Колку често носите штикли, и какви штикли поседувате ? upload слики ваши

  • Креатор на темата Креатор на темата NonaBT
  • Време на започнување Време на започнување
Боже, не знам што ми стана! Испадна, скоро секое поминување низ ГТЦ, дома си идам со пар обувки. Последните што си ги купив, се едни преубави чизмички, на огромна штикла, плус со платофма се. Прекрасни се!
Порано не сакав многу штикли, ама последниве 2-3 години... немам усул.
 
Штикли носам само на вечерни излегувања и посебни пригоди, во секоја друга ситуација носам ниски обувки без разлика дали патики, чизми и сл.
 
Ретко носам штикли. Повеќе носам старки и ниски чевли/чизми. Но пред некое време си купив пошо бев на свадба кај една братучедка. И еднаш за излегување ги облеков. И на Нова Година. И толку :icon_mrgr
 
Со оглед на тоа што не излегувам често во дискотеки и на места кадешто сите се тип-топ дотерани, обично си фурам патичиња, чизми кои Не се на штикла или сандали - во зависност од годишното време, нели :) Два пати имам носено не-многу-високи штикли (кои морам да признаам дека ги обожавам), но после некое време неможев да издржам од болки, и до таксито одев боса. После тоа една седмица не си ги чувствував стапалата.
Немам ништо против штиклите, би носела пак, но сепак мислам дека не се чевли за мене.
 
Често носам штикла поелегантно ми делува и убаво се чуствувам ,неможам да се замислам на ниски чевли.
 
Дај бе џенцки ставете некоај слика да видиме ноџињата какви ви се во штики..Не само да се фалите дека само во штикли се заљубуете..
 
Највисоката штикла ми е 13 сантиметри, најниската околу 8 и тоа е најголемиот компромис кој што можам да го направам. :)
Мразам патики, балетанки, wanna be патики ама нешто се утнало во процесот и се што е на рамно ... ги носам само кога морам, инаку, константно сум на штикла и имам теорија дека мускулите во потколеницата ми се формирани од тоа. :icon_lol:
 
Колку често носите штикли, и какви штикли поседувате ? upload слики ваши

И? Кај се сликите? :D
 
Уште не сум облекла штикла ни чизма на штикла ни нешто што има штикла или е многу високо.За матура ме тераа да купам ама наместо штикли купив мартинки хаха
Сестра ми е 3 год помала од мене веќе си носи штикли,мене некако не ми се симпатични:)
 
Многу сум горда на себеси што за 1400 најдов во Ил Камино едни штикли што беа изгор до пред некој месец :pipi:
 
Епа јебига и јас би отишла ама ограничена сум со време, работа, факултет, спорт и тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom