Кој последен-масата.

  • Креатор на темата Креатор на темата Doc Holliday
  • Време на започнување Време на започнување
Па зависи, кога последниот, кога кој може ама најчесто групно ја раскреваме масата:wink:
 
Еднаш ми кажаа да ја кренам масата и јас буквално ја кренав неколку сантима целата маса и ја спуштив на земја. Од тогаш не ми кажуваат...

многу опасен си бил , тешко на таа шо ке ја земиш хееххе:pos2::wink:
 
Кој последен се смее, не го сфатил вицот. И ја раскрева масата.
 
нема некое правило најчесто ја крева мајка ми некогаш пак татко ми, а јас секогаш се нудам и секогаш ми викат: ајде марш! :pos2:
 
Раскревањето на масата ми иде спонтано, станувам си кревам. Ретко кога ручаме заедно, одбегнувам, ќе треба и на јадење да се расправам со татко ми, затоа...
А порано многу сум го сакала Бадник, баш поради тоа што не се раскрева масата, ке се најадам и ке легнам да ми спадне јадењето :pos:
 
кај нас, јас сум "мајка ми" па јас раскревам...:toe::jaj:
Кој ти е крив кога се правиш мајка ти :))) кај нас никој не раскрева, се е пластично и за една употреба, собери чаршав и во канта! Шала, јас си раскревам понекогаш ќерка ми немаме правило на последен и прв.
 
Кај мене иде

1.Последен останувам
2.Мајка ми вика крени ја масата
3.Ја игнорирам
4.Повторува
5.Повторувам
6.Ја раскрева масата.
 
Кај мене слугинкава ја раскрева и сервира.



еве ја, малку ми е мрзлива али за инает на комшијава не ја менувам
aboutpic.jpg
 
Последна седнувам, прва станувам ама немаме правила, најчесто мајка ми. :) А помагам и јас, поретко. :)

Иначе ме нервираат случаи од типот кога децата ќе јадат сами, особено ако се машки па ќе и наредуваат на мајка им да им ја постави и да им ја раскрене масата, ко робот некој да е.
 
Како мал таткоми се се зафркаваше кој последен ке ја раскренува масата и јас мал јадев брзо и до ден денес го имам тој проблем не знам да седнам и да јадам како човек за 5мин сум најаден...
 
Обично јас раскревам, а дечкиве пошто се мали се наоѓаат од помош ми подаваат додаваат, битно се трудат, а тато и он знае да не изненади :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom