RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Тешка утка при дефиниција на гордоста мислам дека ништо не е погодено ова може е дефиниција за нешто друго за гордост не е сигурно.Знам бидејќи си патам од гордоста цел живот.Гордоста не значи повеќе имање отколку немање,гордоста е непокорување до тој степен што и кога ја виткате кичмата за само еден степен надолу ве боли како да умирате.А да се разбереме природно е да морате да се виткате,таков е животот.Гордоста е повеќе немање отколку имање - немање отвореност, немање љубов за другиот, немање потреба од другиот, немање простор во себе за другиот (како кога го почитуваме своето време повеќе отколку времето на другиот), и многу други немања.
Кои се симптомите на гордоста за вас ?
А ова со љубовта е пак комплетна утка.Горделивиот реагира на активностите насочени кон него,не е дека не љуби,само некогаш работите ги толкува многу поразлично од останатите и наоѓа замерки.Тоа ви е одбранбен механизам,внимавај да не ми стапнеш на срцето ,те предупредувам однапред.Преку таквото дејствување надворешната манифестација на незадоволство може и да исплаши некого.Ми рекле дека некогаш се однесувам чудно,ама јас тоа не можам да го сменам.Тој код веќе постои во мене.
Имам јас простор во срцето за целиот свет ,можам да љубам многу посилно од негорделивиот но затоа пак многу побрзо скокам на нозе да се бранам дури и при најмала закана.Од таму е онаа забелешка дека се однесувам понекогаш чудно(првиот совршен нека го фрли каменот).
Гордоста има две страни на паричката,може да ве направи поголем човек во моменти кога не треба да се попушта,но и да ви сруши можности зашто не можете да излезете на крај со себе.Треба сами себе да се победите.