Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Ili vo nekoi raboti mislis deka si upaten ili te upatile... moze i taka da odi.
ме гледаш на историја? да реплицирам на историско поврзани постови??? само од една причина.... немам доволно податоци....
на темата
1. имаме не една туку ТРИ јавно обелоденети информации за бугарофилството или бескичмењаството на братот...сеедно...
2.имаме пропаднати акции, откажани напади и десетина загинати...погоди под чива директна команда и одговорност
3.да не навлегуваме во менталниот склоп, гардеробата речникот, политичката позиција и акалот...
4.еве ти и нешто по партиска линија, иако моите постови не познаваат таква, да не ме етикетираат, и некој да не се најде повреден
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се фрустрира од мојата кандидатура
За една демократска партија е нормално да има повеќе кандидати за државните функции
Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да преземе санкции против членови што индивидуално ќе се кандидираат за претседател е резултат на фрустрациите и нервозата на тие што имаат амбиции за претседателска кандидатура, а се плашат од конкуренција. Тоа е само почеток на она што допрва ќе се случува во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, оцени вчера Љубе Бошковски, поранешен министер за внатрешни работи и сегашен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека не е информиран за таква одлука, но ако е донесена, тоа ќе биде доказ за недемократско однесување на партиското раководство.
- Ќе се вклучам во претседателската кампања и тоа е веќе за мене завршена работа. Јас сум човек што не ги менува ставовите, а може да го сменам ставот само ако ме разубедат конкурентските групации во мојата партија. Но, не верувам дека тоа ќе се случи по прашањето за мојата кандидатура за претседател на државата - изјави за "Дневник" Бошковски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ практикува американска демократија и затоа не треба да биде чудно ако партијата има повеќе кандидати за претседател на државата што ќе се борат за партиска номинација.
- Не барам поддршка од пратениците, туку барам тие да лобираат за мене. Јас ќе се кандидирам од народот. Тој што сака да знае кој е брат Љубе во последните пет години, нека прошета помеѓу народот и ќе дознае - вели Бошковски.
За забелешките што му се упатуваат дека не е пожелен кај меѓународната заедница, Бошковски одговара:
- Ми требаат гласовите и поддршката од мојот народ, а не од меѓународната заедница.
5.како го прекина говорот на Вељановски на мечкин камен...прајслес...