Која е најдолгата тура што сте ја извозеле на точак?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Пред неколку недели, ја пробив бариерата од 100 километри. Од Скопје до Сушица пред Свети Николе и назад до Скопје.

6D060DD1-9748-4070-83AA-D95FB81C9330.jpeg

Колку е вашиот личен рекорд во еден ден?
 
Јас со МТВ имам извозено толку, а да имав Роуд ... 100ка мин :) Поздрав добра тура.
 
Скромно спрема ова само 20км
 
139км пред 4 години, кога бев помлад и позелен. Скопје-Гостивар-Скопје, не бев ни блиску до спремен за турата.

Од тогаш до денес не сум извозил ништо над 90 километри.
 
50 км бидејќи возам стар точак
 
25км од кои 10км ридски терен со точак од '91 со тенки гуми.
Ова пред година ипол, сега дефинитивно можам повеќе со истиот точак :D
 
Скопје - Велес - Скопје, 111 км со ЕМТ. На Merida Big 9 20MD.
Ги извозев угорниците без проблем, ама на крај на враќање кон Скопје забегав малку, пробував да ги стигнам тие со road-bikes пред нас (и тоа на рамно...). Кога стигнавме до Автокоманда едвај имав сила да се однесам дома. Евентуално кога стигнав дома одма соблакање, јадење и директива во кревет и од 6 до 11 саат една убава дремка.
 
55км со МТB пред 3години,по асвалтиран ридско/планински пат ,барем 2 пати во викенд возам по 20км мин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom