети се само колку од нашите обичаи се полни со суеверија и будалаштини врачарски..?
А насилството врз жените нагласив е како последица на традицијата МАШКО ГЛАВЕН ВО КУЌА и моќта која традицијата му ја налагала...Пошто нели машко е машко..Насилството е производ и последица на таа традиција главен маж во куќа..како не разбираш..Аман!
 
Ај вака.
Прво и основно, не реков дека е негативно традиционалното, нити реков дека не ги прифаќам традиционалните семејства или дека нешто ми смета кај нив. Престани да ми ги извртуваш зборовите. .
јас го читам тоа што го пишуваш. ова што го велиш
Али најчесто не се дружам со традиционални луѓе. Ми смета дека се ограничени мислам.
не е баш нешто позитивно.

А тоа што ја споредуваш хомосексуалноста со педофилијата нема да го коментирам зашто не е темава за тоа, ама иди прочитај си малку на таа тема.
ако прочиташ убаво, не ја споредувам туку велам педофилијата и хомосексуалноста во минатото биле прифатени во општествата. Мажите имале момчиња љубовници легално.
Доволно ти е? Или сакаш посебно да ти набројувам за секоја традиција што мислам?
Не ми е јасно што имаш против луѓето што не се традиционални. Да не постоиме ние, вие ќе си тапкате во место.
јас не се изјаснив против туку ...ќе морам да те потсетам повторно на твојот прв пост овде
Али најчесто не се дружам со традиционални луѓе. Ми смета дека се ограничени мислам. Повеќето не прифаќаат ништо ново.
имаш некои предрасуди за луѓе кои ја негуваат традицијата, а во следниот пост ги осудуваш за неприфаќање на некои нешта.
Повеќето не прифаќаат ништо ново.
Да прифати мнозинството нешто ново да, доколку тоа ново носи бенефит кон мнозинството, семејствата и општеството во целина. Што е тоа ново што треба да се прифати.
...Пошто нели машко е машко..Насилството е производ и последица на таа традиција главен маж во куќа..како не разбираш..Аман!
мислам дека ти напишав пример 2-3 страни наназад. Подобро е мажот е маж во куќа, жената жена...не знам за какво насилство зборуваш.
 
Последно уредено:
Не знам кога тепањето на жена стана традиција зашто јас се си мислев дека тоа е насилство.
Еве да речеме дека половина од македонско население е традиционално што според некоја груба пресметка би било околу еден милион од вкупното население. Не мислиш дека тоа е енормно голем процент на истепани жени?

Мешаш поими девојко, насилство е различно од традиција, суеверие не е исто што и традиција, а ако уште не ти е јасно, земи информирај се, прочитај на интернет па дојди и пиши пак.
Извинете за офф топик.

Во Македонија врз секоја трета или петта (не се сеќавам добро, ако го најдам истражувањето ќе ти го пратам) жена има некаков облик на физичко насилство. За жал тоа е суровата реалност во која живееме.
 
Тепањето жена се смета за насилство денес, ама во минатите времиња било сосема нормално и општествено прифатливо мажот физички да ја дисциплинира жената.

SAM_2747.JPG

Еве мал извадок од "Крпен живот" од Стале Попов што покажува дека тепањето жени не било сметано за насилство, туку за сосема нормална појава. Ти препорачувам да ја прочиташ цела книга, многу убаво се опишани традициите за кои вие толку жалите. Уште на 15-16 години татко ти ќе ти одбереше маж, ќе те продадеше за одредена сума, на првата брачна ноќ ,ако евентуално не беше невина ќе те вратеа дома седната наопачки на магарето за да се знае дека си курва. Прекрасни традиции, стварно.
Биди среќна што не живееш во тие минати времиња, без право на глас, имот, образование и кариера, драга моја.
 
затоа сега жените идат по фитнеси, те квон до, самоодбрани, џиу џицу...ела закачни ја или не измиј тањири или не исчисти. Биќе гадно

Крпен живот? Од сите описи и настани, сите традиции на македонскиот народ токму овој пасус е болката. Дали сметаш дека навистина сите мажи во минатото па и нашите претци ги тепале жените? Тоа не е традиција. Колку што било традиција жената да се пораѓа кај стоката. Тоа тепање и малтретирање постои и денеска како и порано, посебно кај припростите и необразовани.
За мене ова подолу се традиции, од истиот роман, во што не гледам ништо лошо.

