Но Смартес, ако ги разгледаме зборовите современо, модерно, до каков заклучок може да дојдеме? Современо е да размислуваш, живееш/твориш согласно (со времето) во кое си. Да користиш денешни технички достигнувања за подобрување на своето живеење и околината. Просто кажано, ваљда тоа е современост. Што се прави со поимот -современо сфаќање-? Се злоупотребува до коска.
Дали прифаќањето на некои идеи и теории (кои никој не знае ниту дал се точни) се главен предуслов за современото. Не само во контекст на хомосексуалноста туку во сите оние сфери каде велат -доколку не ги прифатиш тие светогледи (кои рака на срце не се воопшто глобално прифатени) дали не си современ? Овие поими се само испреплетени и измешани и секое здружение, групација, фела...сака да ги искористи за постигнување на своите цели, а воопшто не значи дека се исправни (а исправност е повторно субјективна категорија).
Не значи дека си современ ако не прифатиш некои ставови кои се косат со твоите размислувања или размислувањата на мнозинството. Не можам да прифатам се и сешто само за некој да ме нарече современ, либерален, демократски, развоен и слично. Тоа се зборови (или игри на зборови) кои се користат во гореопишаните ситуации, за кои е потребно да се мисли со своја глава.
Во конкретниот случај на хомосексуалците, што значи современо размислување и современост?
Дур сега видов дека имам отидено многу вон темата што Гладиус ја поставил. Сепак овие поими (современо, назадно, модерно, либерално, традиционално...и уште некои) ми беа интересни за дискусија, колку на лош начин може да се (зло)употребат.