Колкава е платата во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
На тие што не работат е околу 1000 -1500 евра ,а на тие што работат од 100 до 500
.....под неработат мислиш на оние рамковни свети крави што влада ги чува по дома , или на оние кои у наше време се нарекуваа рентиери??? :):)
 
подолг текст ама вреди да се прочита

Средна класа
Драган Тевдовски 28 септември 2015

Дали вие припаѓате во средната класа во Македонија? Или ако сакате уште попрецизно: колку пари месечно едно домаќинство треба да има во земјава за да влезе во средната класа? Според дефиницијата на Дајана Фарел, која беше заменик претседател на Националниот економски совет на САД, средната класа започува од точката во која на домаќинството му останува една третина од доходот за дискреционо трошење откога ќе ги покрие основните трошоци за храна и домување.

Колку пари се потребни да се покријат основните трошоци за храна и домување во земјава? Според Синдикалната минимална кошница, во декември 2014 година, за исхрана и пијалaци на едно четирчлено домаќинство му биле потребни 13.540 денари, а за домување 10.335 денари. Или вкупно за храна и домување 23.875 денари. За да му остане уште една третина од расположливиот доход на домаќинството, тоа треба да има месечни примања од 35.812 денари. Оваа сума ја претставува долната граница за влез во средната класа на едно семејство во Македонија.

Мислите дека оваа сума е прениска? Имате право. Синдикалната кошница се вика минимална бидејќи ги претставува најнеопходните трошоци за живот на едно домаќинство. Тоа не се просечни просечни трошоци, туку минимални – најнеопходни за егзистенција. Основатa е четворочленото семејство кое купува најнеопходни производи за храна, живее во стан од 50 квадрати и не поседува автомобил. Но, ајде како долна граница за средна класа да ги земеме најнеопходните 35.812 денари месечно. Колку домаќинства живеат во Македонија со повеќе од 35.812 денари месечно? Можеби 50% од домаќинствата? Или повеќе, сепак власта секојдневно рекламира нови мерки за подобрување на економскиот амбиент во земјава?Не е така.

Во табелата е претставен распоредот на домаќинствата во земјава во десет групи, според расположливиот доход.Тој опфаќа повеќе категории: од приходи во редовен и вон редовен работен однос, преку приходи од пензии и примања од социјално осигурување, па сѐ до позајмици и намалување на штедењето. Првата група ги претставува 10% од домаќинствата во земјава со најнизок расположлив доход. Нивниот просечен месечен доход во 2014 година изнесувал 5.489 денари. Втората група ги претставува вторите 10% од домаќинствата во земјава според расположливиот доход. Нивниот просечен месечен доход во 2014 година изнесувал 9.990 денари. И така, движејќи се нагоре низ групите се стигнува до 10% од домаќинствата во земјава кои имаат највисок расположлив доход. Нивниот просечен месечен доход во 2014 година изнесувал 71.143 денари. Извор на овие податоците е публикацијата за Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија на Државниот завод за статистика.

Табелата јасно покажува дека 70% од домаќинствата во Македонија не влегуваат во средна класа, дури и ако за долна граница се сметаат оние најнеопходни 35.812 денари. А, да не ви должам. Во литературата се смета дека од средната класа се излегува доколку домаќинството се наоѓа во 5% од домаќинствата со највисок доход. Главна причина е што во оваа група се влегува пред се заради наследено богатство, или врз основа на претходни или тековни економски ренти што се поврзани со монопол или други привилегии, односно се многу помалку поврзани со продуктивни и пред сѐ активности на труд. Ова значи дека средната класа во Македонија е скоро целосно збришана и во моментов во неа влегуваат само 25% од домаќинствата во земјава (домаќинствата кои се наоѓаат во осмата, деветата и половина од десетата група).

Двете најважни цели на борбата за враќање на средната класа се: (1) домаќинствата во групите под осмата да започнат да се враќаат во средната класа и (2) реалниот медијален доход да расте. Медијалниот доход е подобра мерка од просечниот доход, бидејќи просекотдава искривена слика кога значајно расте доходот на домаќинства со највисок доход, бидејќи ги вклучува и нив. Медијалниот доход го претставува доходот на домаќинството кое што се наоѓа точно на средина на подредените домаќинства во земјава според доходот. Медијалниот доход во 2014 година изнесувал 23.099 денари (збир на 20.893 и 25.305 денари, поделен со два). Тој означува дека 50% од домаќинствата во Македонија имале понизок доход од 23.099 денари, а 50% од домаќинствата повисок доход од 23.099 денари.Знаете ли колкав бил медијалниот доход пред четири години (во 2010 година)? Тој изнесувал 22.730 денари. А, ако се земе во предвид дека кумулативната инфлација во последните четири години изнесува околу 10%. Тоа значи дека реалниот медијален доход во 2014
година е значајно понизок од тој во 2010 година.

