Колку ја цените...?!

Ценам... и тоа многу, иако не ја очекувам. Но, секоја помош е добредојдена. Ако ми помогнеш, знам 5 пати да ти вратам.

За блиските, не ни размислувам ниту бројам. Колку можам помагам.
 
Искрено во животов многу ретко ми се случува некој да ми направи услуга, и ако тоа се случи сигурно дека многу ја ценам помошта
 
Ценам, а се надевам и враќам на добрите дела, то тие может да си кажет, малкуте љуѓе во кој шо иам доверба во последно време...негде 2-3 се само и само нивни дела ценам пошо се друго е од корист и привремено.
 
Ја ценам многу затоа што поретко ја добивам и најчесто е за нешто што во моментот итно ми треба па тој што ќе го помени моментот го ценам и како личност и секогаш сум му на располагање,такви ствари не заборавам :helou:
 
Тоа што некој за мене го направил, ми помогнал... премногу го ценам. Некој кој ми направил нешто добро никогаш нема да го заборавам и секогаш ќе го ценам :)
 
Јас несакам да ми помагаат и да се оптеретуваат со мене... но кога ми помагаат, јас паравам се за да им се оддолжам.:)
 
Мене многу луѓе ми немаат помогнато, затоа што не ми требало или не сум барала, немало потреба таква....Најчесто најблиските така да....Ја ценам но тоа го сметам за нормално...тоа е взаемно помагање со своите.....
 
Секако дека ја ценам секогаш туѓата помош, затоа што знам дека и јас сум ја давала на многу кога им била потребна. Но сум сфатила дека во денешно време повеќе туѓинец би ти помогнал, него ли свој човек. Зошто толку станаа изопачени луѓето, не знам...
 
Една од работите кои што највеќе ги ценам во животот и никогаш не ги заборавам е искрено понудена помош од некој за било што :)
И да не може да ми помогне, доволен ми е фактот што се интересира некој барем да ми помогне.
Ако ништо друго, се осеќаш дека имаш потпора, а тоа е итекаква помош!
 
Ценам,можеби некогаш и премногу.И пробувам да се одолжам.
А кога е во прашање дали некој ја цени мојата помош...
Па за џабе не рекле: „Прави добро без очекувања...“ ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom