Колку сте флексибилни при избор на партнер ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Пепси_
  • Време на започнување Време на започнување

вашиот избор на партнер е "реален" ?

  • да

    Гласови: 13 56,5%
  • не

    Гласови: 3 13,0%
  • незнам

    Гласови: 7 30,4%

  • Вкупно гласачи
    23
П

Пепси_

Гостин
Колку македонецот е флексибилен и попуствил при избор "дај шта даш" да не се остане сам у животот без разлика на тоа што вашиот "реален" избор би бил нешто сосема нешто друго но ви е "недостапно" т.е. го немате у палетата избор каде што се наоѓате ?
 
да не се остане сам у животот
Зависи, за врска или за чисто средби без некое значење туку само за забава тогаш многу нормално е дека човек е флексибилен и не се бара перфектен партнер (во спротивно цел живот девица ќе останеш), но ако правиме муабет за бирање партнер за земање и живеење цел живот заедно тогаш сигурно нема некој да се земе за некој само колку да се омажи/ожени, барем се надевам не се луѓево толку прости...
 
Многу.
При секое одбирање на филм за гледање, јас се тепам за да не гледам филм со Статам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Го мразам тој принцип на “дај шта даш“, никогаш не сум го практикувала, никогаш нема да го практикувам.
Јас не сум човек кој е зависен од околина и луѓе, генерално можам да бидам сама и со години, око нема да ми трепне. Од врска до врска кај мене проаѓа огромен период. Не сум условена, ниту ме интересира другите дали си нашле некој или ич не го разбирам моментот: сите што ги знам фатија некого, ај и јас, па паники, па депресии за такви работи... Навистина не го разбирам, никогаш не сум можела. А и мене додуша не ме разбираат, дека јас не функционирам по тој принцип.
Не ме интересираат такви работи, ретко влагам во врски, ако сум решила да влезам со некого во врска, тоа значи дека мислам дека треба да дадам шанса, па сега здравје Боже... или ќе успее или не, нема трето.

За другите не знам, не можам да зборам.
Мразам генерализации. Секој си прави избори какви мисли дека се соодветни, и на крајот од денот тоа си е личен избор, ниту ме интересира, ниту е мое да коментирам.
Јас не можам да зборам во името на Македонецот, јас можам да зборам во името на Crazy in Love.
 
Го потенцирав тоа затоа што мислам дека сме едни од неколкуте држави (менталитет) каде што сме заќоравени и условени (поради бројност = разновидност) да изборот ни биде стрикно од тука па макар и на апла фејл оти нели самоќа.....
 
Колку македонецот е флексибилен и попуствил при избор "дај шта даш" да не се остане сам у животот без разлика на тоа што вашиот "реален" избор би бил нешто сосема нешто друго но ви е "недостапно" т.е. го немате у палетата избор каде што се наоѓате ?
  1. Кога се помлади луѓето бараат љубов и партнер од сонишатата. Физичката убавина е најбитна во овој период.
  2. После младешкото лудување, откако ќе се издуваат и ќе добијат малку искуство, на луѓето малку ќе им дојде паметот и сфаќаат дека е битно и карактер да има и сега бараат нешто за поозбилно, во смисла брак, и затоа сега карактерот е побитен.
  3. Ако и после ова не успеат да се венчаат критериумите паѓаат уште подоле (на тие луѓе што ќе се венчаат eventually, тие што нема да ги спуштат критериумите нема да се венчаат, генерално гледано нормално) и разбирливо е зошто the years catch up with them, биолошкиот часовник отчукува итн... И сега тие идеи за љубов често бидуваат заборавени и се бара само некој/а со кој ќе може да се има успешен и плоден брак. Сега се бара парнтер за деца и чисто за друштво.
 
Го потенцирав тоа затоа што мислам дека сме едни од неколкуте држави (менталитет) каде што сме заќоравени и условени (поради бројност = разновидност) да изборот ни биде стрикно од тука па макар и на апла фејл оти нели самоќа.....
Така изгледа на прв поглед, но генерално мислам дека секаде се случува така, затоа и на светско ниво разводите се толку чести. Едноставно луѓето се социјални битија и голем дел се премногу зависни од околината, гледаат дека ’сите’ имаат некој, што уствари не е точно, ама човек гледа што сака да види, па паѓаат во летаргија и осаменост некоја фиктивна што им е само во глава и се залетуваат, а тогаш се прават најголемите грешки.
Е сега, ова е теорија за одреден дел, не можам да генерализирам и да кажувам дека сите се вакви, но има луѓе кои функционираат по тој принцип. :)
 
тоа е веќе и дел од друга тема дали влегувате во врска ради самоќа и депресија.

тука повеќе мислам на изборот т.е. физичката атракција и предиспозиции (плавуши,високи,црни,јапонки,вакви такви) и плус начинот на кој го живеат животот т.е. life goal шо сепак е индивидуално но е карактеристично за секој предел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom