Кога сте нервозни кој Ви е крив?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сум нервозна многу кратко ми трае нервозата, максимум половина час ми траела досега и за тоа време крива сум си самата на себеси. Си се пцујам себеси, си ги велам веќе клише фразите од типот на „што ми требаше сега ова“, „што ме тераше пиратот да го направам ова“, „да можам да го вратам времето сега“ и слични фрази.
Ретко се нервирам, имам големо трпение, но кога ќе ми пукне филмот, подобро никој да не е околу мене затоа што кажувам работи какви што треба и какви што не треба.
 
Мора некој да е виновен барем за мене,јас никогаш не сум нервозен сам од себе,секогаш ќе се најде некој специјалец со коефициент на интелегенција како температура во Сибир да ме изнервира со неговото знаење и искуство...
 
Кога сум нервозна ми е крив цел свет околу мене.
Во тој момент ми доаѓа да искршам се и да побегнам од сите.
 
уф...сите ми се криви...
 
Кога сум нервозен... хммм. Ја наоѓам кривицата во се и сешто. Тогаш сум најголемиот филозоф. Светот ми е крив.
 
кога сум угејман мониторот највише го јаде:pos2: а обично сите ми се криви кој поише кој помалце
 
Е кога сум нервозна се терам у 10 лепе п.м.:devil2: и тешко на оние што се околу мене... до душа најмногу си го добива оној што ме изнервирал, ама мора да ме трпат и оние другите...не трае долго само 5 минути отприлика, ама многу зависи и колку и за што ме изнервирале...може да трае и мноооогу подолго.:smir:
 
Не сум таков чоек што нервозата ја исфрла на други луге околу него...Јас нервозата ја чувам во мене и кога ке го видам тој што ме има изнервирано му се ставам одма во АКЦИЈА:violent1::devil2:
 
Кога сум нервозна онака од ништо, само период, тогаш сите ми се криви. Постојано се дерам, се карам и се ама буквално се ме нервира. Најчесто во тие моменти седам и молчам, но се нешто ме нервира се додека не ми дојде преку глава ( а тогаш во такви моменти многу лесно се ми доаѓа преку глава) и почнувам да викам и да се карам. Некогаш може и за ништо да фатам да се дерам на некој и така.

Но, ако сум нервозна поради некој кој предизвикал да сум нервозна тогаш тој ми е крив и седам мирна и се карам само со тој ако ми пререче, останатите ги оставам на мир.:smir:
 
Не се нервирам многу често за све и сешто.Али кога сум нервозен све ми смета сите ме нервираат(бар така мислам) и иам навика да кршам све пред себе ма и од страна :pos:
 
Koga sum nervozen kriv mi e toj sto me napravil nervozen.... I samo nego mozam da go uteram u P.M.
 
најчесто се нервирам пред копмјутер а крив ми е windowsot ( или некој вирус у него :toe: )
ретко некоја личност да ме изнервира ама пробувам да останам смирен...
 
Па најчесто истурам на тој што ми е крив. А најчесто не зборувам, не одоварам на ниедно прашање и зборувам се' негативно...

П.С ама за среќа лутината и нервозата брзо ми минат... :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom