Кога и најдоброто не е доволно

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Што кога за тоа што го работите се трудите максимално и на крај излегува дека е најдобро сработено од вас, а сепак за другите тоа не е доволно?
Ја земате во раце уште еднаш истата работа за да им удоволите уште повеќе или се откажувате и продолжувате понатаму сигурни во себе дека тоа е најдоброто од вас? Дали коментарите на другите (на кои поточно?) се пресудни во оцената за вашата работа или само вашите мислења?
А што за вас лично ако на крај испадне дека и најдоброто направено сепак не е доволно? Би се поправиле и усовршиле или би кренале раце од конкретната работа и би се фатиле веднаш за некоја друга?

п.с. Темава не се однесува само на работата како работа ... може да биде тоа и одговарање на училиште по некој предмет, исчистената ваша соба, вашиот труд околу одржување на едно другарство или врска итн итн итн ...:helou:
 
...

Дивајн напиша:

Во тој случај, размислувам, ако забележам дека има грешка, се поправам и се од почеток, но ако се е ок, тогаш тоа е тоа.:toe:

Пред се зависи од кој доаѓаат коментарите.Ако се од личност која знам дека е објективна, зошто да не, нема да биде пресудна, ама ќе се земе во обзир.Не се плашам од критики.:nenene:

Ако ми е важно тоа што го работам, ако треба и 100 пати ќе го преработам, но, бидејќи секогаш го работам само тоа што ме интересира, не преминувам на др. додека не го завршам првото!:nesum:
 
Дивајн напиша:
Што кога за тоа што го работите се трудите максимално и на крај излегува дека е најдобро сработено од вас, а сепак за другите тоа не е доволно?
Ако е најдоброто според мене, ако сум најзадоволна со резултатот од тоа што сум го направила, а за другите не е доволно, нека застанат да го направат подобро. Колку што сум можела сум внесла труд, без разлика за што се работи. Не можам моментално да се сетам на нешто конкретно, најверојатно одамна не се случило тоа.
Дивајн напиша:
Ја земате во раце уште еднаш истата работа за да им удоволите уште повеќе или се откажувате и продолжувате понатаму сигурни во себе дека тоа е најдоброто од вас? Дали коментарите на другите (на кои поточно?) се пресудни во оцената за вашата работа или само вашите мислења?
Зависи на кој начин ми е упатена критиката и од кого. Прво ќе се обидам да разгледам зошто нештото не чини, па ако заклучам дека имам пропуст ќе послушам и ќе се обидам повторно. Не би го направила тоа само за да удоволам на некој, туку ради себеси. Ако увидам дека сум искритикувана само колку да се рече, нема што да правам повеќе за докажување, ќе се потрудам да докажам дека сум во право.
Си оценувам прво сама, а потоа или барам мислење или оставам другите да критикуваат.
Дивајн напиша:
А што за вас лично ако на крај испадне дека и најдоброто направено сепак не е доволно? Би се поправиле и усовршиле или би кренале раце од конкретната работа и би се фатиле веднаш за некоја друга?
Дај ми пример.
Дивајн напиша:
п.с. Темава не се однесува само на работата како работа ... може да биде тоа и одговарање на училиште по некој предмет, исчистената ваша соба, вашиот труд околу одржување на едно другарство или врска итн итн итн ...:helou:
Како и да е, за било што да се работи секогаш вложувам најмногу што можам. Ако не му одговара на некој мојот пристап, мојот труд, начин на работа, способност за искажување или било што, може да си каже. Можам јас да си мислам дека се` е во ред, а всушност нешто да не штима. Затоа постои искреноста и критиката, па моето разбирање и поблиско согледување на конкретното.
 
Во се што правам се трудам најдобро да го извршам тоа што можам...
Е сега не сум секогаш задоволна од крајниот резултат,зашто знам дека можело да биде и подобро.
Но,дали од почeтoкот ќе ја почнам таа работа зависи од тоа колку сметам дека сум ја утнала работата...
А за тоа другите што ќе речат..хм...прифаќам добронамерна критика,значи зависи од кој ќе ја примам таа критика,ако е од некој кој знам дека само лошо ми мисли ја занемарувам,ама ако е од некој мноогу близок,тогаш го земам неговото мислење во обзир,се замислувам.
Но на крај јас сум таа која одлучува дали е супер или не.
 
Ако нешто сакам да го направам,го правам до крај и ја вложувам целата енергија околу тоа,за да го дадам најдоброто од себе.Како и да излезе на крај работата,знам дека сработеното ми е блиску до мах,и резултатите си ги прифаќам какви и да се.Ако таа моја работа наиде на критика од околината за начинот или постигнатата цел,тогаш се преиспитувам дали тоа сум можела и на друг начин да го завршам,за да ги постигнам и нивните замислени цели.Мојот труд е вложен максимално на мој начин и ако постои и друга алтернатива би пробала и на таа,но ако не постои друго решение,си стојам на мојот начин на работа и се гордеам со тоа што сум го направила.Критика прифаќам,но не ме вознемирува од било кого.
Ако најдоброто од мене сум го дала за да ја завршам работата или да ја зачувам врската/односот,а резултатот не ми оној што сум го очекувала,тогаш некои други фактори влијаеле на резултатот што не биле во моја контрола.Не се откажувам лесно,но ако и по неколку пати повторување на работата резултатот е ист,идам на друго нешто за промена.
 
