pearl напиша:
Состојба на energy drain честопати се јавува поради недостаток на идеја, а не од немање сила во нас самите. Затоа запрашај се (не ти лично, туку генерално) што те прави среќен, што сакаш да постигнеш, каде сакаш да стигнеш, кој сон сакаш да го оствариш? Мора да се има цел што ќе не' влече напред, ќе мотивира, ќе ни' носи среќа и ќе се трудиме да ја освариме.
Во ред е сето ова што го напиша, се сложувам. Но, не излегува секогаш како што сакаме, без разлика колку и да се трудиме да се насочиме кон желбата за остварување и стигнување до целта. Секако дека совршено не може да биде се`, па може да се појави пречка која ќе ти ја притиска желбата да успееш во тоа што си почнал.
Не сум тип на човек кој се откажува од своите замисли, желби, стремежи, секогаш терам до крај и црпам сила од вистински мотив, но ми се случи и мене да се откажам, а мислев дека никогаш нема да потклекнам. Првичниот ентузијазам, борба за успех и истрајност си беа присутни, но нешто се појави што почна да ме гуши и да ми ја црпи силата, а упорно се трудев да се насочам и да сум сконцентрирана на својата цел и желба кои ме влечеа напред. Се откажав само поради себеси, исто како што тргнав поради себеси. Сметав дека е најправилно да се откажам, си реков - подобро да останам здрава, отколку да си носам последици цел живот. И ден денес понекогаш ми е криво затоа што бев приморана да се откажам, а бев најсреќна кога донесов одлука да ги вложам сите сили.
Како и да е, силата се црпи од желбата за успех, од мотивите кои се присутни како примарен извор на енергија, од потребата еден ден да бидеш задоволен од резултатите на своите постапки. И вербата во себе.
Потребно е само убаво да се размисли што е тоа што вистински го сакаш, за да не се најдеш исфрустриран.