Што да прави човек кога ќе го допре дното?
Дали има сонце после дождот,дали има убаво после толку лоши работи?
Дали некој ќе ми го врати мене времето кое го поминав во болка?
Во исто време .сакам и мразам,во исто време се тргам но и не се откажувам,немам надеж а имам желба.Толку емоции во исто време.Збунета,задушена.
Сакам да ми одговори некој кој имал искуство во ова.
Само мртов човек го допрел дното.. никој друг. И додека дојде тој момент, секогаш ќе има полошо и подобро, но никогаш дно.
После дождот ќе има сонце, после сонцето снег, па тропски горештини... Динамика без која животот би имал недостаток на волја за живеење.
Никој никогаш нема да ти го врати времето кои си го поминала во болка. Но тоа само по себе има рок на траење. Еден ден, ќе дојде друго време кое ќе ги исфрли лошите сеќавања и негативната енергија. Сегашноста ќе постане минато.. а ти ќе се осеќаш многу посилна и поискусна. Си научила од грешките.
Млада си, имаш доволно сила да се бориш низ животниот лавиринт, и сосем нормално е да не знаеш по кој пат да тргнеш. Но сепак, имаш време за експерименти, кое е најголемиот подарокт што младоста го пружи.
Значи, ако за тебе вреди, пробај измени нешто, пробај стапи во комуникација со него. Имај лимит, покажи дека цениш едно пријателство, но никако дека си зависна од врска. Тоа може да биде голема грешка.
Ако треба, "спушти се" две-три скали подолу, и пробај со друг пристап. Ако на било каков начин те посакува.. и тој ќе се спушти и ќе ги следи твоите чекори.
Не барај работите да се изменат преку ден, биди трпелива и имај разбирање дека сите ние имаме различни погледи кон реалноста.
Не ги анализирај само грешките кои биле наравени... присети се и на убавите моменти кои биле дел од вашето пријателство.
На крајот сепак сама ќе одлучиш.. Овде гледаш само букви, а во мислите ти се врти сосем друго..
Не чекај некој да те сожалува, и да ти "помогне" во постљубовната депресија... Има шанса да бидиш злоупотребена и да патиш.
Ако евентуално сакаш да свртиш нов лист, прави го тоа многу полека, без големи желби и очекувања.. и најбитно од се - без помисла дека кај некој друг ќе го пронајдиш тоа што не си го добила од бившиот.. Можеби ќе доживееш подобро или полошо... но никогаш ништо нема да биде исто.
Затоа не брзај со одлуките, љубовта понекогаш знае да изненади. Тркалото се врти...