Ако одите со некој и во првите неколку месеци е мистериозен, не ве запознава со никој и не си зборува со фамилијата, нема сериозни намери со вас.
Ако вие имате со него и сте премногу отворени тогаш голема е веројатноста да ве зафркне и тоа машки. Сум се нашла во ваква ситуација и ми рече еднаш дека многу сум брзала.
Изгледа се исплаши, зошто му реков дека ќе го запознаам со другарки и дека сакам тој да ме запознае со барем еден другар.
За во јавност немаше проблем, јас сум тука проблематичната и не сакам бакнување и држење за рака пред други луѓе. Тој не се срамеше да ме бакни на сред улица.
Најдобро е на почеток да го прашате што сака од вас.
Идеален ми изгледаше дека е зошто знаеше како да направи да се чувствувам подобро, да ме насмее, да ме поддржи. Физички згоден, си најдов две работи кои физички му ги сакав и две-три карактерни и се затрескав и му кажав.
Без брзање, друг пат не верувам дека ќе се впуштам во авантури.