Природата на човекот е таква,човекот не е од камен,секој е емотивен,но има крути и емотивно осакатени луѓе кои се толку себични што единствено би се жалеле себе и сопствената несреќа само,тие сметаа дека цел свет треба да ги жали само нив и толку,но сепак пак до некаде покажуваат дека се луѓе вака или така.
Конкретно за себе можам да кажам дека сум во голема мера,ме погодува се,се сочувствувам со секого,колку и да ми згреши да си ветам дека ќе му вратам,во еден момент до животот ќе се фатам и ке сфатам дека не сум способна за тоа и ќе му помогнам свесно или несвесно...да не заборавиме емоциите не се секогаш позитивни...зависи...и омразата е емоција нели?!Или јас сум помешала,како и да е за мене е...А солзите се само нешто што може да се вклучи ус пат,не се доказ дека навистина нешто толку ни значи,не повредило,не усреќило,секој може да ги изнуди и изглуми.
Ова со Тоше многу ме погоди,нормално е и како да не е ,сите знаеме зошто...но да бидам искрена,како поминува времево сфаќам дека повеќе заплакаа некои заради тоа што сите плачеа и да кажуваат колку литри солзи исплакале и како се тие фини и добри и слично...колку повеќе се прават големи со своите чувства ги гледам како изузетно мали...па уште колку мејлови ми стигнаа,па смс пораки,па на хи 5 пораки,патетика...Болката почувствувај ја сам и научи нешто од него,Господ ни го испрати да ни покаже нешто и да научиме и пак не го направивме тоа...Малку луѓе ја имаа таа привилегија,но не убава привилегија вистински и искрено да ја осетат болката,а тоа беа неговите најблиски...Премногу сме мали за него,за да си дозволиме да го сожалуваме (а и јас го правам тоа несвесно иако несакам да го правам).