Kога соновите стануваат реалност?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Има многу мисли и многу реченици кажани на оваа тема.

Една од нив вели: Сонот е денешен одговор на вчерашното прашање.

Знаете, убаво е сонот да станува реалност, но има и лоши сонови. Копнеењето и тежнеењето за остварување на сонот, може да значи и реализација на лошите сонови.

Како е кај вас?

Дали сонот станува реалност?

Дали живеете живот во кој сонот станува реалност? И што со негативните сонови?

Дали е можно комплетно исполнување на соновите? Јас мислам да! Или пак тоа е привремено заситување и исполнување на желбите и е ситуација која трае кратко?

Која е границата помеѓу амбицијата и сонот? Која е линијата помеѓу сонот и реалност?

Дали сонот значи комплетно забегување од нормалниот свет или пак истото е добро место за себе-исполнување на креативните луѓе кои знаат да мечтаат?

И на крајот, дали сонувате?
 
Ух често сонувам и тоа се се некој грди сонови се будам облеан во солзи и најчесто подоцна успавам да разберам што ми кажал сонот имав еден грд кој ми се оствари за два дена и се чуствував многу лошо ама тоа е незнам немам мира ни една ноќ од нив
 
Кога некој би ме прашал дали сакам соновите да ми станат реалност би рекол не. 80% од соновите ми се без врска, нешто како одам во продавница да купам леб и одеднаш гледам три мали кучиња кои си играат. Останатите се 10% лоши сонови такозвани кошмари
и 10% добри сонови оние во кои уживам додека ги сонувам и пцујам кога ќе се разбудам (овде спаѓаат и еротските).
 
Убаво е да се сонува,но само реалноста се цени во животот.
спротивно од сонот е реалноста.

Сонот со отворени оши е искрено посакување,и ако го целиш секојдневно-сигурно ке го оствариш(y)
 
Ако ми се остварат овие соништа што ги имам сега, не барам ништо повеќе од животот. (y) :icon_lol:
Инаку многу пати ми се има случено дежа-ву. Тоа го класифицирам исто така како интересна појава.
 
Не дај боже соновите да стануваат реалност.
 
Соновите ќе се исполнат кога ќе станете од кревет и ќе направите нешто околу тоа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom