Зад успешниот маж стои успешна жена , а зад успешната жена стојат повеќе мажи
... во редица!
Поентава е демек за да еден маж биде успешен во животов, потребна му е жена за да го подржува и стои зад него. Од друга страна пак, секоја успешна жена е влезена во фазонот као демек не сака дечко,маж и бла-бла приказни и затоа се вели дека зад неа стојат повеќе мажи во редица

.
Како и да е, јас не се согласувам ниту со едното ниту со другото.
Уствари, поголемиот дел од оние успешни луѓе што јас ги познавам и на кои им се восхитувам се сингл... најверојатно затоа што за да стигнеш до успехот потребно ти е знаење, време и мнооогу работа и труд, а богами и трпение. Така што, сите тие бабини деветтини паѓаат во вода