Кој се плаши од темнината и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата BliND
  • Време на започнување Време на започнување
Се плашам да..нема некои причини..само ..некако..страв ми е ..ако искочи некој ненадејно у темнина одма срцев удар ке ме фати :D
оди малку гледај хорор филмови ќе се се навикнеш во темнина:D
 
Се плашам затоа што во темнина јако сум ја удирал главава и понекогаш екстремитетите...
 
не се плашам од никаква темнина..тие што се плашат веруваат дека во неа има некој/нешто а тоа не е така..самото паничење и верување дека има нешто ве прави да се плашете ид а мислете на такви работи :)
 
Не се плашам од темнината, туку од тоа што можеби е скриено (или се крие во неа).
 
Јас се плашам од темнина.
Имам останато во сеќавање некои моменти од 2001.
Живеам во мешана област. Всушност, некаков измислен фронт беше мојава населба.
Тој период, ноќно време, секакви фацки се шетаа, фантоми ;)
И од двете страни.
Ама јас тогаш имав 10 години, и бев постојано преплашена. Онака.. ноќ, тишина.... шушкање.

Не спиев ноќе, седев со вклучено светло и наслушнував, цело време.
Од тогаш ми остана во навика да не спијам ноќе, а и кога спијам, да не бидам во темница.
Исто ми остана да се вртам постојано на улица, и не можам да одам ако има некој позади мене. Застанувам и чекам да помине.

Ноќно време излегувам сама, единствено ако е со мене и моето куче. Со него ми е онака, подобро, зошто и најмалиот шум (кој јас не го слушам) тој го слуша и знам дека има нешто.
Ама дури ни со него не се осмелувам да одам низ сосема темни места.

Исто така, бидејќи во целава приказна има и шума, на 50м од мојата куќа, јас се плашам од шума. Не се плашам ако не сум сама, ама пак... не ми е баш пријатно кога сум ,,навлезена,, во шумата. Иако практично до 10 година растев во неа, секојдневно, летно време жмурка, зимно санкање, од тогаш (иако е сега сосема безбедно, има повеќе полиција од шумски животинки) јас доаѓам само до периферијата на шумата, или единствено низ главните патеки низ неа, но никако сама, барем дечко ми да е со мене.
 
Јас се плашам премногу од темнината но не затоа што некој ќе ме украде:) Во ноќните часови монструмите се најгласни, флешбековите посилни.... а кој се справува со траума знае за што зборувам.
 
Јас си немам таков проблем не ме плаши темница ама баш ич од мала го немам тој страв танананананананананананананан :D:D:D.
--- надополнето: Nov 13, 2011 11:47 AM ---
Јас се плашам премногу од темнината но не затоа што некој ќе ме украде:) Во ноќните часови монструмите се најгласни, флешбековите посилни.... а кој се справува со траума знае за што зборувам.
Да ама мислам дека тоа ти е на психа би требало да се посоветуваш со доктор ;).
 
Да, да, дефинитивно е на база на психа и се советувам со психотерапевт. :)
 
Да, да, дефинитивно е на база на психа и се советувам со психотерапевт. :)
Имав таква другарка што се плашеше многу од темница и секогаш кога ќе останеше сама дома обавезно ме викаше да бидам со неа ;) и тоа се на психичка база се советуваше со психотерапевт е сега се подобри и баш ми е мило :).
 
За разлика од порано сум многу подобра, но ме фаќаат чат пат бубачките. Навистина е многу непријатно
 
За разлика од порано сум многу подобра, но ме фаќаат чат пат бубачките. Навистина е многу непријатно
Само едно ќе ти кажам немој да се предаваш лесно и да фаќаат некогаш бубачките едноставно избори се со нив мислам ме сваќаш што сакам да ти кажам;).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom