Кој прв почна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Авионот покрај кој стои Фиселер не би требало да е Њепор од проста причина што авионите на таа серија имаат звездасти ротациони мотори. Повеќе може да е нешто ко овој Фарман, бидејќи авионот е со водено ладен мотор, а мене друг таков на страна на сојузниците на Македонскиот фронт не ми паѓа сега на ум..:)
farman-mf11-shorthorn.jpg


Инаку бугарите имаат некоја количина на германски авиони и имаат налетано неколку стотини мисии за време на војната.
Имат и Фокер Ајнцдекер 3 ком. на кој авион еден пилот соборува француски бомбардер Фарман 40 над Софија. Имаат уште 3 евентуални победи...всушност претежмно летаат на двоседи авиони за извидување.
farman_f40_17.jpg

Имам некаде во архивата список на сите авиони со кои располагале и нивни слики, па ако го најдам ќе го постирам.
Инаку ДЕФИНИТИВНО Браќата Рајт не се први кои летале со моторен авион , дури нивниот формален прв лет е СМЕШКА.., но секако биле најголемите шоумени и трговци во таа област и успеале да се изборат за таа титула.
В Македонија во балканските војни има малку авиони. Турците имаат француски R.E.P на овие простори, а Србите Блерио, но што од нив баш во тие војни летало незнам.:) Имам податок дека стариот Скопски аеродром сега дел од населба Аеродом е користен од турската војска како летилиште уште 1908 година за R.E.P-овите.
2870803686_4a0bb5a63c_b.jpg

ова е авион од тој тип кој 1011 година бил однесен на Антартикот со некоја експедиција.
А словенецот кој е спомнат е еден од браќата Русијан .Едвард кој летал со нивната ЕДА1 1908 год.
rus07graz.jpg

за да подоцна се слупа во Белград 1911 каде е и закопан. Братму со загрепчанецот Мерчеп како сопственик на компанијата има подоцна направено неколку конструкции на добри авиони во мали серии , ама бидејќи ова е ќуше на светот, на тоа останало...ги немало маалку подоцнежните големи војни нарачки кои ја дигнаа авијацијата во небеса...:)
PW01.jpg



Инаку за прашањето кој прв во Македонија сеуште немам права информација. Знам само дека ПРВИОТ авион кој е заведен на приватно лице во Кралевината СХС е купен од некои трговци во Скопје. Неговиот звездаст мотор со 5 цилиндри го имам видено во подрумот на Музејот во Сурчин, а информацијата е директно од гуруто на тој музеј Чедо Јаниќ :)
 
Србите имале 12-15 авиони за време на балканските војни, првата жртва воен пилот мислам дека е нивни пилот, нешто бизарно беше, паднал од авионот заборавајќи да ги врзе појасите или слична судбина, учел во Франција кај Луи Блерио, а паднал на територија на Албанија некаде...
 
Официјално е општо познато, 17.12.1903, браќата Рајт во Кил Девил Хилс, првиот лет на летало потешко од воздухот со помош на мотор, Рајт Флаер, 37 метри.

Но има голем број тврдења дека Орвил и Вилбур воопшто не се првите, меѓу многубројните пионери на авијацијата најсериозен конкурент за прв лет е оној на Густав Вајскоф кој на 14.8.1901 година прелетал 800 м со својот авион “Број-21“ во присуство на сведоци и новинари, може да се каже со иста веродостојност како оние кои биле присутни во Кил Девил Хилс две години подоцна.

И покрај тоа во историјата е останато дека браќата Рајт се првите !?

What do you think that is?
И дали некој знае кога е првиот лет во Македонија, претпоставка во Балканските војни, но немора да значи, инаку најславно име од тие времиња кој кратко престојувал и летал над оваа територија бил Герхард Физелер, германски пилот-ас и подоцна конструктор на многу успешни авиони, еден од пионерите на STOL технологијата.
Браќата Рајт го остварија првиот лет со авион пред 107 години со авион со мотор, но не биле првите луѓе што летале.

Браќата Монголфје летале со балон 120 години пред браќата Рајт.

1783 Жозеф и Жак Монголфје Франција
Прв слободен лет со балон со топол воздух, со патници
далечина 25 метри
време 4 минути

1852 Анри Жифар Франција
прво беспилотно летало со погон
далечина 27 км
време 2 часа и 40 минути

1853 Сер Џорџ Кајли Британија
прв пилотиран глајдер
далечина 275 метри
време непознато

1874 Феликс ду Темпле Франција
пилотиран аероплан со сопствен погон
далечина мал скок
време неколку секунди

1890 Клемен Адер Франција
пилотиран аероплан со сопствен погон
далечина 50 метри
време непознато

1893 Ото Лилиентал Немачка
прв контролиран лет на пилот со глајдер
далечина 230 метри
време непознато
 
Македонците природно почнаа уште во времето на Александар Велики -Македонецот од словенско потекло
Инаку еве првата bomb во светот

 
Македонците природно почнаа уште во времето на Александар Велики -Македонецот од словенско потекло
Инаку еве првата bomb во светот

:rolleyes:
Првата бомба во светот?! Кинезите, 12. век.
Првото фрлање на бомба од авион, италијански пилот во 1911.
http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-13294524
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom