Атеистот: Без навреда имаму, ама аналогијата ти е екстремно глупа и комплетно утната. Кајчето е направено од дрва, даски, шајки...веќе постоечки материјали. Значи мајсторот земал даски и направил кајче, не го направил кајчето од ништо. А ти тврдиш дека твојот бог го создал светот од ништо.
Друго, ако треба мајстор за се, кој го создал Бог? Штом треба мајстор за се, треба мајстор и за Бог. А ти тврдиш дека Бог сам се создал. Тоа е контрадикторно имаму.(тука имамот се збуни бидејќи не го знаеше значењето на зборот контрадикторно).
Како може Бог сам да се создаде, а универзумот не може? Ако Бог може сам да се создаде, значи и универзумот може сам да се создаде. Тоа го прави твојот бог комплетно непотребен во приказната.
Трето, имаму, без навреда, ама срамота е да не знаеш дека атеистите не се занимаваат со настанокот на универзумот и живиот свет во него. Со второво се занимава абиогенезата. Атеистите едноставно не веруваат во постоењето на богови, ништо повеќе. Атеизам и абиогенеза, тоа се два различни поими, иако почнуваат на иста буква, па тебе тоа те збунило. (всушност, имамот немаше слушнато за ништо од ова, тој ја имаше научено напамет приказната и нонстоп си ја верглаше).
И така имамот ја наведна главата, го подвитка опашот, сфати дека доволно се бламираше и реши да се запише во прво одделение. За жал, не го примија во нормално училиште, па мораше да се запише во ПОУ "Златан Сремац".