Најчесто тргнувам од себе,јас сум самокритичен па ги барам причините кај себе зашто тоа не успеали,а после и кај другите...меѓутоа има луѓе кои иако го давате максимумот ти не ви веруваат,очекуваат уште и слично.Повторно ја сработувам работата уште неколку пати меѓутоа ако сватам дека се е џабе заради тврдоглавост,неуспех,хир и нешто слично кревам раце зашто сум сватил дека не вреди да се замарам а другите да гледаат до каде можам да одам или да фаќаат сеир
 
Ќе си ја средам работата по мој мерак,па ако тоа на некого не му се свиѓа,јебига!
 
Јас ќе реплицирам за мојот домен-училиштето.
Што кога за тоа што го работите се трудите максимално и на крај излегува дека е најдобро сработено од вас, а сепак за другите тоа не е доволно?
Секогаш се стремам со тоа што ќе го сработам(научам) да ги задоволам своите критериуми пред се,но и очекувањата на другите.Ако другите(во мојот случај-професорите) не се задоволни од мојот одговор-значи јас нешто грешам,пропуштам или не согледувам.Нормално-се обидувам на секој начин да го поправам тоа.
Ја земате во раце уште еднаш истата работа за да им удоволите уште повеќе или се откажувате и продолжувате понатаму сигурни во себе дека тоа е најдоброто од вас?
Продолжувам да се занимавам со проблемот,се додека не најдам соодветно решение.Има ситуации кога јас навистина сум го дала максимумот од себе,нема место за подобрување,но ете на професорот нешто му недостасува.Во тој случај-или професорот бара навистина нешто што е над границите на нормален ученик,или има некое недоразбирање.Раце не кревам во никој случај.Барем не додека и докажам на другата страна дека тоа е навистина најдобро што можам,и нема причина да се бара повеќе.
Дали коментарите на другите (на кои поточно?) се пресудни во оцената за вашата работа или само вашите мислења?
Ако сакам да сум најдобра во нешто,нормално дека треба да ги слушнам и туѓите размислувања за сработеното.Критики или пофалби,без разлика.Сепак,тоа се личности чие мислење го почитувам и знам дека ми пожелуваат успех.Останатите коментари од Х-лица не ги земам во предвид.
 
Скулгрл напиша:
Продолжувам да се занимавам со проблемот,се додека не најдам соодветно решение.Има ситуации кога јас навистина сум го дала максимумот од себе,нема место за подобрување,но ете на професорот нешто му недостасува.Во тој случај-или професорот бара навистина нешто што е над границите на нормален ученик,или има некое недоразбирање.Раце не кревам во никој случај.Барем не додека и докажам на другата страна дека тоа е навистина најдобро што можам,и нема причина да се бара повеќе.

На пример има професор на факултет кој вика:
Господ знае за 10-ка,јас за 9-ка,асистентот за 8-ца.На вас останува да се изборите да положите,најдобрите со 7-ца!
 
BusHav напиша:
На пример има професор на факултет кој вика:
Господ знае за 10-ка,јас за 9-ка,асистентот за 8-ца.На вас останува да се изборите да положите,најдобрите со 7-ца!
Сакал да ти каже :bip: ,:pos2: има и кај мене такви...
 
Ако јас сметам дека то шо сум го направила е доволно добро, не ги земам во предвид туѓите мислења или критики, ако знаат тие подобро тие нека го направат (убо си рече Форчн) Е сеа ако се работи за школото нормално дека ако на професорот сметат дека недоволно сум научила ќе се потрудам да научам подобро следниот пат за да ја добијам оцената шо ја сакам. Во принцип никогаш не се откажувам од намерата, то шо го намислувам го правам до крај, го давам најдоброто од себе и никогаш не се откажвам.
Е сеа за последното прашање: Секогаш сметам дека можам и подобро, пак нема да се откажам и пак ќе се потрудам и најдоброто да биде уште подобро.
bk.gif
:devojce:
 
Se trudam da go dadam najdobroto od mene. Ako sum sigurna deka se sum super napravila,ako sum zadovolna od mojata rabota togas ne mi e gajle sto za toa mislat drugite. Ako svatam deka vsusnost greskata e vo mene i deka ne sum napravila kako sto treba se trudam da go popravam toa.
 
Кога давам максимум од себе во било што ( а тоа не е толку често )...не останува незабележано.
Каков и да е исходот, личната сатисфакција е многу поголема и поважна од „мислењето на другите„ а тоа се учи со тек на време :)...зашто сигурниот пат кон личен неуспех е да се трудиш на сите да им удоволиш:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom