Убавината често е маска која ги прекрива другите недостатоци. Убавината е збор кој создава комплекси.
Да бидеш убав значи да си задоволен самиот од себе и да се чуствуваш убаво во својата кожа.
Точно, убавината е релативна и онаа надворешната е минлива работа која кога и да е ќе мине со годините но може да го етикетира човекот со тоа што на пример на поубави (за надворешна убавина зборувам) луѓе им се лепат повеќе луѓе од спротивниот пол и нешто слично...
Но, онаа внатрешната убавина не верувам дека толку лесно ќе мине и таа речиси секогаш некој ќе ја памти, а личноста ќе ја почитува.
Неверувам дека сите убави девојки се осудени на пропаст, тоа важи за оние без карактер, и не би рекла дека треба луѓето да ги делиме како убави и помалку убави, зошто секој си има своја убавина како што секој си го избира својот пат па сега било тоа да е полошиот или подобриот.