„Кој не правел свадба тој не знае ништо од веков. Особено селска и мариовска“, па на долго и на широко ги опишува подготовките и сите обичаи поврзани со венчавањето. Многу од тогашните свадбени обичаи се зачувани и денес. Најпрвин, за да се добие согласност од невестата кај неа се праќал селскиот стројник, кој морал да биде итар, мудар и снаодлив, со слатки зборови да ја придобие наклонетоста на младата девојка. По добро завршената работа, на стројникот му се купувале чевли за патот поминат по невестата. Кај невестата, свадбата започнувала во петок, кога го меселе тестото за погачите со кои се канеле нункото, деверите, попот, старосватот и други блиски роднини. Подалечните роднини се канеле со карта вино. Во сабота деверот канел од кај зетот, а братот или братучедот од кај невестата. Друг девер одел во планина по бршлен со кој се правел зелениот невестински венец. Во сабота се китела невестата од глава до петици, ја облекувала кошулата наречена „црнетата“, односно поцрнување - потчинување на волјата на девојката пред мажот. Во исто време и зетот се бричел и стрижел иако и утредента деверот го бричи за да не се појави небричен пред невестата. Подоцна се колеле јагниња, овци, па дури и крави и волови за да се подготват манџите за утредента. Во недела наутро сватовите одат по невестата. Таа е затворена, а роднините стојат со стапови и никого не пуштаат. Според обичајот, сватовите го молат домаќинот да ги пушти да преноќат. Додека се води разговорот некој од сватовите ја турка вратата, божем на сила да влезат. Потоа, сите влегуваат во куќата каде трпезите се поставени и се честат со кафе и ракија, а кога ќе засвират гајдите започнува веселбата и ората. Невестата е сè уште скриена, но сега во земникот. И оваа порта како и првата е затворена. За да влезат, деверите плаќаат, а момите ги собираат парите. Кај невестата повторно плаќаат, и даваат нови чевли, и го ставаат венецот и ја носат кај зетот. Најпосле се оди во црква каде младенците се венчаваат.
 
Последно уредено:
затоа сега жените идат по фитнеси, те квон до, самоодбрани, џиу џицу...ела закачни ја или не измиј тањири или не исчисти. Биќе гадно
Уф да е вака. Многу сакам. :X3:
 
Тепањето жена се смета за насилство денес, ама во минатите времиња било сосема нормално и општествено прифатливо мажот физички да ја дисциплинира жената.
Еве мал извадок од "Крпен живот" од Стале Попов што покажува дека тепањето жени не било сметано за насилство, туку за сосема нормална појава. Ти препорачувам да ја прочиташ цела книга, многу убаво се опишани традициите за кои вие толку жалите. Уште на 15-16 години татко ти ќе ти одбереше маж, ќе те продадеше за одредена сума, на првата брачна ноќ ,ако евентуално не беше невина ќе те вратеа дома седната наопачки на магарето за да се знае дека си курва. Прекрасни традиции, стварно.
Биди среќна што не живееш во тие минати времиња, без право на глас, имот, образование и кариера, драга моја.

Дали дедо ти ја тепал баба ти или они биле андерграунд?

Насилство има и денес, и денес има пијани мажи што тепаат жени како што имало и тогаш, Крпен Живот е пример за едно такво семејство.

Баба ми и дедо ми се живи уште, и другите баба и дедо ми се живи, никој од нив не тепал нити пак бил тепан, ако тоа било традиција и они ќе се тепале по дома, па сега и татко ми ќе ја тепаше мајка ми. Па дури ни бабата на баба ми не била тепана или па може ние сме среќна фамилија, по ова што читам изгледа ќе е така.
 
Уф да е вака. Многу сакам. :X3:
Кај нас најчесто е. Тоа е пред се затоа што времето е сменето во смисол и жените активно одат на работа и заработуваат па е тешко жена да постигне и домот и одгледување деца и одење на работа.
Но мислам дека традицијата не е само во домот, традиција е и одењето на студентски екскурзии веќе многу децении, собирањето за празници на веќе пораснати и одвоени деца, дочек на нова година. Традиција може да се воспостави или напушти, зависно за што се работи, но главно опстојува со генерации.
 
Последно уредено:
Крпен живот? Од сите описи и настани, сите традиции на македонскиот народ токму овој пасус е болката. Дали сметаш дека навистина сите мажи во минатото па и нашите претци ги тепале жените? Тоа не е традиција. Колку што било традиција жената да се пораѓа кај стоката. Тоа тепање и малтретирање постои и денеска како и порано, посебно кај припростите и необразовани.
За мене ова подолу се традиции, од истиот роман, во што не гледам ништо лошо..

„Кој не правел свадба тој не знае ништо од веков. Особено селска и мариовска“, па на долго и на широко ги опишува подготовките и сите обичаи поврзани со венчавањето. Многу од тогашните свадбени обичаи се зачувани и денес. Најпрвин, за да се добие согласност од невестата кај неа се праќал селскиот стројник, кој морал да биде итар, мудар и снаодлив, со слатки зборови да ја придобие наклонетоста на младата девојка. По добро завршената работа, на стројникот му се купувале чевли за патот поминат по невестата. Кај невестата, свадбата започнувала во петок, кога го меселе тестото за погачите со кои се канеле нункото, деверите, попот, старосватот и други блиски роднини. Подалечните роднини се канеле со карта вино. Во сабота деверот канел од кај зетот, а братот или братучедот од кај невестата. Друг девер одел во планина по бршлен со кој се правел зелениот невестински венец. Во сабота се китела невестата од глава до петици, ја облекувала кошулата наречена „црнетата“, односно поцрнување - потчинување на волјата на девојката пред мажот. Во исто време и зетот се бричел и стрижел иако и утредента деверот го бричи за да не се појави небричен пред невестата. Подоцна се колеле јагниња, овци, па дури и крави и волови за да се подготват манџите за утредента. Во недела наутро сватовите одат по невестата. Таа е затворена, а роднините стојат со стапови и никого не пуштаат. Според обичајот, сватовите го молат домаќинот да ги пушти да преноќат. Додека се води разговорот некој од сватовите ја турка вратата, божем на сила да влезат. Потоа, сите влегуваат во куќата каде трпезите се поставени и се честат со кафе и ракија, а кога ќе засвират гајдите започнува веселбата и ората. Невестата е сè уште скриена, но сега во земникот. И оваа порта како и првата е затворена. За да влезат, деверите плаќаат, а момите ги собираат парите. Кај невестата повторно плаќаат, и даваат нови чевли, и го ставаат венецот и ја носат кај зетот. Најпосле се оди во црква каде младенците се венчаваат.

И сега сакаш да ми кажеш дека твојата свадба беше во согласност со овие обичаи?!
Ти со твојата сопруга претходно не беше во врска, туку само онака ја бендиса од видување, и не решивте заедно дека е време за брак туку и` прати стројник да ја убедува, па после му купи чевли за добро завршената работа? Праќаше девер во планина по бршлен за невестински венец? Жена ти во сабота облече кошула "црнета" со цел да се потчини пред твојата волја (уште еден показател за односот кон жените)? Деверот те бричеше? Невиноста ја изгуби на првата брачна ноќ?
Кога ти се роди дете, на третата вечер викаше наречници за да му ја предвидат судбината? Ги крштеваше децата за да ги заштитиш од ѓаволот затоа што тој шири болести кај некрстените души? Ако имаш ќерка, и` спремаш чеиз?

Не ми паѓа на памет да правам ниту еден од овие обичаи, од една проста причина - се сметам себеси за практична и рационална особа водена од логика и здрав разум и не планирам да губам време, пари и нерви на работи кои немаат никаква смисла, само затоа што моите предци го правеле тоа. Во тоа време, сите овие ствари можеби имале некаква логика, ама денес да ми прати мене некој во 21 век стројник, да му плаќа пари на татко ми за мене, да облекувам некаква кошула за да му се потчинам на мажот, да го праќам деверот да акa по планини за некаков бршлен, или да го крштевам детето (а не сум религиозна) за да го заштитам од болести и уроци, или па да викам наречници некакви...НОНСЕНС.

Времињата се менуваат Лурц,и човек мора да се прилагоди, не можеш ти како слеп за стап да се држиш за традиции по кои се воделе неписмени селани пред 200 години. Традиција било и мажот да заработува, а жената да се грижи за децата и куќата, ама и сам знаеш дека денес да се издржува семејство со една плата е речиси невозможно, па така сакале- нејќеле таа традиција мора да се отфрли. Еве ти се декларираш као традиционален, ама се кладам дека и твојата сопруга работи и придонесува за семејниот буџет.
Традиција било и невиност да се чува до прва брачна ноќ, ама денес тоа да го правиш е смешно, веќе не се стапува во брак на 16 години како порано, а без секс до 25, 30 или 30+ години тешко дека човек со нормални сексуални потреби би издржал, освен тоа невозможно е сериозна врска да имаш без секс.
Тоа секако не значи дека треба да се оди во друга крајност и по автоматизам да се отфрли нешто само затоа што истото е традиција. Природата не обдарила со здрав разум, способни сме да размислиме што од старите генерации треба да прифатиме, а што да отфрлиме, а не само слепо да се водиме по традиции, без разлика што истите се непрактични и бесмислени.
Поентата е да живееме подобро од нашите предци, а не исто како нив.

Дали дедо ти ја тепал баба ти или они биле андерграунд?

Насилство има и денес, и денес има пијани мажи што тепаат жени како што имало и тогаш, Крпен Живот е пример за едно такво семејство.

Баба ми и дедо ми се живи уште, и другите баба и дедо ми се живи, никој од нив не тепал нити пак бил тепан, ако тоа било традиција и они ќе се тепале по дома, па сега и татко ми ќе ја тепаше мајка ми. Па дури ни бабата на баба ми не била тепана или па може ние сме среќна фамилија, по ова што читам изгледа ќе е така.

Очигледно е дека не си ја прочитала книгата, не се работи воопшто за пијан маж, напротив се работи за угледен, домаќин човек кој жена му ја истепал затоа што се карала со јатрвата, или како и да се викаше сопругата на братот на сопругот. Цитирам "Советите и карањата не помогнаа, та Стојо ја употреби својата власт и сила над Митра како маж над жена. После една втора или трета кавга заигра дури и дрвен господ. Ја натепа, стопански што се вели, но тоа само ја зголеми омразата..."
И тоа што дедо ти наводно не ја тепал баба ти не го менува фактот дека во минатото било општествено прифатливо мажот физички да ја дисциплинира жената во случај на непослушност. Имаш интернет, гуглај за историјата на семејното насилство,за положбата на жените во минатото, за тоа како изгледал еден типичен брак пред еден век, или пред два-три века, а не да ми кажуваш тралалајки за баба ти, а уосталом баба ти и дедо ти претпоставувам дека се зеле некаде во 60-тите години од 20 век, време во кое работите на тоа поле веќе биле драстично подобрени.
И да, и денес има пијани говеда кои ги тепаат жените, ама денес таа појава е казнива со закон и осудувана од околината(барем во повеќето случаи, иако сеуште постојат неандерталци кои го одобруваат тоа), за разлика од минатото по кое ти толку чезнееш, кога тепањето на жените не било сметано за насилство, туку за воспитна мерка со цел жената да се доведе до послушност.
И пошо те глеам многу традиционална, чисто информативно, дали се чуваш за брак? Или и тоа не било традиција?

http://www.historyofwomen.org/marriage.html
Еве ти еден сајт каде што можеш да видиш како отприлика изгледал еден брак во минатото, со оглед на тоа што се работи за Британија, можеш да замислиш како било овде на Балканот, сигурно пет пати полошо.
 
Последно уредено:
И сега сакаш да ми кажеш дека твојата свадба беше во согласност со овие обичаи?!
.
ова е како што пишува мариовска свадба. Секој крај има различни обичаи, различна традиција. Можеби 70 и повеќе % од опишаните обичаи ги имавме, ако е веќе битно. Тоа дали ќе ја продолжите традицијата и адетите на нашите стари, не навлегувам. Но тоа не значи нерационалност.
Времињата се менуваат Лурц,и човек мора да се прилагоди, не можеш ти како слеп за стап да се држиш за традиции по кои се воделе неписмени селани пред 200 години.
да, тоа го пишав погоре. Св Трипун, на запад Св Валентин, мајчин, татков ден, ден на благодарност, печено прасе, мисирка, нова година.
Глупото во цел муабет се предрасудите кон традиционалните семејства и традицијата.
Имаш интернет, гуглај за историјата на семејното насилство,за положбата на жените во минатото, за тоа како изгледал еден типичен брак пред еден век, или пред два-три века, а не да ми кажуваш тралалајки за баба ти, а уосталом баба ти и дедо ти претпоставувам дека се зеле некаде во 60-тите години од 20 век,
ова е за Годдесс ама еве и јас ќе се приклучам. И од двете страни живееле во традиционални нормални семејства, без насилство. Неколку страни наназад се пишуваше за ова. .
 
Последно уредено:
Дали дедо ти ја тепал баба ти или они биле андерграунд?

Насилство има и денес, и денес има пијани мажи што тепаат жени како што имало и тогаш, Крпен Живот е пример за едно такво семејство.

Баба ми и дедо ми се живи уште, и другите баба и дедо ми се живи, никој од нив не тепал нити пак бил тепан, ако тоа било традиција и они ќе се тепале по дома, па сега и татко ми ќе ја тепаше мајка ми. Па дури ни бабата на баба ми не била тепана или па може ние сме среќна фамилија, по ова што читам изгледа ќе е така.
Ако нешто не се случува пред твои очи- тоа не значи дека треба да го негираме неговото постоење. Се додека одредени групи (незасегнати од истиот проблем, најчесто пообразованите групи) ја покажуваат својата игнорантност кон групите кои се засегнати од проблемот, истиот никогаш нема да се реши.
Насилството во минатото било сфатено како нормален дел од фамилијарното функционирање (во одредени средини), во времето кога жените не уживале во своите права, во правата во кои уживаме ние денес (глобализирам, на папир).
Насилството постои и денес, во некоја позатскриена форма, а тоа е формата на традицијата. Жртвите не се борат против формата на насилство поради фактот што се осеќаат беспомошно, никој нема да им верува (игнорантноста кај одредени софистицирани групи), никој нема да им помогне (капацитетот на службите предодредени за тие реакции) и традицијата (што ќе речат комшиите, роднините и пријателите, ако бракот ми се распадне, муабетов- ќути и трпи).

Назад на темата. Не можам да се наречам себеси традиционална, и покрај тоа што негувам одредени традиционални сфаќања (фамилијарен ручек, за празници-кај и да се дома да си), но поради причина, почитта кон моите родители на кои навистина им е битно да бидам дел од нивните традиции (не по своја воља очигледно).
Прво што ме прави нетрадиционална, е моето неверување во брак, во било која форма, стрејт-геј, сеедно. За мене бракот е само институција за миење очи пред останатите. Во долга врска сум, живееме заедно, но тоа не значи дека таа врска ќе напредне со брак. Ќе напредне со деца можеби, но опцијата брак за мене претставува само- развод- давање пари на држава, толку!
 
Се тоа што го пишувате е во ред и не го негирам, но прашањето е дали е тоа традиција?
 
Се тоа што го пишувате е во ред и не го негирам, но прашањето е дали е тоа традиција?
Традиција по дефиниција ти е све што спаѓа под обичаи, правила и верувања кои се пренесуваат од генерација за генерација.
Различни земји имаат различни традиции. Ако порано нечии верувања биле дека жените се поинфериорни, треба да бидат удрени блаблабла, ондак технички тоа спаѓа под традиција. Е сеа дали таа традиција варира од село до село или од место до место како што кажува @Lurtz , не навлагам. Али ако во некоја држава/град/село па дури и населба, постоело низ минатото општо верување дека еве, жените треба да се тепани и тоа се практикува до ден денес, ондак да, тоа е традиција на таа држава/град/село/населба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom