Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Ги апсат тие што треба да ги апсат.
И дефинитивно се чисти ѓубрето на кое што му поминала употребната вредност.
Слично како и Садам и многу други...
По налог на Вашингтон се чисти Балканската мафија!
Американците процениле дека единствена закана за стабилноста на Балканот е организираниот криминал и корупцијата. Акциите за апсењата на Балканот се одвиват координирано и ќе се случуват во Црна Гора, Хрватска, Србија, Косово и Албанија...
![]()
Мило Ѓукановиќ, Иво Санадер, Хашим Тачи и Харис Силајџиќ биле прогласени за главна пречка за развојот на Балканот. Било наредено нивно тргање од политичката сцена по директен налог на САД, пишува српскиот весник "Прес". Оваа четворка политичари се поврзувала со организиран криминал, шверц на цигари, војни во поранешна СФРЈ. Санадер бил означен како лидер на корупција, а Тачи и Ѓукановиќ водачи на криминални групи. Челникот за Движењето за промени, Небојша Медојевиќ за "Прес" открил дека во тек бил процес на "чистење на балканската мафија по налог на Вашингтон". Истиот бил издаден во февруари годинава, како план на САД за воспоставување на стабилност на Балканот.
Американците процениле дека единствена закана за стабилноста на Балканот е организираниот криминал и корупцијата. И поради тоа се одвива координирано и ќе се случува во Црна Гора, Хрватска, Србија, на Косово... Санадер е прогласен за лидер на корупциска афера, додека Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи се означени како организатори на криминални групи", рекол Медојевиќ.
Во таа насока пишува и српска "Политика". Според "Политика", актуелниот албански премиер Сали Бериша бил еден од главните трговци со оружје за ОВК за време на војната на Косово, а во 2008 година со него се сретнал Рамуш Харадинај поради уништување на документацијата во врска со трговијата со човечки органи. Во предметот на српското обвинителство за трговија со органи, според весникот, името на Сали Бериша се спомнува во документ на српското Министерство за внатрешни работи, а се однесува на посетата на српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ на Албанија поради соработка во истрагата. Во документот се наведува дека некаде околу 15 септември 2008 година во Албанија престојувал Харадинај, откако во медиумите слушнал за истрагата околу трговијата со човечки органи, пишува "Политика".
Во истиот документ, според белградскиот весник, се додава дека постојат сознанија дека со иста цел од 15 до 25 септември 2008 година, во посета на Бериша пристигнале и Хашим Тачи, Хафер Халити и генералите Сами Љуштаку и Сулејман Селими. Името на Бериша како трговец на оружје го спомнуваат четворица косовски Албанци, чии сведочења се составен дел од документацијата на Обвинителството во истрагата за трговија со човечки органи. Во тоа време Бериша бил опозициски политичар, поранешен албански претседател за чиј мандат беа ограбени воените касарни во земјата, од кои исчезнаа повеќе стотици илјади парчиња пешадиско оружје и муниција. Инаку најголем дел од украденото оружје заврши во рацете на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а четворицата косовски Албанци кои го товарат Бериша за трговија со оружје се поранешни припадници на ОВК.
За потсетување, прв премиер на Балканот кој бил изнесен на суд за корупција е Владо Бучковски.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1522F5594F12D449AA6D7F6C8E2277F9
Користи друг извор освен вечер те молам. Не мора да ме потсетуваш дека нашиве одат првин го прашуваат вујче сем па после мелат јавно. Ај сеа знаеме дека се трудат да го направат вујко сем да изгледа добро. Ова е на европа повеќе масло него ли америка. Америка сака полустабилен- нестабилен балкан.Европа - стабилен балкан
