Колку ги почитуваме постарите од нас

  • Креатор на темата Креатор на темата 007 BOND
  • Време на започнување Време на започнување
Почит према постарите? You gotta be shitting me... Воглавно се неписмена рурална маса, а муџите упорно го фураат тој моронски концепт на "постариот е во право, видел повеќе" :tapp:
 
Јас имам 24 години.И јас сум постара од некого.На пример од братучетка ми што е помала 13 години од мене.Ако јас не се однесувам достојно на мојата возраст,не покажувам почит и разбирање спрема нејзините интереси и потреби, не и помагам, не ја подучувам во одредени работи...како можам да барам или да сакам да ме почитува само затоа што сум повозрасна?
Почитувам постари, но не заради возраст и не заради тоа што некој ми е татко, мајка, тетка, тетин, чичко, стрина, баба или дедо...Почитувам заради самата личност, доколку сметам дека е достојна за почит.
Колку за пример, во средно кога бев, и ја треснав вратата на една професорка заради тоа што не сакаше, односно одбиваше да ми каже каде згрешив кога одговарав и наместо петка, сакаше да ми стави четворка.А јас знам - грешката не беше во мене...Беше во неа.Тие што имаа петки од неа беа таргетирани уште пред самото тестирање или испрашување.Затоа и некогаш не ги ни испрашуваше или ги ослободуваше од тест заради нивната претерана досадна активност (дигање рака ) на час. Јас културно ја прашав и и кажав дека сакам за петка да одговарам, дополнително ако треба, а она се изнервира и ми стави доволен два. Беше бремена.Пред да оди на породилно на новата професорка и кажала да ми ја поправи двојката за на крај да имам петка.Жалната таа, не знаеше дека вујко ми е нејзин колега во истата гимназија.Кога ја седнал да ја праша зошто таа ученичка (јас) има таква оценка па дури и забелешка во дневник за непристојно однесување, се збркала и не знаела што да му одговори.Ама што ти е таа - го прашала, а вујко ми и рекол - внука од сестра ми е, ама тоа не важно...
На првиот тест што го правевме од новата професорка освоив максимален број на поени, без никаква грешка, а нејзината омилена ученичка што избегнуваше да ја испрашува и да ја тестира - извади многу послаба оценка, 2 или 3...не се сеќавам, а и не е битно.Јас многу покасно дознав дека и има спомнато за мојот случај на новата професорка.

И почитувањето има граници.
 
Реципроцитетно
 
Мене ме занима зошто постарите немаат почит кон нас помладите од нив? Зарем курчот со годините им дава право? Фак ноу, ај сеј фак дем! Позз чао
 
Кога дете ќе наполни 7 години треба да се почитува како индивидуа, а не како подреден. Ова е вака ако се сака тоа дете да израсне во здрава личност со сопствени промисли и замисли. Возраста нема никаква врска со почитта. Почитта се заслужува, не се добива со возраст.
 
Не. Детето треба да се почитува уште од самото раѓање. Кога ќе наполни 7 години е касно за да го почитуваме и учиме на почит.
 
Не. Детето треба да се почитува уште од самото раѓање. Кога ќе наполни 7 години е касно за да го почитуваме и учиме на почит.
Да. Се сложувам. Поентата ми беше дека децата се препознаени од системот како особи кои треба да се инкорпорираат во него преку почеток на образовниот процес. На 7 години треба да се почитува како ИНДИВИДУА бидејќи тоа веќе ќе почне да превзема одговорност за своите постапки.
Инаку, таман работа ако родителот дури тогаш почне да се однесува со почит кон своето дете. Не ме разбра или можеби јас не бев јасен.

Децата треба да се почитуваат уште додека се во мајчината утроба. Родителот почнува воспитно да делува врз детето со самото раѓање.

Децата се табула раса. Што ќе испишеш на нивниот карактер, тоа ќе читаат цел живот. Не за џабе рекле дека домашното воспитување е се. Јас би вовел задолжителни курсеви и литература за секој иден родител..
 
Мислам дека тек сега сме разбрани. Не можам, а да не се согласам со се што си пишал.
Посебно за задолжителните курсеви за идните родители.
 
Само овија шо се од маалово како се викет самоназначени "воени ветерани" уствари партизани и комунуисти, е ними само ними ги поштовам.
Добро сеа и тетин ми, вујко ми, еден постар роџак и уш два три тројца шо сеа не ми теквет и мајка се разбират.
Воглавно седумдес посто тие печесминашес.
 
A мене не ме поштуеш а !?!? o_O За ова после кутеќ ке јадеш :lut:
 
A мене не ме поштуеш а !?!? o_O За ова после кутеќ ке јадеш :lut:
Епа ти си брат во овије два-три тројца шо ги спомнав, сумљаш ти во мене? Јас со шифри пишам :ROFLMAO:
 
Епа ти си брат во овије два-три тројца шо ги спомнав, сумљаш ти во мене? Јас со шифри пишам :ROFLMAO:
Добро што сум кај нив,а да бев кај воените ветерани :vozbud:
 
Добро што сум кај нив,а да бев кај воените ветерани :vozbud:
Немојш со нив, требит да си биден член во некоја воена формација или некој тежок пациент герилец, да му имаш служено на петокракана од Тита, да мислиш дек Јованка е најуба жена, да делкаш скришум ракија и да баздиш на комина, да имаш "карано" тамбури по селана, да носиш маслинеста ѕивра за назиме и калци чорапи, да си кратко шишан и да си бричен ко младо тамбурче и налет то за да се дружиш требит лозинка и 2 мотивациони писма пишани со црно мастило копирани во 3 примероци.
Е тие брате, е тие се хардкор зато јас ги поштовам зш се сите летнати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom