Колкава е платата во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Jas pa se chudev zoshto toaletite vo MK se tolku valkani, chesto i smrdat-kornat. Da, do sonot bilo, da sonuvash deka si gospoda, a pozadi sebe da ostavash tragi i toa ne bilo kakvi.
Vidish, vo civilizacijata takvata dvizhechka sila seushte ne e izmislena, ama toaletite se navistina chisti, ne zaradi tie koi gi chistat, tuku zaradi onie koi gi upotrebuvaat.
...па доволно мамлази извезовме таму и извезуваме ....за да бидат чисти и светнати. А ние овде раат дa си ги сонуваме нашите господски декадентни и г'нсни соништа...:) :)
Чувствувам некоја нитка на завист или грешка сум?? :sneaky:
 
Добро од тој некој аспект изгубиле сите екс Ју на држави. Ама види сега за некои работи што ги спомнуваш, патики од кина или така натака, тие пак ќе беа присутни на нашиот пазар и да бевме Југославија, може не во толкав обем но пак ќе беа и тоа нема врска со Југославија или Македонија има врска со светскиот тренд, со глобализацијата и така натака.
А сега веќе кога даваш некои примери од Југославија немало вакви немало онакви прозиводи еве ти неколку примери: природни сокови освен оние во ќесички од Ресен, се друго беше Фруктал и пример зошто такви фабрики за сокови не се направиле кај нас кога сигурно имаме повеќе овошје од Словенците. Коа спомна млеко, македонско тетрапак млеко не постоеше, беа ПКБ и остали од екс ЈУ, зарем ние тетрапак млеко не можевме сами да правиме. Јасно многу фабрики се направиле во времето на Југославија, гиганти кои да немавме лоша приватизација можеби ќе опстанеа и ќе беа двигател на нашата економија наместо овие некои странски инвестиции кое профитот го носат во нивните држави а нас не користат за ефтини пари.
Тоа што било било, туку што е решението сега за да тргнеме малце напред, не мора да сме Германија ама да сме на ниво барем на една Словенија која по теритоја и населние е горе доле колку Македонија.
Македонија беше мал играч на полето на земјоделие, бајките дека Македонските праски и јаболка беа главна суровина на Фруктал се погрешни, во цела СФРЈ Македонија беше на 4 место по земјоделие, (од можни 6) Можеби и не беше исплатливо да се вложува во индустрија за сокови пошто фруктал беше веќе влезен во пазар а имаше и други помали погони низ Југславија за дополнување на понуда на природни сокови на локално ниво (Таково, Царев двор, Пожаревац, Београд...) Во тоа време не беше ни актуално толку “природни сокови“ речиси секоја домаќинство правеше домашни сокови, така да нам ни беа интересни кока кола швепс тоник...... то со природни сокови и еко храна (која ни беше секојдневие тогаш) стана актуелно сега.
 
najgolemata investicija vo jugoslavija,prodadena za 5milioni dolari.
http://www.aimpress.ch/dyn/trae/archive/data/200011/01119-004-trae-sko.htm
dali FENI ima 880 rabotnici denes i pridruzni 1000 rabotni mesta?

Фирмата кој го купи ФЕНИ беше дел од поголема групација на чие чело се фамилијата Ротшилд, ова случајно го најдов додека барав други фирми :cool:

Кога се продаде Фени цената на никелот беше околу 6.000 долари / тон. А после достигна цена над 50.000 долари :D. Пред некоја година го шитнаа на друга фирма која ја поседува и фабриката во Косово.

Се збореше дека многу пари се извадени од Фени во 2015 и префрлени Доминикана за тамошно производство, а тука дека многу слабо работат
 
Се збореше дека многу пари се извадени од Фени во 2015 и префрлени Доминикана за тамошно производство, а тука дека многу слабо работат

Не што се збори туку тоа и се прави, повеќето од раководителите веќе се спремаат за пат во Доминикана, еден куп работници се со намалени плати и пратени на принуден одмор, ситуацијата ич не е на арно.
 
Од Југославија излеговме со 600 милони долари долг, околу 15% невработеност и околу 2.034.000 жители. Просечна плата во СФРЈ беше некаде денешни 34.000 денари.

Jугославија ја нема од 90/91, некои 25 години.

За тие 25 години стигнавме до околу 7 можеби и повеќе милијарди долари долг, 25-27% невработеност и непознат број на жители.
Просечна плата ни е 23.000 денари.

Ај покажи ни го сегметот каде е остварен напредокот за четврт век.
И спореди каков бил напредокот на Македонија од 1945 па четврт век подоцна - 1970
Nemoj janko ili milenko da te vidat za ova... DrAven neprijatel ke te proglasat
 
Од Југославија излеговме со 600 милони долари долг, околу 15% невработеност и околу 2.034.000 жители. Просечна плата во СФРЈ беше некаде денешни 34.000 денари.

Jугославија ја нема од 90/91, некои 25 години.

За тие 25 години стигнавме до околу 7 можеби и повеќе милијарди долари долг, 25-27% невработеност и непознат број на жители.
Просечна плата ни е 23.000 денари.

Ај покажи ни го сегметот каде е остварен напредокот за четврт век.
И спореди каков бил напредокот на Македонија од 1945 па четврт век подоцна - 1970

Море што инает си бил, алал да и е на госпожата со тебе по дома :D .
Сегашнава состојба е резултат на претходни активности. Плус кај нас социјализмот пак е вратен :
Податокот на Светска банка дека само 11 отсто од новоотворените работни места се целосно финансирани од приватниот сектор а останатите 89 проценти од државата.
:aplauz: дпмне =комунистичка партија

Целата структура на државните социјални програми се базира на Понзи шемата, која го користи Марксизмот за да го оправда Грабежот на идните генерации, на сметка за ти Летко убо да живееш. Така да Летко децата твои си одат од државата бидејќи претходно на нереални основи сте живееле убаво а сметката мора некој да ја плати јбг.
Истото и сега е, за да живеат како кралеви 200.000 административци а НИШТО ама баш НИШТО не создаваат, освен како пијавици цицаат трудот од други ќе си го кркаме пак и пак и пак :D

Исто е и со пензиските системи, кои претпоставуваа дека популацијата секогаш ќе се зголемува, па младите ќе плаќаат за старите. Плус обврската да купуваат државни обврзници како најсигурни :cautious:.
 
Целата структура на државните социјални програми се базира на Понзи шемата, која го користи Марксизмот за да го оправда Грабежот на идните генерации, на сметка за ти Летко убо да живееш. Така да Летко децата твои си одат од државата бидејќи претходно на нереални основи сте живееле убаво а сметката мора некој да ја плати јбг.
.
Од 45 до 91 Македонија се исгради инфраструктура, фабрики погони аеродроми патишта железници вештачки езера хидро и термо централи факултети театри рудници железари, згради, се описмени народ се искоренија болести, се воведе струја во секој дом, се основаа национални установи музеи академии театри...
Кога ги полагавме сметките во 91 (после некои 45 години), рековме:
Имаме 17% невработеност, 600 милиони долари долг и околу 35.000 денари просечна плата.
Граѓанинот беше ослободен од мислење за лекови, прегледи операции (не се плаќаа) а децата од школување на сите нивоа (не се плаќаше), редовно се даваа плати, К-15, често и 13 плата, пакети од синдикат а работниците можеа да си одат на летувања зимувања со посебни поволности.
Тоа успеавме да го постигниме и рековме “тоа не чини, тоа е недоволно сега ќе направиме нов систем со нови вредности и на нови економски основи
Денес 25 години подоцна имаме
околу 25% невработеност (сомнителна бројка и начин на пресметување), околу 7 милијарди долари долг (а можеби и повеќе), просечна плата од 23.000 денари
Граѓанинот од плата мора да одвојува за лекарства, прегледи операции, школувања (на помала просечна плата има поголеми трошоци)

Значи твојот став е дека предходен систем кој успеал да вработи повеќе луѓе со повисока просечна плата и многу помал надворешен долг - и то било нереално, а овој систем каде се затворени речиси сите фабрики, имаме третина народ во сиромаштија, огромни социјални разлики, поголема неврабоеност, полошо здравствено и школство за граѓаните и сето тоа да не кошта со 10 пати поголемо задолжување било - природно?

Сакаш да кажеш дека ова е вистинската Македонија и нејјзините можности а не како шо не лажеа комунистите дека сме кадри да создаваме и градиме подобро и поуспешно?
Према тебе конечно си го најдовме вистинското место во светот?
 
Истото и сега е, за да живеат како кралеви 200.000 административци а НИШТО ама баш НИШТО не создаваат, освен како пијавици цицаат трудот од други ќе си го кркаме пак и пак и пак :D.
проблемите се на друга локација. Макар да не се 200.000 туку 130-150.000 ,тебе не те јаде администрацијата туку оној кој ги запослил се знае зошто, што се тргнати неколку буџети од Македонија, наводни патни трошоци на само еден функционер во просек 6 годишни плати на еден административец итн.
Со толку извадени пари да се случува блокирање сметки на фирми и граѓани, да пропаѓаат бизниси, да се отселуваат странство, да пропаѓа инфраструктурата, да пливаме во ѓубре и смрад, на болниците да ни се потсмеваат и мигранти од Кабул...тоа е сосем нормално.
Според категоризацијата за модерно ропство сме на прво место во Европа и 18то во светот.
Исто е и со пензиските системи, кои претпоставуваа дека популацијата секогаш ќе се зголемува
Ако пензискиот 2008 бил заглавен 6%, 2012 бил 22%, сега е над 40%.
 
Последно уредено:
Од 45 до 91 Македонија се исгради инфраструктура, фабрики погони аеродроми патишта железници вештачки езера хидро и термо централи факултети театри рудници железари, згради, се описмени народ се искоренија болести, се воведе струја во секој дом, се основаа национални установи музеи академии театри...
Кога ги полагавме сметките во 91 (после некои 45 години), рековме:
Имаме 17% невработеност, 600 милиони долари долг и околу 35.000 денари просечна плата.
Граѓанинот беше ослободен од мислење за лекови, прегледи операции (не се плаќаа) а децата од школување на сите нивоа (не се плаќаше), редовно се даваа плати, К-15, често и 13 плата, пакети од синдикат а работниците можеа да си одат на летувања зимувања со посебни поволности.
Тоа успеавме да го постигниме и рековме “тоа не чини, тоа е недоволно сега ќе направиме нов систем со нови вредности и на нови економски основи
Денес 25 години подоцна имаме
околу 25% невработеност (сомнителна бројка и начин на пресметување), околу 7 милијарди долари долг (а можеби и повеќе), просечна плата од 23.000 денари
Граѓанинот од плата мора да одвојува за лекарства, прегледи операции, школувања (на помала просечна плата има поголеми трошоци)

Значи твојот став е дека предходен систем кој успеал да вработи повеќе луѓе со повисока просечна плата и многу помал надворешен долг - и то било нереално, а овој систем каде се затворени речиси сите фабрики, имаме третина народ во сиромаштија, огромни социјални разлики, поголема неврабоеност, полошо здравствено и школство за граѓаните и сето тоа да не кошта со 10 пати поголемо задолжување било - природно?

Сакаш да кажеш дека ова е вистинската Македонија и нејјзините можности а не како шо не лажеа комунистите дека сме кадри да создаваме и градиме подобро и поуспешно?
Према тебе конечно си го најдовме вистинското место во светот?

Бла бла бла едно те исто а крив се клетите капиталисти. Рековме убаво било, но сега си ја плаќаме цената за таквиот систем.
Еве и сега државата вработува 89% па пак не идеме напред.
И сега во администрација да ги прашаш супер им е, ама ќе видиме нивните деца како ќе им е ако се како родителите.

Како така толку успешни тогаш а сега толку неспособни :confused: . Тие што биле способни тогаш и после 90та се снашле.

проблемите се на друга локација. Макар да не се 200.000 туку 130-150.000 ,тебе не те јаде администрацијата туку оној кој ги запослил за да дремат на контрапротести и да збираат гласови за 10 души, тој што си дели субвенции којзнаезошто... Тој што има тргнато отприлика 5-6 млрд евра, што дозволува со наводни патни трошоци на само еден функционер да се извлече од буџетот во просек 6 годишни плати на еден административец итн. Според едни информации негде од пред 16-17 години и според овие информации за овој период, извлечени се негде 4-5 овогодишни буџети.
Со толку извадени пари да се случува блокирање сметки на фирми и граѓани, да пропаѓаат бизниси, да се отселуваат странство, да пропаѓа инфраструктурата, да пливаме во ѓубре и смрад, на болниците да ни се потсмеваат и мигранти од Кабул...тоа е сосем нормално.
Дали знаеш дека според категоризацијата за модерно ропство сме на прво место во Европа и 18то во светот?

Ако пензискиот 2008 бил заглавен 6%, 2012 бил 22%, сега е над 40%. Сомнителни проценти ако се споредат со зголемување на популацијата.

Во 2015 Груевски им призна на странците 180.000 вкупно земаат плата (буџет,јавни претпријатија,хонорарци, практиканти итн итн) од државата. Ако тој лажел јбг :D
Секоја година се поголема е државната администрација а која е потребата ?? Значи се поголем дел е потребен за нејзино одржување плус платите во администрација се повисоки од приватниот сектор и дали е тоа РЕАЛНО / ПРИРОДНО.
Врска пензиите затоа е заглавен, немаме популација која би одржала нереално претходно вработени.А популацијата што ја имаме е слабо продуктивна.

Неможе да кажеме дека утре нивата дала род толку и толку а да не земеме во предвид што сме правеле претходно. Акција-реакција
Претходно било на нереални основи, сега исто и затоа нивата толку ќе даде а ние ќе бараме од ММФ за дополна :D
 
Бла бла бла едно те исто а крив се клетите капиталисти. Рековме убаво било, но сега си ја плаќаме цената за таквиот систем.
Сега ја плаќаме цената за напуштање на таквиот систем
Крваво ја плаќаме.
Можеби не ти е познато но Македонија беше во еден вид на Унија на држави слична со ЕУ, со заеднички пазар, слободен проток на капитл и луѓе, една валута.
Е за разлика од ЕУ, Македонија имаше рамноправен статус, не беше условувана од никого да менува име, јазик историја, и беше општеството базирано на социјални вредности на прво место.

Значи ова денешна катастрофална положба е последица на промена од еден социјален рамноправен систем кој го имавме во капиталистичко експлоаторски и ропски систем во кој одиме.
 
Како може бе социјален рамноправен. Како тоа рамноправен, тоа исто ти доаѓа во школо сите 5ки да имаме, учел не учел 5ка. Немаат сите исти способности физички и умствени.Се знае или ќе се трудиш и унапредуваш или гаси светлото.
На таа лага уште ли ќе дозволите Политичарите од кариера да не цицаат :(
Државата само треба да се грижи дали Камчев исплатил плати и придонеси на вработените, дали го платил пропишаниот данок и давачки.

И кој вика дека сме го напуштиле, кога според светска банка државата финансира 89% од новоотворени вработувања ???
Ако не ги гушиш фирмите со папирологија, непотребни регулативи и закони квалитетот ќе излезе на површина и ќе биде носител на развојот. Ако веруваш и чекаш од 30годишни премиери без искуство дека нешто ќе направат за народот, џабе толку си едуциран и поткован со знаења.

Значи убав е тој систем што го збориш ама е неодржлив поради една компонента во него а тоа е - човекот :D
(со неговите карактеристики алчност, его, себичност, неморал итн итн)
 
Toj систем функционираше се до крај.
Државата во СФРЈ не беше главен работодавец, на страна армијата али во државна служба во цела СФРЈ беа околу 35.000 вработени а фирмите како Искра, Фруктал, Застава, Пеко, Тетекс, ЕМО, ФАС, Гавриловиќ, Краш, ЕИ, Искра, Кончар..... даваа плати во зависнбост од успешноста во производство и пласман на роба

Малце пролистајте историја бе информирајте се, нека не ви ги перат мозоците штабските наредници
 
Како може бе социјален рамноправен. Како тоа рамноправен, тоа исто ти доаѓа во школо сите 5ки да имаме, учел не учел 5ка.
не знам кој кажувал дека сите 5ки имале. Голем дел имаше на полагање, се случуваше некој и да повторува година.
Немаат сите исти способности физички и умствени.
точно, затоа во тој период немаа сите факултети. Па и тие што се запишуваа, многу се откажуваа. Ние четврта, пред дипломирање дали 5% бевме останати.
Значи убав е тој систем што го збориш ама е неодржлив поради една компонента во него а тоа е - човекот :D
Но еве, сега е 99% прифатно. Што е променето на подобро.
 
Последно уредено:
Toj систем функционираше се до крај.
Државата во СФРЈ не беше главен работодавец, на страна армијата али во државна служба во цела СФРЈ беа околу 35.000 вработени а фирмите како Искра, Фруктал, Застава, Пеко, Тетекс, ЕМО, ФАС, Гавриловиќ, Краш, ЕИ, Искра, Кончар..... даваа плати во зависнбост од успешноста во производство и пласман на роба

Малце пролистајте историја бе информирајте се, нека не ви ги перат мозоците штабските наредници

Од каде тоа сеа штабови, кога јас сум цело време против администрација и политика :toe:
Баш од што сум пролистал затоа и кажувам што сметам дека е проблемот - растот и мешањето на државната администрација. Тоа било проблем уште од Римската империја.

Кои од тие фирми се формирани пред 45г, дали некоја што е формирана пред 45г останала во приватна сопственост т.е на тој што ја формирал или му е одземена и поставени партиски послушници за директори и кои запослуваа нововработени по партиска директива а не по реалните потреби. Затоа после 90та тие Партиски послушници неуспеа да продолжат да ги работат фирмите. Ниту во меѓувреме ги прателе пазарните трендови ниту поставувале професионалци на клучните позиции. Нормално после тоа следи распад систем.
За Железара пример: иако имале браварско оделение кои ги уживале сите поволности пак Железара ангажирала бравари од надвор иако внатрешното оделение не било зафатено со некои активности.

не знам кој кажувал дека сите 5ки имале. Голем дел имаше на полагање, се случуваше некој и да повторува година.
точно, затоа во тој период немаа сите факултети. Па и тие што се запишуваа, многу се откажуваа. Ние четврта, пред дипломирање дали 5% бевме останати.

Но еве, сега е 99% прифатно. Што е променето на подобро.

Па и ја тоа кажувам де, неможе рамноправни, некој ќе има повеќе, некој многу повеќе, некој помалку некој ич, секој според способноста. Државата треба само да води сметка да не се краде, да не се прават малверзации кај даноците и сл, т.е. правилата за сите да важат а не да вработува и да изиграваат Монархија.
Квалитетот сам ќе исплива на површина.
Ене го Силбо турбо работи а спроти него ни 10% од обртот на силбо не постигнува.

По кој критериум администрација добива плата 20.000 денари. Што создава административецот која е придобивката од државник :toe:. 1 работи а други 10 на него се шлепаат. Пријател 1 година е вработен во администрација зема 15.000 ден а нема ни 1 ден работено бидејќи нема ни канцеларија ни работни задачи ни претпоставен а си зема 15.000, придонеси платени и пензиски стаж му тече.
Лето,зима климатизирано, ти идеш и му се клањаш, дал сработил или не плата ќе добие, ревизори кога ќе најдат грешки НЕ се казнети туку препорака добиваат :confused:.
Е затоа сметката ќе биде голема и кога ќе дојде време ќе офкаме и пак ќе повториме истата грешка т.е. ќе дозволиме некој нов 30год премиер да не лаже :rolleyes:
 
Кои од тие фирми се формирани пред 45г, дали некоја што е формирана пред 45г останала во приватна сопственост т.е на тој што ја формирал или му е одземена и поставени партиски послушници за директори и кои запослуваа нововработени по партиска директива а не по реалните потреби. Затоа после 90та тие Партиски послушници неуспеа да продолжат да ги работат фирмите. Ниту во меѓувреме ги прателе пазарните трендови ниту поставувале професионалци на клучните позиции. Нормално после тоа следи распад систем.
За Железара пример: иако имале браварско оделение кои ги уживале сите поволности пак Железара ангажирала бравари од надвор иако внатрешното оделение не било зафатено со некои активности.
Во сфрј 10% о население било членови на партијата.
Вработени биле околу 75% од работноспособно население

Никогаш не сум слушнал дека било потребно да си член на партија за да се вработиш. Јас се вработиф во СФРЈ после 4 месеци чекање на биро и за време на СФРЈ с и и никогаш не сум бил член на партија.
Единствена предност на член на партија во фирма или општо, беше шо мораше повремено да одиш на нивни состаноци.
Ај кажи ми и наброј високи членови од партии од предходен режим кој од тој режим излегле со компании, згради, имоти и огромни богатства?
Во Битола побогати граѓани во СФРЈ не беа ни општинските партиски функционери, ни воените лица - туку приватници со свои бзиниси, пример Герзо со своја приватна фирма Торпедо, во СФРЈ им даваше заем на фирмите да земат плата на време додека не им легнат други пари на сметка, најбогатиот чоек во СФРЈ на времето беше едно младо типче од Војводина со своја приватна фабрика за сточна храна кој на времето имаше купено и јахта - дрвен едрењак на Јадран, во 80- десетите најскапата кола на белградскиот саем на автомобили го купи земјоделски производител од шумадија, мислам околу 200.000 марки ја платил.

Не го знаеш времето за кое сакаш да кажуваш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom