Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Убави си кажа ти, секој човек е различен и според тоа на различен начин духовно се развива и унапредува. Религиите ја "силувале" духовноста обидувајќи се да ја унифицираат и да направат идентичен модел за сите.
Иако гледам да имам почит према луѓе кои се религиозни, сепак сметам дека се губи различноста и индивидуализмот со религијата. Не само во однос на моралот и етиката, туку и во склоп на цела серија други аспекти кои некој дури и би се зачудил зошто религијата би ја интересирало воопшто за тоа. Проблемот е што наместо нешто лично и персонално, религијата станала масовна појава и пуштила корења во нашите различни култури и станува дел од нив, и полека ги унифицира во една хомогена културолошка матрица. Барем тоа го имам забележано (а и многу антрополози, културолози). Се надевам негативното влијание ќе избледее додека дојде новава ера на секуларизам и хуманизам. Не сум сигурен за ренесанса, ама можно е и тоа да се случи
