Колку им верувате на луѓето околу вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Spaski
  • Време на започнување Време на започнување
Иако,сум сеуште дете,сум поминал многу срања и бедови во животов(не класичните тинејџерски во стил,све е против мене,моите не ме сакаат,и такви работи),можам да кажам,и тврдам дека имам 5 души кои што сум сигурен дека можам се да кажам пред нив,и им верувам исто колку и на домашните.

освен тие 5 души,на никој не верувам.Со сите сум од корист-исто како и они со мене.ништо не ме изненадува,што и да направат/кажат.Имам голем круг на другари/другарки лажни,а многу мал на вистински.

но,добро е што ги имам и тие 5 души,во денешно време:)
 
Нормално на родители ,роднини верувам ,од пријатели верувам на 1-2-ца со кој сум она ептен близок а на останатите другари,познаници им верувам но со голема доза на резерва.. Не верувам(ич) само во медиуми(телевизија) и не верувам во медицинава што ни ја пласираат странскиве доктори у стил нема лек за ова ,она итн.. Такви срања избегавам и да слушам..
 
Полесно ми е да верувам..отколку зад се да ги барам скриените намери..и заборавам да бидам претпазлива и мислам дека сите луѓе имаат добри намери, па после си ја удирам главата. Ама убаво е што има луѓе во кои имам доверба, секако може и тие да згрешат, ама знам дека не ми мислат лошо :)..и убаво е кога можеш да разговараш без притоа да си викаш: абе треба ли да го кажам ова или не?
 
уште малку па скоро ич се повеќе луѓето ме разочаруваат.
 
Колку им верувате на луѓето околу вас?
Уф во никого немам доверба.
Не знам, можеби и досегашното иксуство ме научи да немам во никого доверба.
Освен тронка доверба имам во моите и сестра ми, но никогаш не знаеш од кого можеш да бидеш изневерен.
 
Верувам во себе, и во своето семејство!
Луѓето околу мене - зависно од мојата проценка!
Лесно е нешто да се каже, да се излаже.....
Душата на човекот се гледа преку делата кои ги прави, не преку неговите зборови! Тоа е мојот критериум на доверба!

Исто така сметам дека некои работи, треба да останат само за себе!
 
Секој ден се помалку им верувам на луѓето околу мене, и се спремам за најлошото што ќе произлезе од нив.
 
Зависи на кого.
Во семејство имам најголема доверба.
Следи симпатија и најблиските пријатели.
Имам доверба и во други, но не толкава.
Сепак сум си претпазлива. :cautious:
 
До пред некое време имав поголема верба во луѓето, но одтогаш целосно го сменив моето мислење. Засега само му верувам на родителите, на родните, и на блиските пријатели, за кои блиски можам да кажам дека на една рака се бројат, иако имам големи пријателства, иако се сметам и ме сметат за друштвен човек, моите мислења и тајни, секогаш им ги кажувам на блиските пријатели па од кога се знам со нив, досега ништо нема излезено, едноставно се излегува во позитивна смисла и сум среќен што и тие ме сметат за близок пријател. Порано мразев луѓето да ме оговараат, но сега тоа не ми смета поради фактот доколку некој ме оговара нема да ми смета, по што мене нема да ме боли глава од него, туку него одмене што баш замене нашол да зборува.
 
Верувам онолку колку што морам. Да верувам повеќе би бил наивен, да верувам помалку би бил некаков параноик. Вака или онака сите сме себични, сите криеме помалку или повеќе важни нешта за себе од различни причини пред различни луѓе. Таму каде што верувам дека има простор за искреност, искрен сум.
 
Им верувам на оние кои ми се семејство( таму ги ставам моите најдобри другари за кои би направил се ) на друг тешко.
 
Им верувам на оние кои ми се семејство( таму ги ставам моите најдобри другари за кои би направил се ) на друг тешко.

Од каде толку сигурен дека се најдобрите??

Колку се тие најдобри,колку можат да бидат...има лимит?
 
Се додека не можеш да си веруваш на себеси, не можеш ни на друг. А ако има таков што 100% има верба во себе и се познава во секое светло, и во незамисливо зло и незамисливо добро, тогаш него не може никој жив да го заебе - нема ни да има потреба да се плаши од туѓите шлајфки :D

Шала на страна, некогаш сама на себе не можам да се потпрам и се разочарувам од своите постапки, не па од туѓите. Луѓето се послични одошто мислат. Не знаеш кој стадиум од твоето постоење ќе го извлече од тебе најлошото и ќе почнеш да газиш се пред себе. На најблиските верувајте им по договор: Батка, за ова можеш да сметаш на мене, али за ова не ме барај... Чиста сметка, долга љубов. На крај краева,ни тебе никој не ти верува :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom