Кој прв почна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Официјално е општо познато, 17.12.1903, браќата Рајт во Кил Девил Хилс, првиот лет на летало потешко од воздухот со помош на мотор, Рајт Флаер, 37 метри.

Но има голем број тврдења дека Орвил и Вилбур воопшто не се првите, меѓу многубројните пионери на авијацијата најсериозен конкурент за прв лет е оној на Густав Вајскоф кој на 14.8.1901 година прелетал 800 м со својот авион “Број-21“ во присуство на сведоци и новинари, може да се каже со иста веродостојност како оние кои биле присутни во Кил Девил Хилс две години подоцна.

И покрај тоа во историјата е останато дека браќата Рајт се првите !?

What do you think that is?
И дали некој знае кога е првиот лет во Македонија, претпоставка во Балканските војни, но немора да значи, инаку најславно име од тие времиња кој кратко престојувал и летал над оваа територија бил Герхард Физелер, германски пилот-ас и подоцна конструктор на многу успешни авиони, еден од пионерите на STOL технологијата.
 
Леонардо Да Винчи прв има летано во оваа цивилизација.
 
Колку што имам прочитано, Вајсков со едрилица се залетал од рид, а браќава имале мотор.
 
Читав интересна статија или пак гледав за браќата, нешто во стил како мотивациски говор. Пентагон или како и да се викала владината воена структурата на САД во тоа време го ангажирала некој си мастер мајд Ленгли кој добил пари, ги најмил најдобрите инжињери и умови, ангажирал весници за да го следи големиот успех итн итн. Браќава Рајт кој сами се спонзорале од работилницата на велосипеди, ниту еден во тимот не имал образование на колеџ вклучително и браќата Рајт, голем дел од тимот работеле како волонтери и успеале да го направат авионот пред Ленгли. Поентата на говорот беше дека треба да веруваш за да успееш во нешто, ова чисто го споменувам јас како тривија.

Го најдов видеото од 8 мин и 20 сек па натаму има дел за браќата

http://www.ted.com/talks/simon_sinek_how_great_leaders_inspire_action.html
 
....постои една стара кинеска легенда која вели дека многу многу одамна некој човек направил голем змеј (летало) со кое летал над Кинескиот Ѕид и царската палата.....пресреќен пронаоѓачот отишол да го демонстрира своето откритие пред царот.....царот ја видел демонстрацијата...малку подразмислил и наредил пронаоѓачот да се убие, а леталото да се запали.....зачудени советниците прашале зошто...ЕДЕН ДЕН НЕКОЈ СО ТАКВО ЛЕТАЛО МОЖЕ ДА ФРЛА КАМЕЊА ИЛИ ЗАПАЛЕНО МАСЛО ВРЗ ГОЛЕМИОТ ЅИД И ВРЗ ПАЛАТАТА

Ако добро размислам...можеби царот бил во право

ММЕ кој прв почна
 
Официјално е општо познато, 17.12.1903, браќата Рајт во Кил Девил Хилс, првиот лет на летало потешко од воздухот со помош на мотор, Рајт Флаер, 37 метри.

Но има голем број тврдења дека Орвил и Вилбур воопшто не се првите, меѓу многубројните пионери на авијацијата најсериозен конкурент за прв лет е оној на Густав Вајскоф кој на 14.8.1901 година прелетал 800 м со својот авион “Број-21“ во присуство на сведоци и новинари, може да се каже со иста веродостојност како оние кои биле присутни во Кил Девил Хилс две години подоцна.

И покрај тоа во историјата е останато дека браќата Рајт се првите !?

What do you think that is?
И дали некој знае кога е првиот лет во Македонија, претпоставка во Балканските војни, но немора да значи, инаку најславно име од тие времиња кој кратко престојувал и летал над оваа територија бил Герхард Физелер, германски пилот-ас и подоцна конструктор на многу успешни авиони, еден од пионерите на STOL технологијата.

Бидејќи прадедо ми учествувал во првата светска војна, со сигурност знам дека Бугарите користеле авиони на овие простори. (y)

За балканските војни не знам.
 
Колку што имам прочитано, Вајсков со едрилица се залетал од рид, а браќава имале мотор.

Тој е Ото Лилиентал, загинал на последниот лет пред да монтира мотор.
Вајтхед летал со мотор, за прв пат пред сведоци во 1901, а со реплика на неговиот авион веќе е летано во денешно време со што е докажано дека не само што можел да лета туку и да управува по трите оски.

http://www.weisskopf.de/research.htm

Бидејќи прадедо ми учествувал во првата светска војна, со сигурност знам дека Бугарите користеле авиони на овие простори. (y)

За балканските војни не знам.

Прва светска секако, но за време на балканските војни српската,бугарската и турската армија веќе користеле авиони.
Не се знае кој е прв пилот во Македонија, за екс-ју знам беше некој словенец кој сам си изградил авион 1908-9...
 
What do you think that is?
И дали некој знае кога е првиот лет во Македонија, претпоставка во Балканските војни, но немора да значи, инаку најславно име од тие времиња кој кратко престојувал и летал над оваа територија бил Герхард Физелер, германски пилот-ас и подоцна конструктор на многу успешни авиони, еден од пионерите на STOL технологијата.

222039_147628541973296_100001784547553_283600_5834932_n.jpg

1917 г.
Германски или Бугарски Fokker EIII срушен во близина на Прилеп.

222114_147628548639962_100001784547553_283601_5125425_n.jpg

20 Август 1917 г.
Јужно од Прилеп.
Германскиот Ас Gerhard Fieseler (1896г. - 1987г.) стои покрај остатоците од Францускиот авион Nieuport 17, прв срушен авион во неговата кариера (Gerhard Fieseler во Македонија срушил 19 авиони).

Во албумов од групава Прилеп стари фотографии на фејсбук има уште некоја слика.
 
Ознаките се германски на фокерот, а и не сум сигурен дека бугарите поседувале ајндекери...

anyway, линкот...

Содржината моментално е недостапна

:eek:
 
Оди овде ги има истите слики 7-8 се, има и некој текст, плус уште некоја слика шо ја нема на групата т.е. профил е на фб.:)
 
Merci beaucoup...:) немам фб профил, можеби затоа не ги отвараше...
Туку да побарам некаде имаше уште за 3 или 4 непризнаени официјално соборени авиони (бирократија) од Физелер,некаде познат и како “Македонската ѕвезда“, еден паднал во Преспанско езеро еден околу Битола некаде...
Имаш некое инфо кој е прв овдешен чоек шо полетал со авион ?
 
Види на линкот од втората слика да не има нешто, отворив ама слабо дојч.:)

За болдот не.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom