realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Петте партии и коалиции што освоија пратенички места во Собранието, само за телевизиските реклами во изборната кампања ќе треба да платат околу 23 милиони евра на петте телевизии со национална концесија.
Толку изнесува цената за околу 68 часа платена политичка програма во ударните телевизиски термини, што ги закупиле коалициите и партиите во текот на дваесетдневната кампања, пишува денешен „Дневник“.
Најголема сума од околу 16 милиони евра на телевизиите ќе треба да им плати ВМРО-ДПМНЕ со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, додека долгот на СДСМ и на коалицијата „Сонце“ ќе изнесува околу 4,6 милиони евра, без други трошоци за кампањата.
Само со овие суми и двете коалиции значително ја пречекорија дозволената сума од 1,7 милион евра, колку што законски им е дозволено на партиите да потрошат во кампањата. наведува весникот.
Во граници на дозволената сума е трошокот за телевизиската кампања на ДУИ, која треба да ја чини најмалку милион евра, ПЕИ - 1,1 милион, а ДПА - околу 800.000 евра.
Ваква пресметка, според весникот, произлегува од податоците за емитуваната платена политичка програма што вчера ги соопшти Советот за радиодифузија и од ценовниците за реклами што петте телевизии ги објавиле пред изборната кампања.
Извор макфакс 07/06/08
Колку пари трошат партиите за време за избори, знаејќи дека по анализата на "Дневник", само за телевизиски реклами, заедно треба да издвојат околу 23 милиони евра, нерачунајќи ги тука парите од рекламирање во печатените медиуми, локалните телевизии, билбордите, плакатите и постерите кои овие избори беа во изобилство, рекламниот материјал....несметајки ја тука организацијата на митинзите, организираните екскурзии на партиските војници низ градовите...стимулацијата на членството изразена преку давање бесплатни телефонски картички и точење бензин за подигање на мобилноста пред и за време на изборите и уште многу други трошоци за кои сите ние плаќаме.
Вкупната сума која ќе ја видиме на крајот на изборниот процес приложена од партиите, ќе биде далеку помала од реалната сума, за која обичниот граѓанин никогаш нема да дознае колку, и од каде им се тие пари.
Јас лично сметам дека вкупната цифра, потрошена на овие избори надминува повеќе од 100/150 милиони евра.
Знаејќи ја моменталната состојбата во државава, нели е ред веќе еднаш партиите да престанат да водат американски кампањи, во македонски услови, и да покажат на дело барем малку, дека сочувствуваат со сиромаштијата на граѓаните, која на митинзите не ја вадат од уста, а имајќи во предвид дека наредната година не чекаат и претседателски и локални избори.