Вистински се смеам кога сум расположена, а кога не сум, ќе се насмевнам само од култура, вештачки, и ќе гледам да не се примети дека не сум нешто ок. Мразам намќори и не сакам јас да бидам намќор.
Ако ми е блиска личноста, ако си имам маки, ако сум нешто тажна, ќе и кажам. Ама во друштво, кога сме повеќе души собрани, гледам да не се примети моето (не)расположение.
Ако е се ок, како што е најчесто, фала Богу, многу често се смеам, особено со него...

Раката никогаш не ја ставам на уста, бидејќи имам природни и многу убави заби (пу пу пу, да ми ги серат кокошките, многу си ги сакам

), така да, секогаш си се смеам без проблем, некогаш дури намерно се смешкам за да ми се видат забите.

Веројатно сте приметиле дека има луѓе на кои што кога ќе се насмеат им се гледаат долните заби, на некои горните... а на некои па никои. Е јас сум од тие луѓе што им се гледаат горните заби.
П.С. Не се смеам гласно, само ептен кога ми е нешто смешно, инаку само отварам уста, т.е. се смеам без глас, знаете како... а не на глас, тоа ми е толку глупаво...
