Кој тоа чисти на Балканот и зошто?

Ги апсат тие што треба да ги апсат.

И дефинитивно се чисти ѓубрето на кое што му поминала употребната вредност.

Слично како и Садам и многу други...

По налог на Вашингтон се чисти Балканската мафија!

Американците процениле дека единствена закана за стабилноста на Балканот е организираниот криминал и корупцијата. Акциите за апсењата на Балканот се одвиват координирано и ќе се случуват во Црна Гора, Хрватска, Србија, Косово и Албанија...

4C22DCCB962B5B48A3D747B3CD72F14C.jpg

Мило Ѓукановиќ, Иво Санадер, Хашим Тачи и Харис Силајџиќ биле прогласени за главна пречка за развојот на Балканот. Било наредено нивно тргање од политичката сцена по директен налог на САД, пишува српскиот весник "Прес". Оваа четворка политичари се поврзувала со организиран криминал, шверц на цигари, војни во поранешна СФРЈ. Санадер бил означен како лидер на корупција, а Тачи и Ѓукановиќ водачи на криминални групи. Челникот за Движењето за промени, Небојша Медојевиќ за "Прес" открил дека во тек бил процес на "чистење на балканската мафија по налог на Вашингтон". Истиот бил издаден во февруари годинава, како план на САД за воспоставување на стабилност на Балканот.

Американците процениле дека единствена закана за стабилноста на Балканот е организираниот криминал и корупцијата. И поради тоа се одвива координирано и ќе се случува во Црна Гора, Хрватска, Србија, на Косово... Санадер е прогласен за лидер на корупциска афера, додека Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи се означени како организатори на криминални групи", рекол Медојевиќ.

Во таа насока пишува и српска "Политика". Според "Политика", актуелниот албански премиер Сали Бериша бил еден од главните трговци со оружје за ОВК за време на војната на Косово, а во 2008 година со него се сретнал Рамуш Харадинај поради уништување на документацијата во врска со трговијата со човечки органи. Во предметот на српското обвинителство за трговија со органи, според весникот, името на Сали Бериша се спомнува во документ на српското Министерство за внатрешни работи, а се однесува на посетата на српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ на Албанија поради соработка во истрагата. Во документот се наведува дека некаде околу 15 септември 2008 година во Албанија престојувал Харадинај, откако во медиумите слушнал за истрагата околу трговијата со човечки органи, пишува "Политика".

Во истиот документ, според белградскиот весник, се додава дека постојат сознанија дека со иста цел од 15 до 25 септември 2008 година, во посета на Бериша пристигнале и Хашим Тачи, Хафер Халити и генералите Сами Љуштаку и Сулејман Селими. Името на Бериша како трговец на оружје го спомнуваат четворица косовски Албанци, чии сведочења се составен дел од документацијата на Обвинителството во истрагата за трговија со човечки органи. Во тоа време Бериша бил опозициски политичар, поранешен албански претседател за чиј мандат беа ограбени воените касарни во земјата, од кои исчезнаа повеќе стотици илјади парчиња пешадиско оружје и муниција. Инаку најголем дел од украденото оружје заврши во рацете на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а четворицата косовски Албанци кои го товарат Бериша за трговија со оружје се поранешни припадници на ОВК.

За потсетување, прв премиер на Балканот кој бил изнесен на суд за корупција е Владо Бучковски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1522F5594F12D449AA6D7F6C8E2277F9

Користи друг извор освен вечер те молам. Не мора да ме потсетуваш дека нашиве одат првин го прашуваат вујче сем па после мелат јавно. Ај сеа знаеме дека се трудат да го направат вујко сем да изгледа добро. Ова е на европа повеќе масло него ли америка. Америка сака полустабилен- нестабилен балкан.Европа - стабилен балкан :)
 
Грешка и САД и ЕУ сакаат стабилен балкан а ова значи стабилна политичка сцена и стабилни политичари-не корумпирани мафијаши и децоубици.

Појак балкан=појако НАТО Јадро а балканот добива сега на стратешка вредност.

Ете погоре ти го спомнаа и Садам.

П.С не постои полустабилност-тоа се вика тензија која може да биде политичка,економска или воена.
 
