Пријатели помеѓу држави нема, бидејќи тие што се пријатели сигурно влегле во некој вид на федерација, така да останува имање стратешки партнери, бидејќи политиката е именка од женски род (читај курва), па така секогаш е важно да се одржат заедничките интереси на две партнерски држави. Топ темава не е стрикно за нашите соседи туку општо за цел свет, така да бидејќи со турција имаме заеднички интерес, а тоа е да и се држи рамнотежа на грција сме многу добри партнери, се надевам дека со доаѓањето на Ѓул на претседателското место тоа нема да се промени. Со Словенија исто така имаме добор партнерство бидејќи нам ни треба развој на економијата и инвестиции, а ним им треба поевтина работна рака за нивните прозводи да бидат поконкурентни на европскиот и на другите пазари.
Многу добро би било уште да ја продлабочиме соработката со Израел, бидејќи има голема политчка моќ во светот поради јакото лоби (според мене најакото во свет) иако не е светска сила.
Од европските земји убаво би било да ги убедиме германците дека вредиме, а од светските сили со САД сме во најдобри односи иако гарант ќе се заладат со доаѓањето на демократите на власт. Со русите тераме куртоазна љубезност, инаку бидејќи тие не не фермаат ни 2% ни ние во основа, односите со Кина ни се некаде помеѓу САД и Русија, иако јас лично би сакал да ни се подобри и да се врши појак дипломатски притисок за подобрување, бидејќи тие се идната економска сила во светов.