Ова беше колумна за целта. Ако ја знаеме целта ќе знаеме каде одиме.Ниедна реформа досега во Македонија немаше за цел враќање на средната класа. Има одлична мисла за ова во една убава детска книга. Алиса: „Може ли да кажете по кој пат да тргнам од тука?”M: „Тоа зависи од тоа каде сакаш да стигнеш.” Алиса: „Не ми е важно каде.”M: „Тогаш не е ни важно по кој пат ќе одиш.
 
^- Сум бил на предавање кај Тевдовски. Владее во својата област, стварно добар професор и одличен познавач на работите во таа сфера.
 
To се методологии на Америка и НАТО земји кои со помош на странските служби нелегално прислушкувале телефонски разгоори за криминали на власта и подпомогнати од Сорос и ватикан сакаат да ја сменат демократската влада.
Во македонија средна класа е ако нема повеќе од 6 неплатени сметки во месец (2 за струја, 2 за вода и по една за кабловска со интернет и телефон) и ако во меленото не става повеќе од 40% сојини трошки
 
Знаеш ти колку луге има во Америка што работат а може да сонуваат само за комбинацијата кабловска со интернет и Мобилен телефон? На 10-тици милиони ги има. И во супер маркет одат пред затворање навечер за да купат свиткано во кеса и оставено на страна полускапано и пред да му мине рокот. Како пакетиња за мизерните се тие кесички свиткани.
А пази...работат секој ден и не се коцкаат и не пијат по кафаните и не се дрогираат и не беснејат кога купуваат гардероба. Скромни и вредни луге.
колку?
еве во проценти колку % американци купуваат полускапано месо за јадење?
има негде званичен податок за тоа?
 
Последно уредено:
lugjevo use ne sfatija,za da ima milijarderi vo mkd(onie na koi im se voshituvaat) deka 95% moraat da bidat siromasni.
za mijalkov,gruevski,kamcev,minco,etc... da bidat tajkuni,nie ostanatite ne smeeme da stigneme do sredna klasa.
nivoto na mazohizam vo makedonija e zacuduvacki.
 
И што е најлошо, голем дел населението јавно се изјаснува дека демек не ги сака воопшто милионерите од типот на тие кои ти ги наброја. А всушност, во себе, голем дел од населението си вели: Море јас да бев на местото на Камчев уште повеќе сиромашната раја ќе ја дерев и уште поголем профит ќе си правев.

Заклучок: како некаков вирус да дојде помеѓу народот откако ја имаме демократијата и транзицијата, се појави чудо кое никако нема да се искорени. Само полошо и полошо ќе биде.
Бетмен во филмскиот серијал против злото имаше помош од батлер и од еден полицаец со очила, во Македонија Бетмен не би имал помош веројатно од никого. Тоа е реалноста.
 
голем дел од населението си вели: Море јас да бев на местото на Камчев уште повеќе сиромашната раја ќе ја дерев и уште поголем профит ќе си правев.

Заклучок: како некаков вирус да дојде помеѓу народот откако ја имаме демократијата и транзицијата, се појави чудо

Chudoto se vika siromashtija i ako taa se iskoreni, ili se podobri zhivotniot standard na Makedonecot, chudoto kje go snema.

Da imashe sredna klasa povekje od 50%, visoka 10% i siromashtija pomala od 20% nemashe da vikaat "i jas kje gi derev za pogolem profit". Toa e psiholoshka sostojba koga chovekot e ochaen, vo najgolem del od golemata beda, bezpespektivnost itn.

Megjuchovechkite odnosi bi bile mnogu pokorektni koga sekoj bi imal dovolno sredstva za zhivot i pogolema sodrzhina od istiot.
Ne e do Makedonecot, do siromashtijata é.
 
Не е се до сиромаштијата.
Има нешто и до карактерот и менталитетот кај народот.
Знам за луѓе кои не седат во Македонија да крадат и пљачкосуваат или да просат, туку одат по странски земји од типот Авганистан, Ирак, Русија, на привремени работи, некои одат по Италија сезонски да берат овошје, некои одат по бродови сезонски работат.
Овде во Македонија колку сум само слушал гадни муабети од овдешното население. Муабети во кои им завидуваат на луѓето кои одат во странство да работат и после заработеното овде го трошат уредувајќи си ги домовите и животите.
Е што пријателе, и ова ли треба да го правдаш? Ваквото однесување и валкани јазици од народот наш нема што да ги правдаме.

Плус не сакам да споменам, Македонче на Македонче во туѓина ретко помага. А кога ќе ги видам Албанците како се помагаат. Дури и Хрватите католици си се помагаат во туѓина.
Кај Македончето многу се изгуби елементот човечност.
 
Toa shto si go napishal e tochno, ama ne treba da gi generalizirash rabotite. ne pravdam nikogo. Toa mozhi da vazhi i za Srbite, Bugarite itn.
Pak kje kazham, ne e do nacionalnosta (Makedonec). Site lugje ne se isti. Onie koi ne se ostvarile vo zhivotot, frustracii i sl. se zavidlivi. Toa go ima kaj site narodi, mozhesh da bidesh siguren. E sega toa shto na jugot ima pogolemo bezobrazie, toa do geografskata shirina é, klimata itn.
 
Некогаш мислам дека е многу ниска, според некои параметри (како се облекува народ, што јаде, во што и како живее) ама некогаш, кога минувам улица макар и на пешачки...
 
И што е најлошо, голем дел населението јавно се изјаснува дека демек не ги сака воопшто милионерите од типот на тие кои ти ги наброја. А всушност, во себе, голем дел од населението си вели: Море јас да бев на местото на Камчев уште повеќе сиромашната раја ќе ја дерев и уште поголем профит ќе си правев.

Заклучок: како некаков вирус да дојде помеѓу народот откако ја имаме демократијата и транзицијата, се појави чудо кое никако нема да се искорени. Само полошо и полошо ќе биде.
Бетмен во филмскиот серијал против злото имаше помош од батлер и од еден полицаец со очила, во Македонија Бетмен не би имал помош веројатно од никого. Тоа е реалноста.
jas mislam deka e obratno, golem del gi sakaat
samo sto nekoi javno se falat deka se slikale so don Mijalkov, a drugite tivko vo nokjta mastrubiraat da bidat kako niv, dodeka spijat vo iskinatite trenerki. vprocem se gleda na izbori sto sakaat mnozinstvoto makedonci,
sakaat apashi bidejki im e neostvaren son i tie da bidat apasi,
idolite im se kriminalci koi sto` se snasle be brat, zaso ti ne se snajde a?``i za kradenje treba da imas ak`l, zatoa neka gi na vlast`
 
Кратко кажано, ваков народ подобро и не заслужува, секако со чест на исклучоци.

Има и такви кои ги сакаат потсвесно нашите милионери, но тоа не го признаваат јавно.
Баш станува одвратно тоа што многумина имаат сон да ги добро продадат своите деца во брак со ликови кои користат секакви привилегии и се збогатиле брзо со врски, но тоа не оди така во реалноста, и не е возможно куп народ осиромашен да може да фати за во брак некого од оние малубројните богаташи транзициски и посттранзициски.
Уште гледам по фејсбук таквите девојки фрлаат секакви морални статуси за етика и морал, споделуваат слики од секакви филозофски мислители, а во реалноста бркаат неморално интерес да зграпчат.

Некогаш мислам дека е многу ниска, според некои параметри (како се облекува народ, што јаде, во што и како живее) ама некогаш, кога минувам улица макар и на пешачки...

Истото го мислам и јас.
Но сето тоа кога ќе погледнеме како секакви ликови на улица имаат во џебови и раце ајфони и не мора многу да значи. Плаќаат големи месечни претплати за кантите од телефони, а трпат од уста многумина за таквите уживања.

Иако да, премногу народ има како бројка што оди често во Грција на излет и шопинг, не само на одмор како пример.
Сума сумарум, ова е црна економија и општество, а не сива економија. Не се знае кој пие и кој плаќа.

Toa shto si go napishal e tochno, ama ne treba da gi generalizirash rabotite. ne pravdam nikogo. Toa mozhi da vazhi i za Srbite, Bugarite itn.
Pak kje kazham, ne e do nacionalnosta (Makedonec). ite lugje nSe se isti. Onie koi ne se ostvarile vo zhivotot, frustracii i sl. se zavidlivi. Toa go ima kaj site narodi, mozhesh da bidesh siguren. E sega toa shto na jugot ima pogolemo bezobrazie, toa do geografskata shirina é, klimata itn.

Не се сите луѓе исти. Но реално, многу помалку си се помагаат Македонците меѓу себе, отколку што тоа го прават другите народи во регионот.
Некој ќе отиде од мака, или од нужно зло, да работи сезонски некаде и да не биде со семејството 80% од годината, а веднаш околината зборува секакви бљувотини за таквите луѓе.
Гледам и јас ако можам некаде да фатам нешто сезонско за почеток, а нека тресе тепих по мене после околината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom