Колку на пријателите им пречи што не сте веќе "сингл"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Колку пријателите ве разбираат што веќе имате партнер и не сте во можност да излегувате толку често со нив како порано, да пиете по цел ден кафиња со нив, да флертувате како порано? Дали упорно се однесуваат како порано, ви се лутат и немаат разбирање?
Дали во ваков случај е љубомора или страв? Љубомора што тие немаат моментално партнер или страв дека ве изгубиле вас и пријатните моменти кои би продолжиле доколку не сте нашле личност со која сакате да имате врска.
Дали сте изгубиле пријател откако сте се посветиле на вашата врска?
 
Ова прашање има основа кај оние што подолго време биле „сингл”, веројатно.

Не знам, моите пријатели никогаш не ми замериле, а како што поминува времето - ниеден од нив не е веќе сам и дури и фамилијарно се гледаме :) :)

Иако немало замерки, сепак постоела доза на „жал”, бидејќи сепак останала празнина во друштвото. Ние бевме доста „компактно друштво” (шо би рекол Тошо Малерот), така да секој од нас си имаше свое место и своја улога, ама и покрај тоа немало замерки или љубомори.

Сега е доста поинаква ситуацијата, и се гледаме во други прилики и поводи - веќе нема место за такви споредби...
 
Ми викаат: абе пер се ожени ти!
Те јавнала еј, нигде те нема. Ти врзала ланец...
Исто викам и ја!
Тоа ваљда се должи на навика :)
Лажам!
У Куманово увек има време да се видиш со другарите, барем оние најблиските.
Се е тука близу, кафе шемата ми е до гс. А и на повеќето мои најдобри другари. Е сега со другите, ако има женска, нормално помалце време за нив. Али увек има добра воља.
Посебно сега откако студирам у Љубљана, секоја прилика што ќе најдеме да се видиме ја користиме. Со цура или без.
 
Може да се каже дека дечко ми замерувал дека сум повеќе со другари/ки отколку обратно и секогаш ќе е така. А на други не замерувам, освен ако пред тоа збореле едно, а прават друго и тоа другото е без граници:pishtoldz :icon_lol:
 
само една ми имаше замерено за тоа дека 24 часа бев со дечкото
 
Ниедна не ми замерила, иако можеби еднаш во годината се гледаме.
 
spooky напиша:
Ова прашање има основа кај оние што подолго време биле „сингл”, веројатно.
Точна ти е забелешката. И тоа поради 2 причини:
- Тие што подолго време биле „сингл“ на почетокот на врска се речиси неразделни од парнерот/парнерката.
- Друштвото на „екс синг'лот“ било речиси неразделно до почетокот на врската. :wink:

Со тек на време, се се стабилизира.
 
А кој ги прашува пријателите : не смеат да ми се мешаат у штипки оти :pishtoldz
 
Зависи колку си се сменил/а откога не си сингл:wink:
Ако не си ги заборавил поради новата женска/дечко нема зашто да коментираат.
 
ја имам еден другар.. не е веќе истиот.. отиде кутриот јабана..

иначе мене никад не ми се дешава тоа.. т.е увек ми се дешава пошто приметуваат сите освен ја..
 
Замерале, не замрале, тоа ти е. Од вистината и реалноста нема бегање, дури ни во виртуалата.
 
Мене ме нервираат оние кои не се сега сингл и не се одлепуваат од девојките.

Причина - ретко кога сум бил сингл и секогаш сум наоѓал време за другарите. И тоа на нивно барање. Не ретко сум доаѓал во ситуација и да се карам со партнерката, само за да им угодам на нив.
 
Замерувале, не замерувале, нивен проблем.
Имено, и мене ми пречеше некад тоа што не сум сингл повеќе, али времето си поминува. Или да парафразирам, јебеш не јебеш, време курцу пролази.
 
Sekoj neka si brka svoja rabota ,ama ich ne se zamaram so toa sto mislat za mene ili sto mislam jas za niv,i veruvam deka toa nema da gi izmeni odnosite megu nas
FRENDS zasekogash
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom