Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Колку за информација, воздухот во Скопје е позагаден од воздухот во Пекинг и Шангај. Градови кои во моментов се најактуелни на сите светски медиуми по нивото на загаденост.
Ако на некој му се споредува.

Пекинг
http://aqicn.org/city/beijing/

Скопје
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4


Не сум сигурен колку е точно ова.

Имам читано дека властите во Пекинг лажат за овие информации т.е во Американска амбасада имале мерачи и покажале загаденост неколку пати повисока од таа што е наводно презентирана.
(И америве ми се сумливи ама пак некако поверодостојни од Кинезиве, барем јас не гледам некоја придобивка ако лажат за ова)
--- надополнето: 20 декември 2013 во 03:54 ---
Кој го интересира :
http://www.airinfonow.org/html/ed_particulate.html

Накратко :

Главни загадувачи :
П10 (пр. фабрики итн.)
ПМ2.5(пр. Автомобили)

Coarse Particles (PM10)


Fine Particles (PM2.5)

What they

are

  • smoke, dirt and dust
    from factories, farming, and roads
  • mold, spores, and pollen
  • toxic organic compounds
  • heavy metals
How they’re

made
crushing and grinding rocks and soil
then blown by wind

  • driving automobiles
  • burning plants (brush fires and forest fires or yard waste)
  • smelting (purifying) and processing metals

Степени на загаденост :

Particulate Matter -- Air Quality Index (AQI) and Health Concerns
AQI Values
Air Quality Descriptor
Health Concerns*
PM2.5
PM10
0 - 50


Good
None
None
51 - 100**


Moderate
None
None
101 - 150
Unhealthy for Sensitive Groups
People with respiratory or heart disease, the elderly, and children should limit prolonged exertion.


People with respiratory disease, such as asthma, should limit outdoor exertion.
151 - 200
Unhealthy
People with respiratory or heart disease, the elderly, and children should avoid prolonged exertion; everyone else should limit prolonged exertion.
People with respiratory disease, such as asthma, should avoid outdoor exertion; everyone else, especially the elderly and children, should limit prolonged outdoor exertion.


201 - 300
Very Unhealthy
People with respiratory or heart disease, the elderly, and children should avoid any outdoor activity; everyone else should avoid prolonged exertion.
People with respiratory disease, such as asthma, should avoid any outdoor activity; everyone else, especially the elderly and children, should limit outdoor exertion.


301 - 500
Hazardous
Everyone should avoid any outdoor exertion; people with respiratory or heart disease, the elderly, and children should remain indoors.
Everyone should avoid any outdoor exertion; people with respiratory disease, such as asthma, should remain indoors.
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4

Дневно се движи помеѓу 300 и 400 т.е опасно за сите.
Според сајтов на владава во недела стигнало до 900 :drk:, според скалава од 150-200 е лош по здравјето, 200 - 300 многу лош, а веќе од 300 - 500 е опасен по здравјето(животот) не само на осетливите туку на сите групи граѓани.
 
Привремените мерки се сеуште од некојси стари сфаќања. Бремените и постарите од 60 не се единствени ризични групи. Луѓе од 30 и 40 години со хронични проблеми, срцеви или дишни. децата нели се нашата иднина. Нема да пропадне светот зашто седеле дома 10 дена повеќе.
 
На друго место прочитав дека греењето со дрвја не може да биде опасен колку другите извори, пошто дрвото при согорување го пушта јаглерод моноксидот кој го собрал ... значи влијанието врз природата е неутрална.
Но на пример би било препорачливо дрвјата кои се горат да бидат суви, односно да не содржат влажност над 25% (?)
Поголема влажност на дрвото значи повише чад.

Поголема влажност на дрвото значи понеефикасно согорување, а тоа значи повеќе чад. Но добро, пак на исто излегува. Повеќе загадување.

Тоа што не го знаеш, (пошто без навреда но површното читање на нешто никого не направило добар познавач) тоа што не го знаеш е дека поголеми количини на јаглерод моноксид е резултат на лошо, споро и неефикасно согорување на ниски температури. При ефикасно согорување количините на јаглерод моноксид што се испуштаат се минимални. Понатаму, правата опасност од јаглерод моноксидот е за тие што се внатре во просториите каде се горат дрва.

Трагедијата е во самиот концепт на работа на денешните печки на дрва (или ќумбиња како што некои ги нарекуваат). Обичните ќумбиња, најчесто се користат со намален проток на воздух за согорувањето да се успори и „дрвата повеќе да траат„. Со ова и онака малата ефикасност на согорувањето неколкукратно понатаму се намалува а загадувањето пропорционално се зголемува.
Тоа што е потребно како промена кај греењето со дрва е концепт со што побрзо согорување, зошто така согорувањето е најефикасно и има најмалку загадување. Но тогаш убаво е да се има и термална акумулација во дизајнот на печката, за да се „собере„ вишокот топлинска енергија.

Во овој дел од постот, просечните форумџии веќе рипнале понатаму да се смеат на пост од пар реченици кој содржи некоја досетка. :) Но можеби тебе ти помогна да научиш нешто ново (освен ако и ти не си дојден на темава за хумор и сеир).


Инаку концентрациите на пм10 честици се користат како најрелавантен показател за загадувањето затоа што најлесно се мерат. Секако дека има и други опасни загадувачи, но тие потешко се мерат и едноставно може да се пресмета некаква пропорционалност за да се добие нивната концентрација во воздухот. Секако дека и тие загадувачи се и тоа како опасни, но пм10 се најчест аргумент затоа што тие се мерат.
 
Факт е дека оваа влада им даде карт бланш на големите компании и организации, за тормозење на народот. Па имаме повеќе примери за наплаќање на нешта кои не пoстојат или кои биле бесплатни, задолжително плаќање на услуги кои никој не ги бара и слично. Имаме толерирање на големите компании по секаов основ - загадување, неисплаќање плати и ред други нешта.
Еден, но за жал далеку од единствен, пример, е Топлификација.
- парното е поскапо
- мора да го плаќаат и оние кои го немаат
- послабо е од порано и повеќе не го пуштаат во 4 и пол-5, туку во 7
и да не набројувам, (ама можам уште работи да посочам, ако треба)

Тоа, ги наведе многумина да се исклучат од парно и да преминат на други начини на загревање, меѓу кои и загревање со фосилни горива. Нормално, никој не е будала за стан од 40 квадрата да плаќа 1700 и преку лето, за никаква услуга во зима. Да не дрвиме, има и тема за овие работи.

Колку што знам, ако грешам, нека ме исправат, некој од власта им акции во БЕГ.

Со кој памет кенка власта за загадувањето дека е од дрва и нафта за огрев, кога они самите ги потераа луѓето во таа насока?

Тоа дека оваа власт нешто ќе ги притисне компаниите што загадуваат, да стаат филтри и слично, не би требало да се очекува. Власта ги пушта државните институции, големите компании и сите други, што сакат да праат со обичниот човек. Нека проба некој да ме негира за ова. Она што знае оваа власт е единствено да го притиска обичниот човек, па така и за оваа работа со загадувањето.
 
Остај ги ти кенедиевците, и кажи какви/кои климатски феномени предизвикуваат загадување со пм10 честици?
Макар избаци некоја теорија... било што логично, било која метеоролошка појава што би предизвикувала до 10 пати зголемени концентрации на пм10 и пм2.5 во зима (за разлика од лето)??!?

Сакаш јас да се обидам... еве торнадо ветрови теоретски можат да го направат тоа. Кога последен пат си видел торнадо во Македонија?

Од друга страна отвори прозор и изгледни се шансите дека и во комшии имаш оџаци. Оџаци кои чурат густ чад богат со пм10 и пм2.5, заради тоа што се употребуваат печки со неефикасно согорување.


Затоа следен пат кога ќе си испееш рефренот за сиромашните, сети се дека тие неефикасни печки им прават економски зијан на власниците, и не трујат сите во градов. Со поефикасни печки, ќе заштедат неколку пати на потрошувачка на дрва, и нема да го трујат градот. Такви печки се прават и во сопствена изведба, за многу малку пари.
Само со ваква еколошка свест на рајава овде, прво требаат регулации и закони да ги поттурнат работите во права насока.


До прееска, си викам, не реплицирам, океј е. Ама сега нешто многу работа ми се собра, и знаеш што прво се прави кога ке имаш работа? :)

Пошто е трет пат, еве школски:

Разликата меѓу лето и зима е во воздушните маси.

Ладниот воздух е потежок.
Топлиот е лесен.
Топлиот оди нагоре, се тркала нагоре по планините
Ладниот паѓа во котлините.
И останува таму. Не мрда. Создава антициклон.

Затоа на зима поладно е во Битола, него на Пелистер горе.

Кога ладен воздух седи, мирува, а тоа трае со денови, недели, па и месеци... акумулира се живо и диво.

На лето, има поголема циркулација.

На зима, шо се вика, дури не ни има циркулација.

Знајш зошто примеров: оти ги обвини домаќинствава, како разлика од загадувачите лете/зиме.

Kill the poor...
 
Ќе контролираат и казнуваат станици за технички, ќе исклучуваат возила...камо вака да беа ажурни кога највише се испорасипаа возилата, кога не ги контролираа макпетрол, окта и другите трговци со неквалитетни горива, кога немаа ригорозни контроли за масла и мазива од косово и којзнае каде преточувано во канти и цистерни и кога дозволија увоз на стари издувани возила. Малку лицемерно

http://www.mkd.mk/kolumni/ja-meri-l...vozilata-na-javniot-prevoz-na-transportnite-i
Неопходна е неодложна контрола на станиците за технички преглед, упатување на возилата на вонредни технички прегледи и исклучување од сообраќај, но и одземање на лиценци на станиците кои не ги почитуваат законските обврски. Од оваа наша негрижа најранливи се нашите деца, најмладите!


Нафтата загадува али и јавните установи веќе од низа околности се приморани на заштеди
Недоволно пари за греење на училиштата

Секоја година парите за греење што училиштата ги добиваат од Министерството за образование се далеку од потребните, со што во старт општините не може да ја сокријат загриженоста од претстојната зима. Некои училишта, за да имаат греење, решиле да осигураат нов пристап и од парно се префрлиле на нафта, изјави градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски.
„Секако дека се одразува, ние и досега штедиме, веќе четири училишта префрливме од централно греење на нафта со што заштедивме, имаме дури трипати помали трошоци за затоплување. Ако порано трошоците по училиште биле од 3 до 4 милиони, сега тоа ни се движи од милион до милион ипол“, вели Јакимовски.
„Од 20 до 30 отсто се намалени дотациите за греење. Тоа е работа на министерството, а мене ми е жал што и кај предшколските установи е намален фондот за греење“, вели Лата.
 
Разликата меѓу лето и зима е во воздушните маси.

Ладниот воздух е потежок.
Топлиот е лесен.
Топлиот оди нагоре, се тркала нагоре по планините
Ладниот паѓа во котлините.
И останува таму. Не мрда. Создава антициклон.

Затоа на зима поладно е во Битола, него на Пелистер горе.

Кога ладен воздух седи, мирува, а тоа трае со денови, недели, па и месеци... акумулира се живо и диво.

На лето, има поголема циркулација.

На зима, шо се вика, дури не ни има циркулација.

Знајш зошто примеров: оти ги обвини домаќинствава, како разлика од загадувачите лете/зиме.

Kill the poor...
Температурните разлики меѓу планините и долините не се единствените причини за движењето на воздухот. Така да наглиот скок во воздушното загадување во зима не можеш тек така лесно да објасниш со намалените воздушни движења. Нели и во лето има периоди без ветер?

Воздушни движења има одвреме навреме (како и во било кое годишно време) и тогаш ветерот го намалува загадувањето. Тоа што е фасцинантно во зима, е брзината со која се зголемува загадувањето кога ветерот ќе престане.

Така да аргументот стои, чадот од домаќинствата кои се загреваат со горење на дрво и отпад, е значаен фактор во воздушното загадување. Како поткрепа на тоа еве ти график со мерења на концентрациите на пм10 честици. Ова се повторува малтене секое деноноќие.

StationLineGraph_Karpos_PM10_Day_1387328400_mk_bg.png


Ако главните и единствените важни причинители за смогот и загадувањето на воздухот се индустријата и автомобилите... тогаш како го објаснуваш фактот дека скоро секој ден загадувањето расте баш почнувајќи од 4 попладне па се до полноќ?
Нели тогаш, од 4 попладне па се до полноќ најголемиот дел од луѓето се вратени од работа, многу помалку се возат автомобили и многу помалку (ако воопшто) работи индустријата... а баш тогаш на полноќ се најголемите загадувања?

Oд трите фактори: греење на дрва, индустрија и автомобилски сообраќај, навечер е најктивен факторот чад од горење дрва и отпад.
 
Грегор ти најмногу се разбираш од ова, што велиш:
(ВИДЕО) Кобучовски: PM10 честичките не се опасни, ќе ги искашлате

Објавено: 15:45, 19/12/2013 Прегледано: 2,571 пати.

kobucovski-685x320.jpg


5
Скопје во црвена фаза. Карпош, Центар, Лисиче и потегот кај универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се високо загадени и се над границите на дозволена концентрација на опасните PM10 честички.
Screenshot_216.jpg

Веќе неколку дена со ред Скопје се дави во овие опасни честички, а главната препорака е да се остане дома и да не се излегува без потреба.
Универзитетскиот професор Михаел Кобучовски смирува иако ситуацијата станува алармантна.Според него ситуацијата не е опасна иако загаденоста на воздухот во Скопје но и во Кичево и Тетово е далеку над дозволените граници.
Screenshot_322.jpg

Правдајќи ги одлуките на Владата, професорот вели дека и многу други градови во Европа мака мачат со загаден воздух.
Кобучовски кој воедно е и член на градската комисија која излезе со првични препораки за тоа како да се заштитат граѓаните, проблем во загадувањето на Скопје гледа во затоплувањето на дрва на индивидуалните домови.
Screenshot_418.jpg

И Кобучовски како преставниците на Владата побара граѓаните да користат јавен превоз, и да не излегуваат од дома и така да помогнат во расчистувањето на загаденоста.
Објасни дека организмот ги филтрира опасните честички, и телото ги исфрла а опасноста од нив ја релативизираше со мерките на Владата и Градот.
Скопјани веќе неколку дена со ред дишат опасно загаден воздух. Сеуште се трага по изворот на загаденоста која трета година по ред во овој период од годината го труе главниот град.
Препораките на институциите се да не се излегува од дома без потреба, а трудниците и лицата над 60 години се ослободени и не мора да одат на работа.
Иако од сите релевантни институции пристигнуваат апели за користење на јавен превоз никој од раководните лица во земјава не даде пример на граѓаните, или на работа да дојде со автобус.
http://a1on.mk/wordpress/archives/255264

Како мисли да ги искашлаат?
 
Грегор ти најмногу се разбираш од ова, што велиш:
(ВИДЕО) Кобучовски: PM10 честичките не се опасни, ќе ги искашлате

Објавено: 15:45, 19/12/2013 Прегледано: 2,571 пати.

kobucovski-685x320.jpg


5
Скопје во црвена фаза. Карпош, Центар, Лисиче и потегот кај универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се високо загадени и се над границите на дозволена концентрација на опасните PM10 честички.
Screenshot_216.jpg

Веќе неколку дена со ред Скопје се дави во овие опасни честички, а главната препорака е да се остане дома и да не се излегува без потреба.
Универзитетскиот професор Михаел Кобучовски смирува иако ситуацијата станува алармантна.Според него ситуацијата не е опасна иако загаденоста на воздухот во Скопје но и во Кичево и Тетово е далеку над дозволените граници.
Screenshot_322.jpg

Правдајќи ги одлуките на Владата, професорот вели дека и многу други градови во Европа мака мачат со загаден воздух.
Кобучовски кој воедно е и член на градската комисија која излезе со првични препораки за тоа како да се заштитат граѓаните, проблем во загадувањето на Скопје гледа во затоплувањето на дрва на индивидуалните домови.
Screenshot_418.jpg

И Кобучовски како преставниците на Владата побара граѓаните да користат јавен превоз, и да не излегуваат од дома и така да помогнат во расчистувањето на загаденоста.
Објасни дека организмот ги филтрира опасните честички, и телото ги исфрла а опасноста од нив ја релативизираше со мерките на Владата и Градот.
Скопјани веќе неколку дена со ред дишат опасно загаден воздух. Сеуште се трага по изворот на загаденоста која трета година по ред во овој период од годината го труе главниот град.
Препораките на институциите се да не се излегува од дома без потреба, а трудниците и лицата над 60 години се ослободени и не мора да одат на работа.
Иако од сите релевантни институции пристигнуваат апели за користење на јавен превоз никој од раководните лица во земјава не даде пример на граѓаните, или на работа да дојде со автобус.
http://a1on.mk/wordpress/archives/255264

Како мисли да ги искашлаат?


Како мачките шо искашлуват furrballs , така и луѓето честички :D
 
Денес како најлошо да е , боље радијација да има него ова.
 
Прво, мора да демантирам и соседите и оние од УХМР дека Ѓорче Петров не било "толку" загадено. Баш напротив, ако во Аеродром и Ново Лисиче се населби со парно ( и регистрирани со најголемо загадување ), во Ѓорче Петров нема ни парно, а ни непарно. :icon_mrgr: Поголем број од домаќинствата се на дрва или на струја ( што во овој дел во зима знае некогаш да биде кошмар). И на Главната беше полошо и од Карпош IV, каде имаше дури и поголем видик за разлика од Ѓорче Петров. Може и затоа што Вардарот е таму, во близина, но не знам како идат воздушните струења.
Мора да им се заблагодарам и на моиве што во мојава соба го акнаа лимунот и некој цвеќиња, па малце ме спасија. :ROFLMAO:

Главната улица во Ѓорче Петров.
Photo0000.jpg
Кај мене во маало. Дека сум малце одалечен, не значи и дека сум спасен. Сите сме во околина на дрва.
Photo0001.jpg
 
Не е нормално ова со воздухов... сабајле излегов надвор со шал на лицето 30 минути требаше да пазарам нешто, кога се вратив целиот бев зарипнат. И грло ме болеше, и носот ми се затна,очите ме печеа, абе немаше што не ми фали. Сега сум ок, но еве пак ќе морам да излагам... а сега моментално е позагадено од сабајле :coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom