Колку не' крадат операторите преку СМС пораките?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Интересно, и покрај тоа што цените на повиците паѓаат, СМС пораките остануваат на иста цена во повеќето пакети, фамозни 5 денари. Дали и колку не' крадат операторите преку СМС пораките?

Зошто една СМС порака треба да чини еден денар
Според последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во третиот квартал од 2011-та година во Македонија се пратени над 137 милиони СМС пораки. Но, дали денес сé уште се исплати да праќаме пораки?
pp.jpg

Пред доаѓањето на третиот мобилен оператор во Македонија во 2007 -ма, цените на една минута разговор во некои тарифи изнесуваа над 15 денари. Тогаш пораките чинеа 5 денари и беа значително поевтини од една минута разговор. Со зголемувањето на конкуренцијата, цената на една минута разговор денес падна на околу 5-6 денари, но пораките сеуште ја држат истата цена.
Операторите можат значително да ја намалат цената и повторно да бидат во добивка бидејќи СМС пораките скоро воошто и не ја оптоваруваат нивната мрежа. Една порака се состои од 160 карактери (букви, броеви и симоболи) и „тежи“ само 140 бајти. Замислете. за пренос на 140 бајти плаќаме 5 денари. Тоа значи дека ако сакате со СМС да пренесете 1 мегабајт информации (7500 СМС пораки) ќе треба да платите над 37.000 денари.
Се чини операторите знаат дека понекогаш едноставно мораме да пратиме СМС и затоа уживаат во големите профити.

 
Кој уште плаќа и праќа СМС-и поред овие технологии и интернети и триста чуда?
 
Интересно, и покрај тоа што цените на повиците паѓаат, СМС пораките остануваат на иста цена во повеќето пакети, фамозни 5 денари. Дали и колку не' крадат операторите преку СМС пораките?
Да се само тие... Кој стигне не пљачкосува колку може.
 
Мене ич не ме крадат не праќам СМС.
 
Jaс сум на вип. и не праќам пораки бидејќи имам бесплатни минути и 90% од именикот ми се на вип така да. а инаку во вип е 2,5 денари порака.:D
 
Според мене најубаво ке биде да направат цените да бидат по карактери пример 50 карактери 1 денар...би било подобро..ама сепак кој ме слуша мене..
 
Не ја сфаќам и јас поентата да си на Т-Мобиле освен ако си вработен таму.Екстремни цени имаат. Порака се разбира дека денес се користи, ќе ти пушти некој коа си на час, не можиш да збораш или и ти истото ќе го напрајш во услови недостапни за разговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom