Коинциденции

  • Креатор на темата Креатор на темата CueBaLL
  • Време на започнување Време на започнување
Едноставно се случило, се нашле на погрешно место во погрешно време. Но, тие се тие кои одлучиле да патуваат по тој пат, на тој ден. За мене тука нема ништо проколнато. Постојат наши постапки, и нивни последици. Како и да е, лесна и' земја.
 
Од Ербасов направија толкава фарса со вести протурање што не е нормално. Во Индија се судираат два воза, двоно мртви од авионот, еден ден, и толку. Во Израел самоубиец во автобус, еден ден, ајт создравје. Во Авганистан бомби фрлање секој ден, no coverage.

А Ербасот е толку популарен, што имаше вест пред некој ден, како во Русија еден Ербас слетал бидејќи напукнал некој прозор. Ако не известуваат за сите ситници од проблеми кои ги доживуваат авионите ширум светот, вестите ќе траат цел ден, а CNN ќе отвори CNN 1,2,3,4,5,6,7,8,n.

Прост народ... ајде сега нека извадат годините на жената поделено со два и ќе се добие бројот на ѓаволот. :tapp:
 
Италијанка која задоцнила на летот на „Ербасот“ на „Ер Франс“ кој се урна во Атлантскиот Океан вчера загина во сообраќајна несреќа, објави денеска „Алто адиџе“...

Весникот наведува дека италијанските сопружници, по потекло од Германија, Јохана и Курт Ганталер на 31 мај неколку минути на задоцниле летот Рио де Жаниеро - Париз, па неколку дена по трагедијата слетале во Минхен.

Брачниот пар одлучил од Минхен за Мерано, каде живееле, да патуваат со автомобил, но во близина на италијанскиот град Бренеро возилото се судрило со камион. Јохана загинала на лице место, додека нејзиниот сопруг е во тешка здравствена состојба.
Извор!!!

Што мислите вие дали тие луѓе се проколнати?



Си го гледал филмот финална дестинација...Ако мораш да умреш ќе умреш..
 
не бе...глупости се...на никого не му е пишано кога умира. Тоа се случило така не од што и било пишано туку несреќа.
 
Баш тоа и јас го помислив кога вчера ли кога беше ја прочитав веста за жената. Се нашла на погрешно место во погрешно време.
 
Не е случајно, ниту пак се проколнати или слично. Едноставно била таму, нејзина посапка, нејзин избор.
 
Морничаво. Не би сакал ни да помислам дека смртта навистина ги следи оние кои еднаш и побегнале. Сепак мислам дека е случајност, but you may never know
Темата е преместена во мистерии поради мистериозноста која ја разработува:)
 
А мислите дека оние кои не задоцниле на летот ќе имаат живот вечен?

Па сите умираме. Кој порано кој покасно.
 
Од Ербасов направија толкава фарса со вести протурање што не е нормално. Во Индија се судираат два воза, двоно мртви од авионот, еден ден, и толку. Во Израел самоубиец во автобус, еден ден, ајт создравје. Во Авганистан бомби фрлање секој ден, no coverage.

А Ербасот е толку популарен, што имаше вест пред некој ден, како во Русија еден Ербас слетал бидејќи напукнал некој прозор. Ако не известуваат за сите ситници од проблеми кои ги доживуваат авионите ширум светот, вестите ќе траат цел ден, а CNN ќе отвори CNN 1,2,3,4,5,6,7,8,n.

Прост народ... ајде сега нека извадат годините на жената поделено со два и ќе се добие бројот на ѓаволот. :tapp:
Мал офтопик
Ти текиња на почетокот на годината кога таканаречената Зумбула го раскасапи својот син и го акна во печка? На вести го дрвеа како Breaking news едно добри 10тина дена. И нормално после тоа кој кого исплукал (дали плави, дали црвени)“ за да на крај водителот рече: "In other news... Голема финанскиска криза се заканува на светот.“ така да... сосема се сложувам со ова.
 
Нема ништо пишано сами си пишуваме со сопствените одлуки :toe:.
 
Морничаво. Не би сакал ни да помислам дека смртта навистина ги следи оние кои еднаш и побегнале. Сепак мислам дека е случајност, but you may never know
Темата е преместена во мистерии поради мистериозноста која ја разработува:)
И споена со темата која ги обработува коинциденциите.
 
mislam deka koincidencii ima da po nekoja slucjanost se slucuvaat nekoi raboti a za zenata od erbasot mislam deka nemozen da i pobegnes na smrta koga treba da umres ke se sluci toa bez razlika kade si dali vo vozduh na zemja ili vo voda....:mist::pop::pop:
 
сварно, не знам што е работава со коинциденциите, не знам зашто ги има и што е целта, ама останувам запрепастена зашто во последно време се почесто ми се случуваат.

пред два дена, нешто си ја раскревав собата и се сетив на едни пријатели на моите, што често се гледаат. ама сега беа отидени во белгија, и не знаев кога ќе се вратат, требаше да бидат таму цело лето. и си помислив, како им е, што прават, колку им е супер и се... и добро си продужив со работа. за 10 минути се симнувам доле, и гледам некоја кола се паркира. кога излегуваат - тие двајца! не ми се веруваше! мислам, не е којзнае што, ама со оглед на тоа дека скоро никогаш не помислувам на нив, и требаше да бидат цело лето, баш тогаш се вратија. чудно..

вчера вечерта, бевме собрани кај мене во двор игравме карти. цела партија губев, и кога ја игравме финалната партија, мајсторка, не се ни понадевав дека ќе победам. и кога, од круг во круг ми доаѓаат картите, ми се наредија, и ми фалеше само 5ка срце. и пред да фрли играчот пред мене, си замислувам ајде нека биде 5ка срце, 5ка срце, 5ка срце. затворив очи и во себе си повторувам. ама си викам нема шанса кај од толку карти баш 5ка срце да се падне. ама сакам. и кога фрла, 5ка срце. не само што победив, (од цела игра бев последна), туку на крај испаднав прва! и од чиста љубопитност ај си викам да видам што ќе сум извлечела ако не ја земев 5ката од доле, и погодете - 5ка срце!

не знам што е работава, не знам како да си го објаснам ова, ама многу е чудно и језиво, мислам да не ми се случеле мене тие работи ќе сум мислела дека е чиста коинциденција, ама кога ќе помислам, може сварно има нешто. само не знам што е поентата пошо не е нешто значајно ова што ми се случи, ама сепак не знам што беше целта. и порано ми се имаат случувано овие работи ама сега се сетив на овие два примери пошо ми се случија во последниве два дена.
 
Пред некој ден читав многу интересни работи

1. Шансите да ве удри гром се премногу мали. А замислете да ве удри 7 пати!? Тоа му се случило на еден човек по име Рој Саливан. 1942- додека бил на туристичко разгледување го удрил гром во ногата и така го загубил ноктот на палецот, 1969- возел со камион на планински пат и повторно го удрил гром, овојпат паднал во несвест, а веѓите му биле изгорени, 1970-бил во дворот и повторно го удрил гром, му го изгорел рамото, 1972- Овојпат косата му се запалила, а после ова човекот почнал со себе да си носи балон со вода, 1973- гром го погодил во глава, го исфрлил од автомобил и му ја запалил косата, 1974- бил на кампување, го удрил гром и го повредил зглобот, 1977-додека бил на риболов, и на крај завршил во болница заради изгореници на градите и стомакот

2. Во 1991 год. Кристина Вернони(19) погинала на необезбеден железнички премин во гратче во северна Италија, 4 години подоцна нејзиниот татко возејќи за на работа погинал на истиот премин. Истиот машиновозач ги прегазил и двајцата... Исфрлена е можноста за самоубиство

3.Во 1975 год. додека се возел со мопед некаде на Бермудите некој човек го удрило такси и погинал. Една година подоцна брат му на човекот загинал со истото моторче го удрило истото такси, ист возач и истиот патник бил во таксито...

4. На 15 октомври 1952 год. Роберт Петерсон тргнал да се качи на воз кој сообраќал од Феникс до Лос Анџелес, меѓутоа кондуктерот му рекол дека Роберт Петерсон е веќе влезен во возот. После брзо проверување виделе дека има двајца кои се викале Роберт Петерсон, кои имале слична висина, тежина и физиономија. На пат за Лос Анџелес возот застанал во местото Барстоу и се качил трет патник кој се викал Роберт Петерсон а личел на првите двајца. Тројцата на крајот слегле и секој си заминал по својот пат, кога на возот се качувале новите патници кондуктерот не можел да си поверува на очите. Четврт патник со име Роберт Петерсон се качил на возот

5. Март 1952 год. роден е стрип јунакот Денис-напаст и тоа ДВА ПАТИ! Само во размак од 3 дена Хенк Кечам(САД) и Дејвид Лоу(Велика Британија) смислиле свои стрипови чии главен јунак го носи истото име. Тие не се ни познавале меѓу себе а кога дознале за се решиле да продолжат со пишување и да не се мешаат во работата еден на друг. Интересно е тоа што двајцата Дениси носеле пругаста облека.

6. Додека бил на патување од работа кон крајот на 1950 година господинот Џорџ Брајсон застанал и се пријавил во хотелот Браон во Луизвил(Кентаки). Потоа свратил до пошта да види дали има нешто стигнато на негово име. Стигнало едно писмо, му го врачиле писмото адресирано до Џорџ Д. Брајсон соба 307. Тоа и не било така чудно, но писмото било наменето за претходниот човек кој престојувал во таа соба и се викал Џорџ Д. Брајсон.

7. Во 1805 година Емил Дешам го честел својот сосед со пудинг од сливи. Десет години подоцна Дешам наишол на пудинг од сливи на менито на еден ресторан и порачал порција. Но конобарот му рекол дека последната порција штотуку ја послужиле на друг муштерија кој се испоставил дека е соседот на Дешам. Подозна во 1832 год. Дешам бил на вечера и уште еднаш нарачал пудинг од сливи и кога се сетил на случувањата им рекол на пријателите -Недостига само мојот сосед за доживувањето да биде потполно исто. Погодете кој влегол во просторијата? Соседот на Дешам

8. Во 1900 година италијанскиот крал Умберто отишол во некое ресторанче да вечера со генералот. Кога газдата на ресторанот дошол кралот забележал голема сличност меѓу него и себе. Почнале да зборуваат за сличностите кога откриле дека двајцата се родени во ист ден(14 март 1844) во ист град, и на двајцата сопругите им се викале Маргарита и дека локалот е отворен ист ден кога Умберто бил крунисан за крал. На 29 јули 1900 година кралот Умберто дознал дека газдата на ресторанот погинал во мистериозно пукање и дал сочувство на семејството на човекот. А потоа некој час подоцна и кралот го убиле анархистите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom