Крпен живот? Од сите описи и настани, сите традиции на македонскиот народ токму овој пасус е болката. Дали сметаш дека навистина сите мажи во минатото па и нашите претци ги тепале жените? Тоа не е традиција. Колку што било традиција жената да се пораѓа кај стоката. Тоа тепање и малтретирање постои и денеска како и порано, посебно кај припростите и необразовани.
За мене ова подолу се традиции, од истиот роман, во што не гледам ништо лошо..
„Кој не правел свадба тој не знае ништо од веков. Особено селска и мариовска“, па на долго и на широко ги опишува подготовките и сите обичаи поврзани со венчавањето. Многу од тогашните свадбени обичаи се зачувани и денес. Најпрвин, за да се добие согласност од невестата кај неа се праќал селскиот стројник, кој морал да биде итар, мудар и снаодлив, со слатки зборови да ја придобие наклонетоста на младата девојка. По добро завршената работа, на стројникот му се купувале чевли за патот поминат по невестата. Кај невестата, свадбата започнувала во петок, кога го меселе тестото за погачите со кои се канеле нункото, деверите, попот, старосватот и други блиски роднини. Подалечните роднини се канеле со карта вино. Во сабота деверот канел од кај зетот, а братот или братучедот од кај невестата. Друг девер одел во планина по бршлен со кој се правел зелениот невестински венец. Во сабота се китела невестата од глава до петици, ја облекувала кошулата наречена „црнетата“, односно поцрнување - потчинување на волјата на девојката пред мажот. Во исто време и зетот се бричел и стрижел иако и утредента деверот го бричи за да не се појави небричен пред невестата. Подоцна се колеле јагниња, овци, па дури и крави и волови за да се подготват манџите за утредента. Во недела наутро сватовите одат по невестата. Таа е затворена, а роднините стојат со стапови и никого не пуштаат. Според обичајот, сватовите го молат домаќинот да ги пушти да преноќат. Додека се води разговорот некој од сватовите ја турка вратата, божем на сила да влезат. Потоа, сите влегуваат во куќата каде трпезите се поставени и се честат со кафе и ракија, а кога ќе засвират гајдите започнува веселбата и ората. Невестата е сè уште скриена, но сега во земникот. И оваа порта како и првата е затворена. За да влезат, деверите плаќаат, а момите ги собираат парите. Кај невестата повторно плаќаат, и даваат нови чевли, и го ставаат венецот и ја носат кај зетот. Најпосле се оди во црква каде младенците се венчаваат.
И сега сакаш да ми кажеш дека твојата свадба беше во согласност со овие обичаи?!
Ти со твојата сопруга претходно не беше во врска, туку само онака ја бендиса од видување, и не решивте заедно дека е време за брак туку и` прати стројник да ја убедува, па после му купи чевли за добро завршената работа? Праќаше девер во планина по бршлен за невестински венец? Жена ти во сабота облече кошула "црнета" со цел да се потчини пред твојата волја (уште еден показател за односот кон жените)? Деверот те бричеше? Невиноста ја изгуби на првата брачна ноќ?
Кога ти се роди дете, на третата вечер викаше наречници за да му ја предвидат судбината? Ги крштеваше децата за да ги заштитиш од ѓаволот затоа што тој шири болести кај некрстените души? Ако имаш ќерка, и` спремаш чеиз?
Не ми паѓа на памет да правам ниту еден од овие обичаи, од една проста причина - се сметам себеси за практична и рационална особа водена од логика и здрав разум и не планирам да губам време, пари и нерви на работи кои немаат никаква смисла, само затоа што моите предци го правеле тоа. Во тоа време, сите овие ствари можеби имале некаква логика, ама денес да ми прати мене некој во 21 век стројник, да му плаќа пари на татко ми за мене, да облекувам некаква кошула за да му се потчинам на мажот, да го праќам деверот да акa по планини за некаков бршлен, или да го крштевам детето (а не сум религиозна) за да го заштитам од болести и уроци, или па да викам наречници некакви...НОНСЕНС.
Времињата се менуваат Лурц,и човек мора да се прилагоди, не можеш ти како слеп за стап да се држиш за традиции по кои се воделе неписмени селани пред 200 години. Традиција било и мажот да заработува, а жената да се грижи за децата и куќата, ама и сам знаеш дека денес да се издржува семејство со една плата е речиси невозможно, па така сакале- нејќеле таа традиција мора да се отфрли. Еве ти се декларираш као традиционален, ама се кладам дека и твојата сопруга работи и придонесува за семејниот буџет.
Традиција било и невиност да се чува до прва брачна ноќ, ама денес тоа да го правиш е смешно, веќе не се стапува во брак на 16 години како порано, а без секс до 25, 30 или 30+ години тешко дека човек со нормални сексуални потреби би издржал, освен тоа невозможно е сериозна врска да имаш без секс.
Тоа секако не значи дека треба да се оди во друга крајност и по автоматизам да се отфрли нешто само затоа што истото е традиција. Природата не обдарила со здрав разум, способни сме да размислиме што од старите генерации треба да прифатиме, а што да отфрлиме, а не само слепо да се водиме по традиции, без разлика што истите се непрактични и бесмислени.
Поентата е да живееме подобро од нашите предци, а не исто како нив.
Дали дедо ти ја тепал баба ти или они биле андерграунд?
Насилство има и денес, и денес има пијани мажи што тепаат жени како што имало и тогаш, Крпен Живот е пример за едно такво семејство.
Баба ми и дедо ми се живи уште, и другите баба и дедо ми се живи, никој од нив не тепал нити пак бил тепан, ако тоа било традиција и они ќе се тепале по дома, па сега и татко ми ќе ја тепаше мајка ми. Па дури ни бабата на баба ми не била тепана или па може ние сме среќна фамилија, по ова што читам изгледа ќе е така.
Очигледно е дека не си ја прочитала книгата, не се работи воопшто за пијан маж, напротив се работи за угледен, домаќин човек кој жена му ја истепал затоа што се карала со јатрвата, или како и да се викаше сопругата на братот на сопругот. Цитирам "Советите и карањата не помогнаа, та Стојо ја употреби својата власт и сила над Митра како маж над жена. После една втора или трета кавга заигра дури и дрвен господ. Ја натепа, стопански што се вели, но тоа само ја зголеми омразата..."
И тоа што дедо ти наводно не ја тепал баба ти не го менува фактот дека во минатото било општествено прифатливо мажот физички да ја дисциплинира жената во случај на непослушност. Имаш интернет, гуглај за историјата на семејното насилство,за положбата на жените во минатото, за тоа како изгледал еден типичен брак пред еден век, или пред два-три века, а не да ми кажуваш тралалајки за баба ти, а уосталом баба ти и дедо ти претпоставувам дека се зеле некаде во 60-тите години од 20 век, време во кое работите на тоа поле веќе биле драстично подобрени.
И да, и денес има пијани говеда кои ги тепаат жените, ама денес таа појава е казнива со закон и осудувана од околината(барем во повеќето случаи, иако сеуште постојат неандерталци кои го одобруваат тоа), за разлика од минатото по кое ти толку чезнееш, кога тепањето на жените не било сметано за насилство, туку за воспитна мерка со цел жената да се доведе до послушност.
И пошо те глеам многу традиционална, чисто информативно, дали се чуваш за брак? Или и тоа не било традиција?
http://www.historyofwomen.org/marriage.html
Еве ти еден сајт каде што можеш да видиш како отприлика изгледал еден брак во минатото, со оглед на тоа што се работи за Британија, можеш да замислиш како било овде на Балканот, сигурно пет пати полошо.