nenadbt не знам што фирма ти е и од која дејност. бев сметководител во 4 фирми во исто време,па според тоа што таму го гледав:
1. почни со некоја плата со која вработениот нема да биде разочаран,но и да не биде претерано "награден". ако во твојата гранка просечна е 15 000ден, јас на почетник би му дал околу 12 000
2.зависи колку тоа "добро" работи. просечна сигурно, а ако за брзо време се покажал како вработен кој си ја сака работата и сака да учи уште повеќе, би му дал и повеќе од просек (примерот горе со 15 000денари, на таков би му дал 17-18 000)
3.ако си од тие фирми што цела обука и преквалификација,доквалификација ја покриваат целосно на своја сметка....договор за обука,со можност за вработување и услов мин 5 години да остане на работа по успешно спроведена обука (во меѓувреме ќе се следи како работи и ако оди напред како вработен уште поголема плата,бонуси и слично - вака нема шанса да ти избега)
4.смени му го работното место. нека биде нешто слично на тоа што досега го работел, ама не исто. пак ќе ти кажам, не знам која е дејноста...можеш на постоечката работа да му додадеш нешто плус, но да не го оптовари тоа многу...да му намалиш нешто од веќе постоечките обврски, да биде порелаксиран...да му смениш некои од задачите со други, слични или целосно различни, но да не е екстремна промената....
Ова го гледав, дури и јас го правев...и успешно беше на 70 вработени
Фирмата е за производство на мебел.
1, ок
2,ок
3,не знам и не ми е познато дали е дозволено законски да има договор за обука.Јас си ги примам и обуката и одма платата е на мој трошок.
4,Не е можна промена на работното место бидеки самата работа е комплексна а и фирмата е мала.
Благодарам.