До некаде би се сложил со Lupos дека Америка повеќе би сакала не стабилен Балкан и Држави во кој би имала влијание за да си ѓи остваруваат своите интереси. Но си го поставувам парашањето зошто Америка не призна под уставното име ?Зошто ниту една од моќните Држави во ЕУ не не признае под името Македонија ? Зошто ЕУ не го реши проблемот со Македонија и Грција и да се зациментира безбедноста на овој дел од Балканот ? Зошто доколку и одговара на ЕУ стабилен Балкан не се заложат за стабилноста ?
 
Интересно прашање ... Моето мислење е ова па ти кажи ми каде грешам:
Балканот и е во двор на европа не во америка, ако гори на балканот им гори и на европјаните, ама не сигурно на американците.
Мое мислење е дека нас не заобиколуваат европејците и намерно не држат на страна поради американското влијание . Да бидеме искрени имаме огромна амбасада- тврдина на кале. Американците си играат фрли рипче фати крапче овде името ни го признаа како искупување за војната во 2001 и нашето учество во Ирачката војна и амбасадата со која се прислушува. Европејците не сакаат во своја куќа нечија американска играчка. Посебно не со оваа власт . Зошто?
Ако некој не памти ама ај јас да го потсетам : Сем Ванкин беше пр менаџерот кој ја осмисли кампањата и и донесе на вмро победа, Сем Ванкин е израелец а израел многу си се љуби со америка. Од друга страна во албанскиот корпус видовме пред некој месец отворање на џамија со саудиски знамиња наоколу , саудиска арабија е уште еден сојузник на америка кој си се љубат многу. И за двете држави знаеме дека што и да биде ќе бидат за америка залепени додека можат бидејќи америка ги снабдува тамошните режими со оружје и пари .

Е сега европа од една страна не сака нас под нејзини термини од друга страна не не сака вакви. Затоа ја остави Грција да не блокира.

Сеа зошто америка сака нестабилен регион , за да ја држи европа под страв и да ја потсеќа дека Ханибал и е пред портите . Да седат и да ќутат и да играат како ови викаат. Иако европа се труди во последно време да се одвои од тоа влијание ... ама џабе попрво ќе се распадне него тоа. Американските банки им ги имаат bond и една по една држава ја урнуваат економски. Ама тоа е друга приказна :)
 
Саман мене ми е некако нелогично НАТО како пакт кој настојува да биде продолжена рака на ООН да дозволи односно т.е да претрпи стратегиски пораз всушност Македонија надвор од НАТО е пораз за НАТО посебно ако ја земеме предвид нашата географска положба односно без нас НАТО нема да има контрола(тотална) врз идниот Коридор 8 кој и те како ќе биде важен за ЕУ посебно,понатаму Воздушниот простор исто така е важен.

Но ЕУ мислам дека НЕМА МОЌ-Брисел има влијание само врз држави како нашата но не и врз Грција...бугарија-ма никој не ја ферма ЕУ бидејќи не е меѓународен фактор и Нема да биде без НАТО оттука наш примарен интерес треба да е НАТО додека фуере треба да го оставиме да крека но не и да го слушаме:)

Времето е во наша полза а настапувањето на новите сили како Бразил Индија и Кина нас ни оди во прилог-се што треба да направиме е да ја средиме Економијата.

Мислам дека моментален влез во ЕУ ќе биде фатален за нашата економија едно што имаме 30% невработеност друго имаме Brain drain па згора на се и дебилни "претприемачи" нема да конкурираме на тој Пазар-неќам да бидеме како Бугарите каде единствена позитива од членството ќе биде пола младина надвор од Р.М

Строго Активна дипломатија!!!

--- надополнето ---

овде името ни го признаа како искупување за војната во 2001

Нема врска ако малце размислиш ќе видиш дека САД+ NATO делуваше во 2001-ва но НЕ ПРОТИВ НАС туку НАТО имаше за цел да војната не се прошири бидејќи тогаш го губат Коридор 10 и снабдувањето на НАТО трупите во Косово и на крај краеви ние им бевме Логистика за време на бомбардирањето.

За 2001-ва виновни се нашите политичари Окта и телекомот:)
 
Се сложувам со твојата анализа,жално е што ако ова е така или приближно е ваква ситуацијата Македонија би била колатерална штета. Да се навратам на конфликтот во Косово и Македонија, Америка успеја да направи нова држава на Балканот притоа префрлајќи го конфликтот и во Македонија со можност да се разгори во западниот дел во Грција како и обид за разгорување во Босна. Со Косово Америка и покажа на ЕУ дека е моќна во нејзина територија да создаде Држава,се почесто се спомнува дека некои Држави на ЕУ се мисли на големите играчи знаеле за криминалот кој го вршат водачите на ONA но премолчувале само за да има стабилност.Можеби оправдано од страна на ЕУ (на ова тема нема да одговарам и да се расправам дали имало или не криминал во Косово) и ( сметам дека секој кој продавал човечки органи треба да биде казнет ).Значи само за да има мир пред дворот на ЕУ се премолчувало. Тука би ја додал и Русија која отпрвин ја бранеше Србија па потоа ја пушти низ вода. Исто како што на Америка и одговара ослабена ЕУ така и на Русија и одговара ЕУ да биде ослабена значи не слаба туку ослабена. Знаеме како заврши обидот Америка да се доближи до границата на Русија (Грузија). Да продолжам со конфликтот кој се прелеја кај нас, Амааерика и стави до знаење дека може да го префрли и на друѓи територии па дури е моќна доколку сака и во нејзина членка Грција (Чемарија) мислам така се викаше. На овој начин со префрлање на конфликтот во друга држава како и обид за стварање конфликт во нејзина членка Америка ја притисна ЕУ да го признае Косово иако некој не го признаа.

--- надополнето ---

Саман мене ми е некако нелогично НАТО како пакт кој настојува да биде продолжена рака на ООН да дозволи односно т.е да претрпи стратегиски пораз всушност Македонија надвор од НАТО е пораз за НАТО посебно ако ја земеме предвид нашата географска положба односно без нас НАТО нема да има контрола(тотална) врз идниот Коридор 8 кој и те како ќе биде важен за ЕУ посебно,понатаму Воздушниот простор исто така е важен.

Но ЕУ мислам дека НЕМА МОЌ-Брисел има влијание само врз држави како нашата но не и врз Грција...бугарија-ма никој не ја ферма ЕУ бидејќи не е меѓународен фактор и Нема да биде без НАТО оттука наш примарен интерес треба да е НАТО додека фуере треба да го оставиме да крека но не и да го слушаме:)

Времето е во наша полза а настапувањето на новите сили како Бразил Индија и Кина нас ни оди во прилог-се што треба да направиме е да ја средиме Економијата.

Мислам дека моментален влез во ЕУ ќе биде фатален за нашата економија едно што имаме 30% невработеност друго имаме Brain drain па згора на се и дебилни "претприемачи" нема да конкурираме на тој Пазар-неќам да бидеме како Бугарите каде единствена позитива од членството ќе биде пола младина надвор од Р.М

Строго Активна дипломатија!!!

--- надополнето ---

Нема врска ако малце размислиш ќе видиш дека САД+ NATO делуваше во 2001-ва но НЕ ПРОТИВ НАС туку НАТО имаше за цел да војната не се прошири бидејќи тогаш го губат Коридор 10 и снабдувањето на НАТО трупите во Косово и на крај краеви ние им бевме Логистика за време на бомбардирањето.

За 2001-ва виновни се нашите политичари Окта и телекомот:)

ООН веќе не постои иако постои тоа ти како холограм кој може да биде присутен сегде но не може ништо да дофати. Кога сме кај NATO и нашето членство мислам дека тоа беше првиот порас на Америка од страна на ЕУ и можеби Русија како сојузника на ЕУ за ова прашање. Не треба да заборавиме дека со нашето членство во NATO Америка добива уште еден играч на своја страна можеби не сме моќни да играме но кога ќе се одлучува за нешто ќе имаме рамноправен глас со например Германија. Од моја гледна точка на Русија и одговара најмногу ова ситуација што сега се случува на Балканот ЕУ во криза Америка се троши за доминација за Балканот а Русија си го чисти дворот. Се сложувам дека што е можно побргу треба да влеземе во NATO за ЕУ не сум баш барем не сега .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom